Advertise with Googlier.com BabinLEK https://babinlek.com Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes Thu, 26 Mar 2020 16:25:34 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.8.11 Жан Митрев: Подобро носете шал, отколку заштитна маска ВИДЕО https://babinlek.com/zhan-mitrev-podobro-nosete-shal-otkolku-zashtitna-maska-video/ https://babinlek.com/zhan-mitrev-podobro-nosete-shal-otkolku-zashtitna-maska-video/#respond Thu, 26 Mar 2020 16:24:39 +0000 http://babinlek.com/?p=13144

Академик доктор Жан Митрев преку видео обраќање дава неколку препораки за тоа како луѓето да се заштитат од опасниот коронавирус. Според него, многу подобро е ако луѓето замотаат топол шал околу лицето, отколку да носат хируршки маски врз устата и врз носот. Тој исто така додава дека редовната инхалација може значително да помогне во спречувањето ...
(Visited 7,256 times, 1 visits today)
]]>

Академик доктор Жан Митрев преку видео обраќање дава неколку препораки за тоа како луѓето да се заштитат од опасниот коронавирус. Според него, многу подобро е ако луѓето замотаат топол шал околу лицето, отколку да носат хируршки маски врз устата и врз носот. Тој исто така додава дека редовната инхалација може значително да помогне во спречувањето на ширењето на Ковид-19.

(Visited 7,256 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/zhan-mitrev-podobro-nosete-shal-otkolku-zashtitna-maska-video/feed/ 0
Заштитна маска од хартија – направете сами за 2 мин https://babinlek.com/zashtitna-maska-od-harti%d1%98a-napravete-sami-za-2-min/ https://babinlek.com/zashtitna-maska-od-harti%d1%98a-napravete-sami-za-2-min/#comments Sat, 21 Mar 2020 10:38:06 +0000 http://babinlek.com/?p=13141

(Visited 2,015 times, 1 visits today)
]]>

(Visited 2,015 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/zashtitna-maska-od-harti%d1%98a-napravete-sami-za-2-min/feed/ 1
Заштитни маски од стари мајци ВИДЕО https://babinlek.com/zashtitni-maski-od-stari-ma%d1%98czi-video/ https://babinlek.com/zashtitni-maski-od-stari-ma%d1%98czi-video/#respond Sat, 21 Mar 2020 09:33:53 +0000 http://babinlek.com/?p=13138

(Visited 2,831 times, 1 visits today)
]]>

(Visited 2,831 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/zashtitni-maski-od-stari-ma%d1%98czi-video/feed/ 0
Ова се МЕРКИТЕ на Влада за Корона вирусот ! https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/ https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/#respond Tue, 10 Mar 2020 21:10:49 +0000 http://babinlek.com/?p=13135

Да се прекине воспитно-образовниот процес во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 дена, на територијата на цела држава, а од работа да се ослободат вработените во училиштата. За еден родител на дете до 10 години да се дозволи отстуство 14 дена. Се прекинува наставата на факултетите во цела држава и во научни институти ...
(Visited 652 times, 1 visits today)
]]>

Да се прекине воспитно-образовниот процес во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 дена, на територијата на цела држава, а од работа да се ослободат вработените во училиштата.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

За еден родител на дете до 10 години да се дозволи отстуство 14 дена.

Се прекинува наставата на факултетите во цела држава и во научни институти

Се забрануваат масовни собири со над 1.000 учесници во наредните 14 дена, а се препорачува и да се откажат и да не се организираат настаните со учесници под илјада лица.

Се забрануваат спортски натпревари со публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на лица кои доаѓаат од ризични држави.

Се забранува извоз на медицинска опрема и средства и материјали, а во врска со тоа што може да биде потребно за третман на заболени

Се препорачува возрасни и ризични групи да избегнуваат јавен превоз.

Се препорачува да не се патува во ризичните земји.

ДИК да ги ослободи од процесот на подготовка за изборите за вработените од јавноздравствени установи.

Се воведува хелт локатор за сите летови.

Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз кон високо ризични земји.

Се зајакнува присуството на волонтерите од Црвен крст на сите премини.

Препорака до сите органи на државната управа и приватните компании за времен прекин на работа на бремени и хронично болни.

Владините институции ги прекинуваат сите организирани настани, конференции и патувања.

Од Владата исто така, повторно апелираат да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот.

(Visited 652 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/feed/ 0
Што му прави коронавирусот на телото – орган по орган https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/ https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/#respond Tue, 25 Feb 2020 14:55:09 +0000 http://babinlek.com/?p=13130

Многу нешта не се познати за коронавирусот, но со сигурност се знае колку може да биде разорен за човечкиот организам. По тоа е сличен со други вируси што се пренесуваат од животни на човек, како што се САРС и МЕРС. Моменталната стапка на смртност од коронавирусот е за една петтина помала од онаа на САРС, ...
(Visited 2,485 times, 1 visits today)
]]>

Многу нешта не се познати за коронавирусот, но со сигурност се знае колку може да биде разорен за човечкиот организам. По тоа е сличен со други вируси што се пренесуваат од животни на човек, како што се САРС и МЕРС. Моменталната стапка на смртност од коронавирусот е за една петтина помала од онаа на САРС, но се шири побрзо од него. Коронавирусот толку многу личи на САРС генетички што го нарекуваат и негов наследник.

Не може со сигурност да се каже кои размери може да ги достигне заразата ако се рашири, но водечкиот епидемиолог Габриел Леунг од Хонгконг неодамна предупреди дека дури 60 отсто од светската популација може да се заразат ако не се заузда ширењето на вирусот. Според извештајот за клиничките детали за првите 72.314 пациенти кај кои бил дијагностициран вирусот, изработен од страна на кинескиот Центар за контрола и превенција на заразните болести, 2,3 отсто од пациентите починале по заразувањето со коронавирусот, што значи дека моментално е 23 пати пофатален од сезонскиот грип. Тешката здравствена состојба и смртноста не одминуваат ниедна старосна група, освен децата помали од 9 години.

Што, всушност, му се случува на човековото тело при борбата со коронавирусот? Да погледнеме од орган до орган.

Белите дробови: нулта точка

Во повеќето случаи болеста почнува и завршува во белите дробови бидејќи како и грипот, коронавирусите се респираторни болести. Заразата се пренесува со искашлување или кивање на заразени лица. Симптомите на почетокот се слични на грип: пациентот чувствува треска и кашла. Состојбата потоа може да се влоши и да дојде до пневмонија или полошо.

Болеста настанува така што коронавирусот многу брзо ги напаѓа клетките на белите дробови. Има два вида такви клетки: оние што создаваат слуз и оние што имаат влакненца со чија помош ги чистат дишните патишта. Слузта ги штити белите дробови од патогени и оневозможува сушење на белите дробови, додека клетките со влакненца отстрануваат отпад како полен или вируси. Како и САРС, така и коронавирусот се претпоставува дека ги напаѓа токму тие клетки, со што отпадот и честичките влегуваат во белите дробови.

Поради присуството на вирусниот непоканет гостин, нашиот имунолошки систем се активира и настанува воспаление кое обично е локализирано на едно подрачје. Сепак, може да дојде до прејак одговор на организмите на вирусната инфекција, па нашиот имунолошки систем да почне да уништува сè пред себе, па дури и здравото ткиво.

Со тоа влегуваме во последната фаза. Продолжува разорувањето на белите дробови, кое може да има смртоносен исход. Ако пациентот преживее, можни се трајни оштетувања. На пример, многу преживеани пациенти што боледувале од САРС добиле лузни на белите дробови слични на пчелично саќе, а тоа е забележано и кај оние што заболеле од коронавирусот. Во оваа фаза пациентите дишат со помош на апарати.

Оштетувањата, односно дупчињата на белите дробови веројатно настануваат поради прејака реакција на нашиот имунолошки систем, при што се создаваат лузни и белите дробови стануваат покрути.

Поради воспалувањето, мембраните меѓу алвеолите и крвните садови стануваат попропустливи и белите дробови може да се наполнат со течност. При тешки воспаленија белите дробови се полнат со течност, па пациентот не може да дише и често доаѓа до смрт.

Желудник: влез во организмот

Некои заболени имаат дијареја и болки во стомакот, но сè уште нема податоци за тоа дали гастроинтестиналните симптоми се застапени во случај на оваа зараза. Ако се прашувате каква врска има болеста на дишните патишта со желудникот и цревата, одговорот лежи во природата на секој вирус да се врзе со протеините што човекот ги внесува во организмот. Така, за вирусите, желудникот е сигурен начин за влез во човековото тело.

Не се знае дали може коронавирусот, како што е случај со САРС и МЕРС, да продре во дебелото и тенкото црево и да предизвика обилна дијареја. Според податоците од две неодамнешни студии, коронавирусот е детектиран и во примероци на столица на заразени и е нужно испитувањето дали заразата може да се пренесе и по тој пат.

Крвоток: хаос

По веќе споменатиот прејак одговор на имунолошкиот систем на инфекцијата, и другите системи во човековото тело може да бидат погодени од коронавирусот. Во ретки случаи пациенти претрпеле срцев удар, како и акутно оштетување на бубрезите. Ангела Расмусен, виролог од Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк, смета дека во случај на зараза со коронавирусот во крвотокот се случува таканаречена „цитокинска бура“.

Цитокините се протеини кои го предупредуваат имунолошкиот систем на местото на кое се јавува инфекција за да се уништи заразеното ткиво и да се спаси остатокот од организмот. Проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува прејак одговор на имунолошкиот систем, кој потоа освен заразените клетки го напаѓа и здравото ткиво.

Всушност, доаѓа до внатрешно крвавење, како што објаснува Расмусен. Во некои од најтешките случаи повеќе органи престануваат со работа по цитокинот и намалениот капацитет на внесување кислород во телото. Научниците сакаат да откријат во каква врска се хроничните болести, како срцевите проблеми или дијабетесот, со компликациите што ги предизвикува вирусот.

Црниот дроб: колатерална штета

Вирусите што се пренесуваат од животни на човек, што е случај со коронавирусот, неретко го погаѓаат и црниот дроб. Црниот дроб произведува ензим кој ги забрзува хемиските процеси во нашето тело. Во здравиот организам клетките на црниот дроб непрестајно изумираат и ослободуваат ензими во крвотокот.

Проблемот настанува кога ензимите ќе го преплават крвотокот, што е зачестено кај пациентите заболени од САРС и МЕРС. Научниците не се сосема сигурни како вирусите на дишните органи се однесуваат во црниот дроб. Постои веројатност да го заразат директно или да дојде до сериозно воспаление по одговор на имунолошкиот систем на заразата.

Престанокот на работата на црниот дроб во случај на вирусот САРС не бил причина за смрт на ниеден пациент. Почесто се случувало пациентот да боледува од системска инфекција и освен со црниот дроб, да има проблеми и со белите дробови и бубрезите.

Бубрези: Сè е поврзано

Неодамнешни студии покажаа дека коронавирусот може да предизвика оштетување и на бубрезите. Иако е реткo, станува збор за смртоносна последица. Токму како и црниот дроб, нашите бубрези имаат задача да ја прочистуваат крвта. Тубулите што се наоѓаат во нив се подложни на воспаленија, додека крвта се филтрира низ бубрезите, клетките на каналчињата може да го заробат вирусот, што доведува до минливо или полесно оштетување. Ако вирусот ги пробие клетките и почне да се размножува, оштетувањето на каналчињата станува опасно за живот.

Цитокинската бура, која веќе ја споменавме, исто така може да предизвика престанок на работата на бубрезите. Важно е да се напомене дека не постојат докази дека вирусите како САРС, а со самото тоа и коронавирусот, можат да се размножуваат во бубрезите.

Престанокот на работата на бубрезите некогаш може да биде предизвикан од антибиотици, умирање на други органи, па дури и ако пациентот предолго е на апарати за дишење.

Бременоста и коронавирусот

Неодамна лекари од Вухан известија за две новороденчиња за кои со тестирање било утврдено дека се заразени со вирусот. Едно од нив се заразило по само 30 часа од раѓањето. Сепак, не постојат докази дека станува збор за пренесување на заразата од мајка на дете. Постојат различни начини на кои детето може да се зарази, како што е породување во болница полна со инфицирани пациенти, смета Расмусен.

Дополнително, резултатите од неодамнешна студија нудат прелиминарни докази кои одат во прилог на тоа дека коронавирусот не може да се пренесува од мајка на дете. Експертите надгледувале девет жени од Вухан што имале воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот. Иако некои од нив имале компликации при породувањето, не постојат докази дека некое дете се родило заразено.

Иако студијата не ја исклучува можноста за пренесување на заразата од мајка на дете во утробата, во неа се наведува дека е нужно да се избегне ширење на непоткрепени претпоставки за дејствувањето на коронавирусот.

Извори: Index, National Geographic

(Visited 2,485 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/feed/ 0
Бабин лек од Кантарион – за Гастритис, рани и изгореници, депресија …. https://babinlek.com/babin-lek-od-kantarion-za-gastritis-rani-i-izgorenitsi-depresija/ https://babinlek.com/babin-lek-od-kantarion-za-gastritis-rani-i-izgorenitsi-depresija/#respond Thu, 09 May 2019 12:21:06 +0000 http://babinlek.com/?p=13116

Ова магично растение расте во висина од 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус, и богато е со железо, етерично масло, смола, каротин и витамин Ц. Кантарионот (Hipericum perforatum L.) е повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје. Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, ...
(Visited 7,722 times, 1 visits today)
]]>

Ова магично растение расте во висина од 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус, и богато е со железо, етерично масло, смола, каротин и витамин Ц.

Кантарионот (Hipericum perforatum L.) е повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје.

KANTARION

Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди.

Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).

При внатрешна употреба, кантарионот делува на слузокожата на желудникот и помага во секрецијата на желудочниот сок и го олеснува варењето на храната.Тој исто така помага при стомачни грчеви, надуеност, хемороиди, ги ублажува болките при гастритис и помага при санирањето на чирот на желудникот и дванаесетпалачното црево. Оваа билка се користи и за третман на заболувања на респираторниот тракт како што се бронхитис, хронична кашлица, продуктивна кашлица, астма, бубрежни заболувања и воспаленија на мочниот меур, за подобрување на функцијата на црниот дроб и жолчката и сл.Оваа медицинска билка е позната по своите антибактериски, антивирални, антипаразитни, антивоспалителни и аналгетски дејства.

Масло за рани и изгореници

Четири лажици цветови од кантарион, ставете во тегла да стојат еден ден, да овенат малку. Потоа прелијте ги со еден литар маслиново масло, затворете ја теглата и оставете да стои шест недели. Со маслото премачкајте ги раните, осипот, изгорениците, хемороидите.

Вино за подобро варење

40 гр. цветови од кантарион се прелива со еден литар квалитетно бело вино и се остава да стои во топло место еден месец. Потоа исцедете го и пијте две чаши на ден пред јадење.

Чај за депресија

Измешајте еднаква количина на исушени цветови од кантарион и ајдучка трева,прелијте со 2 дл. врела вода и оставете го чајот да стои 10 минути. Пијте три пати на ден.

Чај за гастритис

Во 2 дл. врела вода ставете една лажичка исушени цветови од кантарион, покријте и оставете да стои 10-15 минути. Потоа исцедете и пијте три пати на ден, после јадење.

Масло од кантарион за рани и изгореници

Четири големи лажици цветови од кантерион ставете ги во тегла, и оставете два дена за цветовите да свенат. Потоа прелијте ги со едно литро маслиново масло и оставете да отстои 6 недели. Со ова масло можете да третирате рани, изгореници, па дури и хемороиди.

Кантарион и вино за подобро варење

Четириесет грама кантерион прелијте со еден литар бело вино. Оставете да отстои 30 дена на топло. По отстојувањето процедете и пијте по две мали чаши три пати дневно пред јадење.

Кантарион и ајдучка трева против депресија

Помешајте еднаква количина кантерион и ајдучка трева, прелијте со 200мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Овој чај пијте го три пати дневно.

(Visited 7,722 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/babin-lek-od-kantarion-za-gastritis-rani-i-izgorenitsi-depresija/feed/ 0
Бојата на јазикот говори за вашето здравје – Црвен, жолт или шарен? https://babinlek.com/bojata-na-jazikot-govori-za-vasheto-zdravje-tsrven-zholt-ili-sharen/ https://babinlek.com/bojata-na-jazikot-govori-za-vasheto-zdravje-tsrven-zholt-ili-sharen/#respond Thu, 09 May 2019 12:15:26 +0000 http://babinlek.com/?p=13114

Ако вашиот јазик има црвена боја (промената ќе биде суптилна, но сепак воочлива), тоа може да биде знак за недостаток од витамин Б12. Недостаток од тој витамин може да предизвика невролошки проблеми како и деменција при старост. Б12 е исклучително важен витамин и затоа зголемете го внесот на намирници кои го содржат овој витамин како ...
(Visited 9,121 times, 1 visits today)
]]>

jazik

Црвен јазик

Ако вашиот јазик има црвена боја (промената ќе биде суптилна, но сепак воочлива), тоа може да биде знак за недостаток од витамин Б12. Недостаток од тој витамин може да предизвика невролошки проблеми како и деменција при старост. Б12 е исклучително важен витамин и затоа зголемете го внесот на намирници кои го содржат овој витамин како на пример црвеното месо и млечните производи.

Бел јазик

Освен она традиционалното сваќање дека белиот јазик се јавува како симптом при проблеми со грлото, тој исто така може да значи и присуство на гливици. Гливиците пак се јавуваат после проблеми од намален имунитет, но и како последица од лоша хигена на устата. Исто така белиот јазик може да биде и знак за витилиго (кожно заболување).

Жолт јазик

Ова не се случува често, но јазикот понекогаш знае да пожолти. Тоа може да настане од некоја храна, но и од недоволна хигена. Истотака и гливична инфекција може да предизвика жолта боја, а жолтилото може да се појави и од воздригнување.

Целосно син јазик

Ваква боја на јазикот знае да се јави кај лица кои пијат многу кафе и кои многу пушат. Не е некој сериозен проблем, но на долг рок би можело да се јават одредени проблеми. Обидете се темелно да го исчистите јазикот, затоа што после такво чистење проблемот би требало да изчезне. Ако тоа не е случај, консултирајте се со доктор.

Шарен јазик

Кога велиме шарен, мислиме на комбинација од бел, црвен, син, жолт. Најчесто се јавува последица од настинка, грип и користење на антибиотици. Може да сигнализира и проблем со забите. Ако „шаренилото“ потрае, обратете се кај својот матичен доктор.

(Visited 9,121 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/bojata-na-jazikot-govori-za-vasheto-zdravje-tsrven-zholt-ili-sharen/feed/ 0
Оревот го намалуват холестеролот подобро од која таблета https://babinlek.com/orevot-go-namaluvat-holesterolot-podobro-od-koja-tableta/ https://babinlek.com/orevot-go-namaluvat-holesterolot-podobro-od-koja-tableta/#comments Thu, 09 May 2019 12:12:18 +0000 http://babinlek.com/?p=13112

Може ли консумирањето на ореви да биде клуч за здраво срце? Новото истражување покажува дека тоа овозможува моментална заштита од срцеви болести. Редовното земање би овозможило и трајна заштита. Научниците забележало значително подобрување на нивото на холестеролот и флексибилност на крвните садови што овозможува добар проток на крвта само 4 часа откако луѓето консумирале ореви ...
(Visited 11,589 times, 1 visits today)
]]>

Може ли консумирањето на ореви да биде клуч за здраво срце? Новото истражување покажува дека тоа овозможува моментална заштита од срцеви болести. Редовното земање би овозможило и трајна заштита.

orah_1365449258Научниците забележало значително подобрување на нивото на холестеролот и флексибилност на крвните садови што овозможува добар проток на крвта само 4 часа откако луѓето консумирале ореви или ореово масло. Истражувањето покажува дека редовното консумирање долгорочно ги штитело од кардиоваскуларни болести.

Оваа студија прва идентификуваше кој дел од оревот овозможува најголема здравствена корист. И само една консумација на три лажици ореово масло ја поправа состојбата со крвните садови веќе после 4 часа. Маслото од орев се покажа како добро за зачувување на функцијата на ендотелијалните ќелии. Станува збор за ќелии кои ги обложуваат крвните садови и играат важна улога во нивната флексибилност. Оревите содржат омега 3 масни киселини,растителни стероли и витамин Е а сето наведено го намалува холестеролот и ги штити крвните садови.

(Visited 11,589 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/orevot-go-namaluvat-holesterolot-podobro-od-koja-tableta/feed/ 2
Лек за вкочанетост на врат или кичма,за болка во коските од настинка https://babinlek.com/lek-za-vkochanetost-na-vrat-ili-kichma-za-bolka-vo-koskite-od-nastinka/ https://babinlek.com/lek-za-vkochanetost-na-vrat-ili-kichma-za-bolka-vo-koskite-od-nastinka/#respond Thu, 09 May 2019 12:11:08 +0000 http://babinlek.com/?p=13110

За опуштање на мускулатурата,за вкочанетост на врат или кичма,за болка во коските од настинка 1 литар.медицински алкохол (90 % мислам дека е),2 табли аналгин,(андол или аспирин) и едно кутивче од 5 гр.ментол кристали. Сето ова го има во аптеките на Зегин и чини помалку од 200 ден.Се толчат апчињата,се ставаат во алкохолот,па се додаваат ментол ...
(Visited 3,702 times, 1 visits today)
]]>

Rear view of a young man holding his neck in pain, isolated on w

За опуштање на мускулатурата,за вкочанетост на врат или кичма,за болка во коските од настинка

1 литар.медицински алкохол (90 % мислам дека е),2 табли аналгин,(андол или аспирин) и едно кутивче од 5 гр.ментол кристали.

Сето ова го има во аптеките на Зегин и чини помалку од 200 ден.Се толчат апчињата,се ставаат во алкохолот,па се додаваат ментол кристалите.

Нека постои 24 часа и може да се користи.Внимание:Се нанесува на телото,не се ПИЕ!!!

Елена Јоксимовска

(Visited 3,702 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/lek-za-vkochanetost-na-vrat-ili-kichma-za-bolka-vo-koskite-od-nastinka/feed/ 0
Намалува болки, грчевите во бубрег – Лековитоста на пченкарната свила – стар „бабин“ лек https://babinlek.com/namaluva-bolki-grchevite-vo-bubreg-lekovitosta-na-pchenkarnata-svila-star-babin-lek/ https://babinlek.com/namaluva-bolki-grchevite-vo-bubreg-lekovitosta-na-pchenkarnata-svila-star-babin-lek/#respond Thu, 09 May 2019 12:09:29 +0000 http://babinlek.com/?p=13108

Пченкарната свила многу долго се користи како природен лек, треба да се исече пред опрашувањето. Потоа се суши во сенка на умерена температура. Лековите е само онаа свила во време кога пченката е млада (млечна). Зрелата, сува и темна пченкара свила не содржи никакви лековити својства. Внимавајте да користите здрава пченка, бидејкји пченка која е ...
(Visited 6,432 times, 1 visits today)
]]>

Пченкарната свила многу долго се користи како природен лек, треба да се исече пред опрашувањето. Потоа се суши во сенка на умерена температура. Лековите е само онаа свила во време кога пченката е млада (млечна). Зрелата, сува и темна пченкара свила не содржи никакви лековити својства. Внимавајте да користите здрава пченка, бидејкји пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи.

pcenicna-svila

Пченкарната свила во себе содржи етерично масло, смола, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Како делува пченкарната свила?

Чај од пченкарната свила , еден од нај јаките природни диуретици.  За 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мокрача и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите е проблем.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.Чајот од пченкарна свила ги намалува болките и грчевите во бубрегот, во голема мера ги намалува ревматските тегоби, гихт,  болки во зглобови. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот –асцит и целодробната обвивка –плеврит).

Приготвување

  • една лажица добро исушена пченкарна свила (доколку е непотполно исушена се губи дејството) се прелива со шоља врела (но не превриена) вода, се остава неколку минути и се процедува.

Се зема по една супена лажица топол и незасладен чај на секои 2-3 часа.

Доколку имате изразени тегоби, чајот може да го пиете и во поголеми количини – потребни ви се 25 грама пченкарна свила и еден литар вода за припрема на чај, кој потоа може да го пиете кога ќе ожеднете, наместо вода.

(Visited 6,432 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/namaluva-bolki-grchevite-vo-bubreg-lekovitosta-na-pchenkarnata-svila-star-babin-lek/feed/ 0