Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.
Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.
За кого важи системот?
EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа:
Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем.
Земји каде ќе се применува EES
Системот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.Кои се целите на воведувањето?
Со EES, Европската Унија има за цел:
Како ќе функционира системот?
При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.
При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.
Период на транзиција
Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.
Заштита на личните податоци
Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.
Апел до граѓаните
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења.
]]>„Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководство на генералниот секретар на НАТО. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, порача Шекеринска.
На функцијата ја назначи првиот човек на НАТО, Марк Руте, а веста беше објавена на официјалниот сајт на Алијансата.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа искрено верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, објави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Честитки до Шекеринска упатија и нејзините сопартијци. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека таа е вистинскиот избор за втор човек на НАТО и дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.
„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност“, напиша Венко Филипче, претседател на СДСМ, на Фејсбук.
Поранешниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека нејзиното назначување е голема одговорност, но и успех и признание за неа, како и потврда за улогата која земјава ја има во Алијансата. Екс министерот и пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски напиша дека новата функција на Шекеринска е значајна победа и со тоа се потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура.
Новата функција Шекеринска ќе почне да ја извршува до крајот на годинава и ќе го замени вршителот на должноста заменик-генералниот секретар на НАТО, Борис Руге.
]]>Патот до добивање германски пасош сега е поедноставен. Новиот закон за државјанство во Германија се применува од денеска, 27 јуни 2024 година. Многумина од дванаесетте милиони странци во Германија сега може да аплицираат за германски пасош.
По пет години легален престој во Германија, странците можат да аплицираат за германско државјанство. Со „посебни постигнувања за интеграција“, тоа е можно дури и по три години. Имено, секој што може да покаже јазични вештини на високо ниво (Ц1, т.е. да може течно да се изразува), волонтерски ангажман или особено добри резултати на училиште или на работа, може побрзо да добие германски пасош. Досега, странците можеа да аплицираат за државјанство најрано после осум години.
Сојузната влада составена од Социјалдемократи, Зелени и Либерали, се надева дека ќе го зголеми бројот на лица кои добиле германско државјанство и на тој начин ќе создаде стимулации за побрза интеграција. Стапката на натурализација на Германија досега беше ниска во споредба со ЕУ, но неодамна се зголеми. Опозицијата од делумно десноекстремната Алтернатива за Германија (АфД) и конзервативната Унија (ЦДУ/ЦСУ) стравува дека германскиот пасош сега може да стане „евтина стока“.
Повеќе на линк
]]>Еден од најгласните застапници за правата на Ромите во Европскиот парламент досега беше Интергрупата за антирасизам и различности (АРДИ), чии цели се промовирање на расната еднаквост и информирање за проблемите со кои се соочуваат малцинствата. Без претставници на Ромите во ова тело, постои стравување од потенцијално поместување на приоритетите, како и намалување на сфаќањето на вистинските предизвици со кои се соочува ромската заедница.
Вклучувањето на претставниците на Ромите во процесот на одлучување би овозможил посеопфатно разбирање за потребите на заедницата, која има тешка историја низ целиот европски континент. Припадниците на ромската заедница се соочуваат со дискриминација низ цела Европа – 68 отсто од Ромите предвремено го напуштаат образовниот систем, а 80 проценти од нив живеат под прагот на сиромаштија.
Ваквите предизвици се вкоренети во стотиците години систематски предрасуди и социјална исклученост, кои продолжуваат да се одржуваат дури и до денес.
Една од земјите со процентуално најголема застапеност на Ромите во ЕУ е Романија. Според официјалните статистичките податоци 2,99 проценти од жителите на Романија се Роми, но според ромските организации реалната стапка на припадници на ромската заедница во земјата надминува осум отсто од вкупното население. Но, меѓу кандидатите за европратеници од Романија немаше ниту еден Ром, што е уште еден доказ за маргинализација на ромската заедница во земјата.
За споредба, унгарското малцинство кое сочинува 5,25 отсто од населението, освои два од вкупно 33-цата романски европратеници.
Отсуството на ромски кандидати за европратеници може да се припише на предизвиците со кои се соочуваат Ромите во политичкото мобилизирање, како поради систематското угнетување кое го одржува циклусот на сиромаштија во заедницата, така и поради бројните стереотипи кои ги спречуваат гласачите да се одлучат за ромските партии.
]]>Штом Вашиот иден работодавач ја добие првичната согласност од Сојузната агенција за вработување, Вие може да договорите термин и да поднесете барање за виза истовремено приложувајќи ја првичната согласност. На овој начин, лотаријата отпаѓа, а Вие ќе добиете термин кај ВизаМетрик за само неколку недели. Последната лотарија се одржа во мај за термини во месец јуни 2024.
Термините според новата постапката ќе бидат достапни во првата половина на месец јуни.
]]>Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
]]>Работниците и активистите во азиските престолнини и европските градови излегоа на улиците во средата за да го одбележат Први мај со протести поради зголемените трошоци за живот и, како што истакнаа „лошите“ владини политики. Сите бараат поголеми работнички права.
Првомајските настани им дадоа на многумина можност да изразат општи економски поплаки или свои политички барања.
Полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад Таксим, пркосејќи на владината забрана за прослава на Денот на трудот на овој плоштад.
Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган донесе одлука со која на плоштадот Таксим се забранети собири и демонстрации од безбедносни причини, но некои политички партии и синдикати ветија дека ќе маршираат на плоштадот, кој има симболична вредност за работничките синдикати.
Во 1977 година, неидентификувани вооружени лица отворија оган на прославата на Први мај во Таксим, предизвикувајќи стампедо и убивајќи 34 луѓе.
Во средата, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа исто така беше ограничен. Само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година.
Интервентната полиција уапсила 30-тина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обиделе да ги пробијат бариерите, пишува АП.
Во Индонезија работниците изразија гнев поради новиот закон за кој рекоа дека ги крши нивните права и им штети на благосостојбата и побараа заштита за работниците мигранти во странство и зголемување на минималната плата.
Околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси се очекува да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.
Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е од корист за бизнисите. Законот требаше да ја намали бирократијата како дел од напорите на претседателот Јоко Видодо да привлече повеќе инвестиции во земјата.
]]>47 годишниот Навални беше веројатно најжестокиот критичар на Путин а неговите подржувачи најавуваа дека ќе извадат докази дека тој во арктичкиот затвор не починал од природна смрт како што гласеше официјалната верзија туку бил ликвидиран по наредба на Путин.
Кремљ негираше каква било вмешаност на државата. Минатиот месец Путин смртта на Навални ја нарече „тажна“ и наведе дека неговото постоење воопшто не му пречело за што сведочела и неговата подготвеноста да го предаде во операција на размена на затвореници, под услов Навални да не се враќа во Русија.
Амриканските разузнувачи денес признаваат дека смртта на Навални најверојатно не води кон Путин.
Американската проценка се заснова на низа информации, вклучително и одредени доверливи разузнавачки информации и анализа на јавно достапни податоци, вклучувајќи го и тајмингот на смртта на Навални и фактот дека таа го засени реизборот на Путин во март.
]]>Батериите на електричните автомобили и станиците за полнење ЕВ исто така зависат од бакар, што го зголемува проблемот со недоволната активност во постоечките рудници или развојот на нови за да се задоволат индустриските потреби.
КОИ ФАКТОРИ СЕ ОДЛУЧУВАЧКИ ЗА ЦЕНАТА НА БАКАРОТ
Додека многу мејнстрим прогнози зависат од солидно економско закрепнување за да се задржи побарувачката за бакар, инфлацијата е тука да остане, особено затоа што ФЕД најверојатно ќе биде принудена да ги намали каматните стапки во одреден момент оваа година. Дури и со само едно намалување на стапката во 2024 година, наместо трите што пазарите првично ги очекуваа, на пат се повисоки цени во американски долари за бакар и други стоки како златото. Неконтролираната инфлација ќе ги зголеми цените, дури и ако меурот на вештачката интелигенција се исцеди или ако видиме други знаци на економско „тешко приземјување“.
Чиле, кој има најмногу резерви на бакар, се бори со зголемените трошоци и старите рудници. Кина е најголемиот светски потрошувач и производител, така што економската криза што го попречува производството таму би ги зголемила и цените. Во меѓувреме, веќе планираните намалувања на производството во Кина обезбедуваат дополнителен нагорен притисок. Во комбинација со нивната доминација во производството и преработката на ретки земји, приврзаниците на зелената технологија се во паника дека режимот може да стави вдлабнатина во метеорскиот пораст на вештачката интелигенција, како и во „зелената енергетска револуција“ на Западот. Но, без разлика дали поради континуиран бум на вештачката интелигенција или намалување на производството, цената на бакарот ќе се зголеми.
Во меѓувреме, за да ги избегне тарифите и санкциите наметнати по руската инвазија на Украина, Кина увезува руски бакар преправен како отпад, заматувајќи ги водите на глобалното снабдување и го намалува влијанието на западниот и американскиот долар. Ова конкретно откритие настана како резултат на неусогласеност меѓу кинеските и руските царински податоци, при што Кина пријави зголемување во форма на хокејски стап во трговијата со отпад меѓу двете земји што не е потврдено со руските извештаи:
Како што расте бакарот, така се зголемува и кражбата на бакар, додавајќи дополнителен дестабилизирачки елемент во функционирањето на основната инфраструктура и пошироката економија. Со оглед на тоа што понудата е веќе намалена, зголемената привлечност на ова ниско висечко овошје за ситните крадци (и бескрупулозните инсајдери кај производителите на бакар) само ќе го влоши проблемот.
Додека некои сè уште веруваат дека сегашниот пораст на бакар најмногу се должи на чисти шпекулации, мнозинството аналитичари сега го гледаат пишувањето на ѕидот со понудата и побарувачката на бакар.
Цените на бакарот неодамна беа поткрепени со очекувањата за стеснети залихи и оптимизмот за изгледите за побарувачка од апликациите за енергетска транзиција, како што се електричните возила и новата технологија, како што се вештачката интелигенција и автоматизацијата.
Зголемувањето на производствената активност, особено во најголемата потрошувачка Кина, каде што истражувањата на менаџерите за набавки почнаа да покажуваат експанзија, исто така придонесе за ентузијазмот за бакар кој оваа недела го достигна врвот од две години на 9.988 долари за тон за добивка од 25% од почетокот на октомври.
Цените се забрзаа повисоко минатата година, откако изгледите за недостиг на бакар концентрат, суровина за метал, беа зголемени со затворањето на канадскиот рудник First Quantum’s Cobre во Панама.
„Сеопфатната реалност е дека изгубивме милион тони снабдување поради прекините на рудникот и индустрискиот циклус се сврте во аголот“, рече Пјотр Ортоновски, аналитичар во Benchmark Mineral Intelligence.
Добивките на бакар делумно беа поттикнати од промената на кратките – облози за пониски цени – позиции преземени кога изгледите за кинеската побарувачка изгледаа дефинитивно мрачни поради намалувањето на производната активност.
„Цените се зголемија навистина брзо во последните неколку недели, треба да очекуваме корекција“, рече трговец со бакар.
Намалувањето на каматните стапки во САД, Европа и на други места, исто така, нуди потенцијал за раст и побарувачка.
Извори од бакарната индустрија велат дека тесните залихи наскоро ќе се видат при извлекувањата на залихите во складишта одобрени од LME и оние што ги надгледува Шангајската фјучерс берза.
Џеј Тејтум, менаџер на портфолио во Valent Asset Management, рече дека недостигот на бакар метал ќе биде вистински тест за тоа дали цените на бакарот може да се одржат „и да одат повисоко“.
]]>Според листата на сообраќајни казни во Германија, секој кој ќе биде фатен за овој прекршок ќе биде казнет со 80 евра.
Соодветната забрана важи и ако возилото е на приватен имот и моторот работи – тогаш стапува на сила Државниот закон за контрола на емисиите, кој исто така го спречува непотребното работење на моторот.
]]>