Advertise with Googlier.com 24info.mk https://24info.mk/ Најнови вести од Македонија и светот Mon, 26 Oct 2026 10:24:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/logo_alt_red512-150x150.png 24info.mk https://24info.mk/ 32 32 Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за изборите, ѝ посака успех на Студентската листа https://24info.mk/muczunski-im-chestitashe-na-graganite-na-srbija-za-izborite-%d1%9d-posaka-uspeh-na-studentskata-lista/ Mon, 26 Oct 2026 10:24:11 +0000 https://24info.mk/?p=156053 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат.

-Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните – напиша министерот на социјалната мрежа „Х“.

Министерот во објавата додава дека Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина во ЕУ и просперитетот на целиот регион. 

]]>
Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел https://24info.mk/tramp-ja-povtori-svojata-poddrshka-za-netanjahu-pred-izborite-vo-izrael/ Mon, 26 Oct 2026 10:12:41 +0000 https://24info.mk/?p=156034 Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати уште едно писмо со поддршка до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори во Израел.

„До народот на Израел, а особено до оние кои се уште не го виделе тоа, ја приложувам поддршката што му ја испратив на вашиот премиер, Биби Нетанјаху, пред една недела. Како што сите знаат, вклучително и непријателот, Биби и јас имавме одлична соработка и заедно извојувавме низа победи“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.

Како пример, Трамп го наведе нападот во Венецуела, велејќи дека тоа е една од најуспешните воени операции во историјата.

]]>
Да се искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата, апелираат агрометеоролозите https://24info.mk/da-se-iskoristat-denovite-bez-vrnezhi-za-finalizirane-na-seidbata-apeliraat-agrometeorolozite/ Mon, 26 Oct 2026 09:54:57 +0000 https://24info.mk/?p=156049 Земјоделците максимално да ги искористат деновите без врнежи за финализирање на сеидбата и засадувањето на отворено. Успешното презимување на културите директно ќе зависи од паметното менаџирање со преостанатата топлина и влага во почвата, велат агрометеоролозите од УХМР.

Воедно предупредуваат дека во овој период, примарниот фокус треба да биде ставен на превентивна есенска заштита – дезинфекција за намалување на инфективниот потенцијал, зашто, како што објаснуваат, поради високата релативна влажност на воздухот се создаваат услови за развој и презимување на фитопатогени организми.

-Крајот на октомври носи големи промени во земјоделството. Ова е клучен преоден период во кој се финализираат есенските активности и се реализира сеидбениот план за некои озимни култури, за успешно да се адаптираат пред зимските ниски температури. Успешното презимување директно ќе зависи од правилно соодветните сеидбени норми и паметното искористување на преостанатата топлина и влага во почвата. Сеидбата кај јачменот, ‘ржта и пченицата е при крај, со цел наведените култури да формираат стабилен и моќен коренов систем пред појавата на првите силни мразови. Во градинарството се садат култури кои се отпорни на студ. Се расадува есенска зелена салата (во фаза од 3–4 листа) и директно се сеат спанаќ, рукола. При крајот на месецот се сеат морков, магдонос, нагласуваат агрометеоролозите.

Во овоштарството, додаваат, овој период нуди идеални агроеколошки услови (одлична температура и влажност на почвата) за засадување нови насади со јаболка, круши, сливи и зрнестото овошје – бобинки, со што се осигурува квалитетно вкоренување на садниците пред настапувањето на зимскиот период на мирување. 

]]>
За три дена евидентирани 2720 сообраќајни прекршоци https://24info.mk/za-tri-dena-evidentirani-2720-soobrakajni-prekrshoczi/ Mon, 26 Oct 2026 09:46:46 +0000 https://24info.mk/?p=156045 Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место.

Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

]]>
Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево https://24info.mk/unishteni-470-kilogrami-kebapi-pleskaviczi-i-vnatreshni-organi-pronajdeni-vo-neregistrirana-komora-vo-opshtina-vasilevo/ Mon, 26 Oct 2026 09:35:23 +0000 https://24info.mk/?p=156040 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство.

При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронајдоа и запленија 400 килограми замрзнати подготовки од месо, плескавици и ќебапи, како и 70 килограми внатрешни органи. Целокупната запленета количина подготовки од месо и внатрешни органи нештетно се уништени на депонија, согласно пропишаните законски процедури.

Поради констатираните неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни поради работа на нерегистриран објект и неозначување на производите.

Овој случај е уште една потврда за значењето на редовните и вонредните инспекциски контроли, со кои АХВ врши надзор врз работењето на операторите со храна, почитувањето на законските обврски и исполнувањето на условите за безбедност на храната што се произведува, складира и става во промет.

Во периодот од јануари до август 2026 година, инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 74.838 инспекциски надзори. Контролите опфаќаат различни сегменти од синџирот на храна на домашниот пазар и увозот, со цел навремено откривање и отстранување на неправилностите и спречување на пласманот на небезбедна храна на пазарот. Во овој период уништени се 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување редовни и вонредни инспекциски контроли на целата територија на државава. Приоритет остануваат заштитата на здравјето на граѓаните, спречувањето на пласманот на небезбедна храна, почитувањето на законските прописи и заштитата на правата на потрошувачите.

]]>
Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари https://24info.mk/gerasimovski-vetuvaneto-e-ispolneto-finansiskata-pomosh-za-penzionerite-vo-czentar-zgolemena-od-2-500-na-5-000-denari/ Mon, 26 Oct 2026 09:21:39 +0000 https://24info.mk/?p=156036 Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.

„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци”, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари.

За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат.

Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар

]]>
„ИАЕ“: Малку е веројатно идната година енергетските пазари да се вратат на предвоеното ниво https://24info.mk/iae-malku-e-verojatno-idnata-godina-energetskite-pazari-da-se-vratat-na-predvoenoto-nivo/ Mon, 26 Oct 2026 09:12:28 +0000 https://24info.mk/?p=156023 Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, денеска изјави дека не очекува енергетските пазари во 2027 година да се вратат на состојбата пред почетокот на американско-израелската војна против Иран, што започна кон крајот на февруари.

„Не гледам веродостоен начин како енергетските пазари следната година би се вратиле на нивото на кое беа пред почетокот на оваа војна“, рече Бирол на конференцијата „Меѓународна недела на енергијата“ што се одржува во Сингапур.

Според него, енергетската безбедност мора да стане приоритет број еден и за владите и за деловниот сектор, а сите субјекти треба да бидат подготвени за економските и логистичките предизвици што ги носи актуелната криза.

]]>
Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ https://24info.mk/prirodonauchniot-muzej-na-makedonija-odbelezhuva-100-godini-postoene-so-svechena-akademija-vo-mnt/ Mon, 26 Oct 2026 09:01:02 +0000 https://24info.mk/?p=156030 Со свечена академија во Македонскиот народен театар, Природонаучниот музеј на Македонија денеска одбележува 100 години од своето постоење, јубилеј што го потврдува неговото значење како една од најстарите и најзначајни научни и музејски институции во земјата.

По повод стогодишнината ќе бидат доделени плакети на соработници, институции и компании кои дале значаен придонес во развојот на Музејот и во афирмацијата на природното наследство.

Со фонд од околу 400.000 музејски примероци, Природонаучниот музеј чува вредни сведоштва за геолошкото минато, растителниот и животинскиот свет и биолошката разновидност на земјава.

Основан во 1926 година, Музејот низ изминатиот век создаде и развиваше богати збирки од областа на геологијата, палеонтологијата, ботаниката, зоологијата и ентомологијата, зад кои стои работата на генерации научници, кустоси, препаратори и истражувачи.

Покрај научната и истражувачката дејност, значајно место во неговата работа има и едукацијата, преку која на младите им се доближуваат природните науки и се поттикнува свеста за заштита на природата и природните ресурси.

Стогодишниот јубилеј, според Министерството за култура и туризам, претставува и можност за натамошен развој и осовременување на институцијата. Годинава на Музејот му е доделен делегиран буџет со цел да се унапреди неговото функционирање и богатите збирки и научни сознанија да бидат претставени на подостапен и посовремен начин.

]]>
Уапсени над 50 лица во Грција за даночни измами преку познат синџир пекарници https://24info.mk/uapseni-nad-50-licza-vo-grczija-za-danochni-izmami-preku-poznat-sindhir-pekarniczi/ Mon, 26 Oct 2026 08:44:06 +0000 https://24info.mk/?p=156032 Во акција на грчката полиција во познат синџир пекарници во Грција досега уапсени се 59 лица, меѓу кои и сопственикот, под сомнеж за сторени даночни измами, а според медиумите, штетата нанесена на државата се проценува и до 100 милиони евра, јави дописничката на МИА.

Полициската акција што започна вчера е во тек и опфаќа над 200 продавници, а обвиненијата се однесуваат на измама на штета на државата, даночно затајување, неплаќање на ДДВ и неплаќање придонеси за социјално осигурување.

Истрагата опфаќа и други компании за кои постои сомнеж дека истиот сопственик ги поседувал директно или скриено, а работеле преку трети лица.

Сопственикот на пекарниците „Хориатико“, според грчките медиуми има криминално досие, а во 2008 година беше уапсен за трговија со луѓе и жени од Источна Европа, кои нелегално ги носел во Грција да работат во стриптиз клубови, а „перењето“ на овие активности се вршело преку синџирот пекари, за што неколку години подоцна беше осуден на десет години затвор.

Ова е втор случај во Грција што се однесува на даночни измами во период од само неколку дена, откако претходно беше разбиена криминална организација во рамките на познат синџир пицерии за даночно затајување и перење пари, а уапсени беа 23 лица.

]]>
ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните https://24info.mk/ldp-kupete-gorivo-pred-da-poskapi-vecher-nesposobniczite-od-vladata-da-izlezat-od-foteljite-i-da-im-pomognat-na-graganite/ Mon, 26 Oct 2026 08:32:13 +0000 https://24info.mk/?p=156027 Соопштение на ЛДП:

Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота!

Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо!

И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност.

]]>