Гоцевски сведочи дека во еден од најкритичните моменти од тогашниот воен врв биле упатувани директни закани кон македонското раководство.
„Пред осамостојувањето ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и рекоа дека на Скопје ќе му одржат лекција да ја памти 100 години“, раскажува Гоцевски за 4ТВ.
Според него, ваквите закани доаѓале во исклучително чувствителен период, додека Македонија се обидувала по мирен пат да ги преземе институциите, објектите и граничните точки и да го заокружи сопствениот суверенитет.
Една од најдраматичните битки, според сведоштвото на Гоцевски, се водела за скопскиот аеродром.
Во март 1992 година, за време на неговото примопредавање, постоела опасност при повлекувањето да биде демонтирана клучната опрема неопходна за функционирањето на аеродромот.
Особено критичен бил радарот „Томсон“. Според Гоцевски, неговото демонтирање практично ќе значело дека авиони нема да можат нормално да слетуваат во Скопје.
За младата држава тоа можело да има огромни последици. Македонија во тој период се наоѓала во исклучително сложено регионално опкружување, а губењето на функционалниот воздушен коридор дополнително ќе ја загрозело комуникацијата на државниот врв, стопанството и граѓаните со светот.
Откако станало јасно дека постои опасност аеродромот да биде онеспособен, следувала итна координација кај претседателот Киро Глигоров.
Одлуката била цврста – Македонија нема да дозволи скопскиот аеродром да биде оставен нефункционален.
Гоцевски добил задача лично да замине во Командата на Третата воена област и да ја пренесе пораката до генералот Милутин Узелац.
„Треба да им ставиме до знаење дека доколку се онеспособи аеродромот за функционирање, ние нема тоа да го дозволиме – и со сила ако треба“, се присетува Гоцевски на пораката што требало да ја пренесе до воениот врв на ЈНА.
Тој раскажува дека пристигнувањето во командата се одвивало под строги воени процедури. Личните предмети биле одземани, а комуникацијата се одвивала преку контролирани воени врски.
Во таква атмосфера, македонската страна требало да покаже дека нема да отстапи од барањето стратегиската опрема да остане и аеродромот да продолжи да функционира.
Сведоштвото на Гоцевски открива колку чувствителни биле последните месеци од присуството на ЈНА во Македонија и колку сериозни биле предизвиците при преземањето на клучната инфраструктура на новата независна држава.
Зад мирното осамостојување, според неговото сведоштво, се водела тешка политичка и безбедносна битка во која само една погрешна одлука можела да предизвика далекусежни последици за Македонија.
]]>Акцијата била спроведена под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а во неа учествувале полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Според првичните сознанија на Обвинителството, парите наводно биле побарани како поткуп.
Сомнежите се дека функционерот требало да го употреби своето реално влијание во две постапки што се воделе пред Царинската управа и наводно да помогне во нивното решавање.
При акцијата кај помошник-директорот биле пронајдени обележани 17.500 евра, по што тој бил приведен.
Од Обвинителството најавија дека повеќе детали за случајот, околностите под кои биле побарани парите, како и за понатамошната постапка, ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
]]>Според Гоцевски, уште на почетокот на 1987 година Глигоров предупредувал дека состојбите во Белград стануваат сериозни и дека Македонија треба да размислува за она што може да следува.
„Горе не оди како што треба“, се присетува Гоцевски на зборовите на Глигоров.
Според неговото сведоштво, Глигоров му посочил дека ќе бидат потребни луѓе и подготовка доколку дојде до распад на Југославија. За Гоцевски, тоа било првпат од висок политички функционер директно да слушне размислување за можноста Македонија да мора да тргне по сопствен пат.
Но разговорите се одвивале во чувствителен период. Гоцевски раскажува дека генералот Михајло Апостолски го предупредувал Глигоров да биде внимателен поради југословенските безбедносни структури.
„Службите сè уште функционираат“, се присетува Гоцевски на предупредувањето упатено до Глигоров.
Според него, овие разговори биле дел од поширок процес во кој македонски интелектуалци, политичари, професори, дипломати и воени лица почнале да размислуваат за клучното прашање – што ќе се случи со Македонија доколку Југославија се распадне и како земјата треба да се подготви за такво сценарио.
Овие размислувања особено се интензивирале во 1990 и 1991 година, кога преку неформални средби се барале одговори за политичката, економската, дипломатската и безбедносната иднина на Македонија.
Гоцевски за 4ТВ открива детали за средбите на она што подоцна било познато како „Форум за Македонија“.
Според неговите белешки, на нив учествувале повеќе истакнати личности од тогашниот политички, научен и општествен живот, меѓу кои Киро Глигоров, Блаже Ристевски, Стојан Андов, Јордан Поп-Јорданов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Никола Кљусев, Цветан Грозданов, Денко Малески, Владо Поповски, Крсте Црвенковски, генерал Тошо Танасовски и други.
Темите што се отворале биле суштински за иднината на земјата. Се разговарало за можните модели за разрешување на југословенската криза, односите меѓу идните суверени држави, поделбата на југословенското наследство, финансискиот и монетарниот систем, меѓународната и соседската политика и односите со македонската дијаспора.
На маса биле и прашањата за лобирање за меѓународно признавање, безбедноста и одбраната, дипломатијата, формирањето македонска армија, обезбедувањето на северната граница, како и статусот на Македонската православна црква.
Практично, според сведоштвото на Гоцевски, уште пред формалното осамостојување се размислувало за дел од најголемите предизвици со кои би се соочила една независна македонска држава.
Особено значаен е неговиот податок дека од овие средби не се воделе официјални записници. Причината, според Гоцевски, била чувствителноста на моментот – Југославија сè уште постоела, а нејзините државни и безбедносни структури продолжувале да функционираат.
„Сè уште беше тука и сојузната државна администрација, преку Државната безбедност, преку армијата…“, сведочи Гоцевски.
Токму поради тоа, вели тој, разговорите морале да се водат внимателно и во тесен круг.
Сведоштвото на првиот министер за одбрана фрла дополнително светло врз периодот пред прогласувањето на независноста и покажува дека подготовките и размислувањата за можниот самостоен пат на Македонија започнале години пред референдумот од 8 септември 1991 година.
]]>„На Борис Трајковски му извршија атентат“, изјави Гоцевски за 4ТВ.
Тој смета дека околностите околу загинувањето на Трајковски треба да се разгледуваат и во поширок контекст на политичките и безбедносните случувања низ кои Македонија минуваше во периодот околу кризите во 1999 и 2001 година.
Според Гоцевски, постојат повеќе прашања и околности кои и повеќе од две децении подоцна заслужуваат дополнително внимание и расчистување од надлежните институции.
Тој посочи и на прашањата поврзани со истрагата за падот на авионот со кој патуваше македонскиот претседател, наведувајќи дека во случајот биле вклучени странски навигатори и офицери, но дека нивната понатамошна улога, според него, не била доволно разјаснета.
„Има многу работи што останаа и ние како држава не успеавме да се наметнеме да се расчистат, битно и за нивните семејства, битно и за нас како држава“, изјави Гоцевски.
Тој смета дека Македонија има и други случаи на загинати лица и нерасчистени настани кои не добиле доволно институционално внимание.
Во тој контекст, Гоцевски се осврна и на историските случаи на политичко насилство и атентати врз македонски дејци во периодот меѓу двете светски војни. Според него, за дел од тие настани постојат истражувања и објавени материјали во Бугарија кои треба посериозно да бидат предмет на интерес и на македонските институции.
„Мислам дека три и пол децении се добар период“, рече Гоцевски, повикувајќи државата посериозно да пристапи кон расчистување и истражување на ваквите случаи.
Борис Трајковски загина на 26 февруари 2004 година при пад на владиниот авион во близина на Мостар, заедно со членовите на делегацијата и екипажот. Тврдењето на Гоцевски дека станувало збор за атентат е негов став и не претставува официјално утврден заклучок за причините за трагедијата.
]]>Јакимовски е ослободен, со што завршува случајот кој во изминатиот период предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за објекти во сопственост и функција на Општина Карпош.
Иронијата на целиот случај е уште поголема ако се земе предвид дека токму бараките за кои Јакимовски се соочуваше со кривична одговорност денес се адаптирани и се користат за згрижување на деца од градинка.
Објектите во меѓувреме добија конкретна јавна намена и станаа решение за сместување на дечињата додека траат активностите поврзани со подобрување и проширување на капацитетите за предучилишно образование во Карпош.
Од почетокот на постапката Јакимовски тврдеше дека во случајот нема личен интерес, ниту прибавена материјална корист, туку дека постапувал во интерес на Општината и нејзините жители.
Со неговото ослободување се затвора едно поглавје кое долго време беше предмет на политички и правни полемики.
На крајот останува фактот дека бараките се таму, дека служат за потребите на граѓаните и дека денес во нив престојуваат деца – токму она за што општинските објекти и треба да служат: за јавен интерес.
]]>Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Врховниот суд на седница одржана на 9 септември 2026 година, постапувајќи по предметот КВП КОК2-18/26.
Според објавената одлука, Врховниот суд го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител, адвокатот Виктор Цветковски од Куманово.
Со одлуката се укинати пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15 мај 2026 година.
Предметот е вратен пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, што значи дека случајот повторно ќе се разгледува во судска постапка.
Одлуката на Врховниот суд е донесена на 9 септември, а информацијата е објавена денеска, 10 септември 2026 година.
]]>„Заклучокот што можам да го изведам е дека ослободителната пресуда не е донесена поради недостиг на докази, туку поради толкување на судот кое не наоѓа правна поткрепа во законите“, напиша Ристоска на Фејсбук.
Таа потсетува дека „Талир 2“ се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и односот со градежната компанија „Бетон“. Според нејзиното објаснување, партијата пренела околу 800 квадратни метри градежно неизградено земјиште, а за возврат добила изградба на седиштето и паричен износ, во вкупна вредност од околу девет милиони евра.
Ристоска наведува дека со вештачење било утврдено оти земјиштето во 2013 година вредело околу 800.000 евра, односно дека неговата пазарна вредност била надмината десеткратно. Според неа, разликата во смисла на Законот за финансирање на политичките партии има третман на донација.
Таа посочува и дека во периодот за кој се однесува предметот, „Бетон“ интензивно добивал тендери од државата, а парите добиени од државни институции претставувале околу 75 проценти од годишните приходи на компанијата.
„Компанија во која над 75% од вкупниот приход доаѓа од државата не е слободен донатор. Нејзиното работење зависи од државата“, наведува Ристоска.
Според поранешната обвинителка, Апелациониот суд не го спори фактот дека „Бетон“ добивал државни пари, ниту дека го изградил партиското седиште и исплатил пари на ВМРО-ДПМНЕ. Спорно, како што објаснува таа, е толкувањето на терминот „јавна услуга“.
Ристоска смета дека судот со своето толкување го стеснува значењето на законската одредба и ја занемарува суштината на ограничувањата за финансирање политички партии од компании кои добиваат буџетски средства.
Таа предупредува дека ваквата судска практика може да има далекусежни последици во борбата против високата и политичката корупција.
„Доколку аргументацијата на Апелациониот суд се прифати како правен стандард, би се довеле до апсурдна состојба на легализирање на политичката корупција“, предупредува Ристоска.
Според неа, тоа би значело дека компанија која добива државни тендери би можела дел од профитот потоа да го пренесе на политичка партија како донација, а таквото постапување да остане неказниво поради воспоставена судска практика.
Ристоска заклучува дека ваквото толкување сериозно ја нарушува суштината на Законот за финансирање на политичките партии и го прави неупотреблив токму во една од неговите најчувствителни области – финансирањето партии од претпријатија кои добиваат буџетски средства.
]]>Според информациите, станува збор за Џ.И., а во акцијата биле вклучени полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност.
Во рамки на постапката биле обезбедени обележани парични средства, кои му биле предадени на осомничениот.
Драмата започнала веднаш по преземањето на парите. Кога полициските службеници се обиделе да интервенираат, Џ.И. не застанал на нивните наредби и се дал во бегство.
По преземени мерки и активности, полицијата успеала да го пронајде и фати, по што бил лишен од слобода.
Случајот се однесува на сомнение за барање мито од над 15.000 евра поврзано со тендер во Царинската управа, а повеќе детали се очекуваат по целосното документирање на случајот и постапувањето на надлежните институции.
]]>Листата е веќе објавена во Службен весник по спроведената ревизија во рамки на Националната платформа за лекови, поддржана од Светската здравствена организација и усогласена со Секретаријатот за законодавство.
По повеќе од една деценија, нашата држава има ажурирана и официјално објавена Листа на есенцијални лекови, базирана на современи стручни и јавно-здравствени принципи. Стручната ревизија беше спроведена во рамките на Националната платформа за лекови, со поддршка од Светската здравствена организација и со учество на релевантни национални институции и засегнати страни, а по финализирањето и усогласувањето со Секретаријатот за законодавство, Есенцијалната листа на лекови е објавена во Службен весник. Со ажурирањето на оваа листа се овозможува следење на современите достигнувања и препораки во фармакотерапијата, поголем фокус на лекови од приоритетно јавно-здравствено значење, поддршка на клиничкото одлучување и стандардизираното лекување, како и подобро планирање и управување со лековите, потенцираше министерот Клековски.
Новитетот на оваа листа е што за првпат содржи лекови за контрацепција и за никотинска заместителна терапија. Според Клековски, со ова се испраќа порака дека здравствената политика треба да го штити и унапредува здравјето, а не само да лекува.
Новата листа е систематизирана во 28 терапевтски области, со подетално дефинирани подгрупи, дозирани форми, јачини и начини на употреба, опфаќајќи области како заразни заболувања, ХИВ, вирусни хепатити, онкологија, неврологија, кардиологија и репродуктивно здравје.
Паралелно со проширувањето, направена е и рационализација на постојниот состав на листата. Од листата од 2015 година се отстранети лекови кои повеќе не се определени како приоритетни во новиот терапевтски концепт, додека кај одредени лекови е извршена промена на активната супстанција, формулацијата или е предвидена соодветна терапевтска алтернатива. Според извршената споредба, идентификувани се 12 избришани и 193 новододадени лекови/активни супстанции, додаде министерот.
На крајот, Клековски ја нагласи разликата помеѓу Есенцијалната и Позитивната листа на лекови, оценувајќи дека ажурирањето е значаен чекор кон поодржлив здравствен систем.
]]>Почитувани претставници на медиумите,
Од самиот почеток кажавме дека сакаме да организираме достоинствена прослава која ќе биде достојна за значењето на 8 Септември, Денот на независноста, но и прослава која нема да биде концентрирана само во Скопје, туку ќе стигне до граѓаните во повеќе градови низ државата.
Денеска, откако програмата е завршена, можеме да направиме реална оценка на тоа што се постигна.
Имавме навистина прекрасно лето, лето во кое голем број на светски ѕвезди настапија во градовите низ Македонија, а истовремено најзначајниот дел од програмата беше посветен на домашната музичка, сценска и театарска сцена.
Сè започна на 2 Август во Битола со настапот на Стив Аоки, продолжи со караванот „Силно светнал ден”, кој помина низ повеќе градови во државата, со настаните во Струмица на кои настапија Пол Окенфолд и Пол ван Дајк, со рок-спектаклот на кој настапија македонски рок-групи, со голем настан на плоштадот во Скопје со македонските изведувачи и Хосе Карерас, а кулминацијата беше концертот на Градскиот стадион со Дејвид Гета, кој собра околу 50 илјади граѓани.
Кога уште на почетокот беше објавено дека Дејвид Гета ќе настапи на 8 Септември, се поставуваше прашањето зошто токму тој и зошто токму на Денот на независноста. Денеска, по завршувањето на прославата, мислам дека најдобриот одговор е токму она што сите го видовме на терен. Ова не беше прослава во која Македонија беше само публика. Напротив. Дејвид Гета беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонска култура и македонски уметници. Приближно 95 проценти од целокупната програма беа македонски изведувачи и македонски сценски содржини, со што практично покажавме дека домашната музичка, сценска и театарска сцена има капацитет да организира и реализира содржини на ниво кое може да биде споредувано со најголемите интернационални продукции. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки, затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка.
Сакам и дозволете ми да се заблагодарам на граѓаните кои беа дел од сите овие настани, на оние кои присуствуваа и во останатите градови ширум Македонија каде што се организираа овие програми, како и на сите оние кои учествуваа во оваа реализација. Благодарност до уметниците, организаторите, продукциските и техничките тимови, до институциите, но и до сите луѓе кои во изминатите месеци работеа овие настани да бидат реализирани. Мислам дека е најважно од сè што покажавме дека нашата Македонија може да организира настани од светски размери, граѓаните да имаат можност тие настани да ги следат и да бидат дел од нив дома, во својата држава.
Покрај тоа што ветивме достоинствена прослава, уште од почетокот ветивме и транспарентност и отчетност. Денеска не сме тука само да зборуваме за резултатот, туку сакам да ја објасниме и целата постапка која доведе до реализација на овие настани.
Во јавноста во изминатиот период имаше сериозен број на шпекулации и обиди целата прослава да се претстави како нешто нетранспарентно и спорно уште пред воопшто да се реализира. Опозицијата се обиде да фрли политичка дамка врз прославата, за жал, спремни се и на овие свети датуми да шират невистини тоа е факт за нив. Следуваа различни објави и конструкции со кои се создаваше недоверба кај граѓаните. Како Влада во тој период одлучивме дека не сакаме да влегуваме во дневнополитичка пресметка, затоа што сметавме дека треба да им оставиме простор на граѓаните да уживаат, да ги видат настаните и да прославуваат. Дополнително, разбирам и зошто јавноста поставува прашања, особено ако се има предвид дека во минатото сме имале сериозен недостаток на транспарентност во вакви постапки. Тоа е и причината зошто денеска сметам дека е најдобар одговор не само да имаме политички објаснувања, туку целосно да ги презентираме фактите и документацијата.
И тука ќе дојдеме до најважниот податок околу финансирањето. За сите оние кои во изминатиот период шпекулираа, негодуваа, клеветеа и пласираа информации дека граѓаните ќе ја платат оваа прослава од Буџетот, денеска можеме јасно да кажеме дека тоа не е точно. За реализацијата на овие настани не се потрошени буџетски средства од Буџетот. Трошокот од Буџетот за овие настани не ги чини граѓаните. Ова не е информација која треба да ја прифатите само затоа што доаѓа од нас, од Владата, туку е лесно проверлива. Токму затоа денеска со нас е и директорот на Државната лотарија, господинот Александар Климовски кој ќе ја објасни и правната, но и финансиската рамка, за јавноста да може да ја има целосната слика за тоа како е обезбедено финансирањето и како е спроведена постапката.
Ќе ми дозволите да појаснам дека станува збор за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства кои се земени од државниот Буџет за да се финансира прославата. На 28 април 2026 година, на 167-мата седница, Владата донесе заклучок со кој се утврдија конкретните активности кои треба да се реализираат во рамки на прославата по повод 35 години независност. Согласно тие заклучоци, беше предвидено ангажирање на А-класа светски артист со А-класа продукција за настан на отворено, кој со своето име и квалитет гарантира посета од минимум 30.000 посетители, потоа организирање на настан со интернационална светска ѕвезда од А-класа во придружба на македонски артисти, како и организирање на минимум 12 настани на територијата на Македонија во форма на театарски и визуелни перформанси со концепт „35 години независна Македонија”.
Со истиот заклучок беше укажано на Државна лотарија да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, во висина од 300 милиони денари, за спонзорирање на настаните, како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани. Дополнително, беше предвидено формирање на комисија од надворешни стручни лица која ќе ја спроведе постапката за избор на реализатор.
Ќе ми дозволите тука да направам една важна споредба, Перпарим Бајрами, Артан Груби 8,2 милиони „во воздух”, тоа се средства коишто не завршија кај граѓаните, а ова се средства со кои што ја донесовме прославата пред граѓаните.
Врз основа на вака донесените заклучоци, Државната лотарија носи одлука за формирање на комисија за спроведување на постапка по јавен повик. На 4 мај 2026 година го објавува јавниот повик со број, потенцирам, 01-35Ц/2026. Во јавниот повик се утврдени условите кои понудувачот треба да ги исполнува, вклучително и условот да има реализирано најмалку еден настан со значителен капацитет на посетеност, да располагаат или да имаат обезбеден пристап до професионални продукциски, технички, сценски и логистички капацитети, како и да имаат искуство во организација на јавни настани, концерти, фестивали и други слични настани.
На јавниот повик е доставена една понуда, „Стардаст” ДООЕЛ Скопје, односно субјектот преку кој во конкретната постапка настапува „Авалон Интернешнл Букинг”. Ова го отворам како податок затоа што и околу ова се поставија прашања и имаше обиди да се направи забуна во јавноста. „Авалон Интернешнл Букинг” е трговска марка под која е препознатлива дејноста, додека „Стардаст” ДООЕЛ Скопје е правниот субјект кој е носител на таа дејност и на кој е пренесен трговскиот знак. Значи, не станува збор за две независни компании кои се појавуваат како различни понудувачи, туку за правниот субјект кој ја носи понудата и брендот под кој јавноста ја препознава работата на оваа дејност.
Понатаму, во делот на документацијата, следува записникот од отворање на понудата, извештајот за спроведената постапка и оценувањето согласно утврдените критериуми. Изборот не се врши само врз основа на тоа кој понудувач е присутен на пазарот, туку врз основа на квалитетот, издржаноста и иновативноста на предложениот концепт и програмата, како и исполнувањето на условите утврдени со јавниот повик. По завршувањето на постапката се носи одлука за избор на најповолен понудувач, по што следува склучување на договорот помеѓу Државна лотарија и реализаторот.
Дополнително, сакам да појаснам дека во вкупната финансиска конструкција на прославата учествуваа и дополнителни средства во висина од 40 милиони денари, обезбедени од општествено одговорни компании кои се приклучија кон реализација на настаните. Тоа не се средства од државниот Буџет, туку средства од компании кои во изминатиот период јавно беа присутни во рамки на одбележувањето на прославата и јавно го објавуваа своето учество и својата поддршка. И овој дел од финансиската конструкција не е нешто што денеска го откриваме или нешто што било скриено од јавноста, туку станува збор за поддршка која граѓаните имаа можност да ја видат и да ја следат во текот на целиот период.
Почитувани претставници на медиумите,
Ова се фазите на постапката и сметам дека е важно јавноста да ги знае по редослед, затоа што само така можеме да направиме разлика од политичка конструкција и реални факти и вистина.
Директорот на Државна лотарија ќе ги презентира сите правни основи, одлуки, и се што е дел од постапката, за секој сегмент да биде дополнително појаснет, а потоа, ќе му дадеме збор на господинот Бобан од „Авалон продукција” да може да ги објасни сите дополнителни аспекти коишто се поврзани со организација, продукција и реализација на самата прослава.
Она што сакам да остане како заклучок од оваа прес-конференција е дека оваа прослава беше организирана со јасно поставена цел, со конкретна програма и со постапка која има своја правна и финансиска рамка. Одлуките се донесени навремено, јавен повик е објавен, понуда е отворена и разгледана, комисија спровела постапка, донесена е одлука за избор и склучен е договор за реализација.
Затоа денеска, по завршувањето на прославата, сите можеме да се согласиме дека наместо шпекулации ние имаме резултат којшто е видлив, и дека јавноста може да ги провери овие факти.
Ветивме достоинствена прослава и граѓаните ја добија. Ветивме прослава која ќе ја опфати целата држава и таа се реализираше во повеќе градови. Ветивме дека македонските уметници ќе имаат централно место во програмата и тие беа доминантно запазени.
Покажавме дека Македонија може да донесе А-листа светски имиња, кои полнат стадиони, но и дека македонската сцена има што да понуди и има капацитет да стои на голема меѓународна сцена.
И конечно, ветивме транспарентност и отчетност и тоа денеска го потврдуваме.
Уште еднаш сакам да го повторам најважниот финансиски факт: за граѓаните преку државниот Буџет, за овие настани не се потрошени буџетски средства. Таа информација може да се провери, и не мора да биде информација на којашто и верувате само затоа што Владата ја кажува.
Мислам дека ова е и суштина на транспарентноста, да не кажуваме само Владата што направила, туку јавноста да има можност прво да ги види резултатите, но и документите, постапката и финансиските податоци и врз основа на нив сама да донесе заклучок.
Благодарам на сите за вниманието, верувам дека ова беше малку подолга прес-конференција од она што досега го правиме како Влада, но цениме дека ваквата транспарентност и отчетност од Владата е клучна за да можеме да покажеме каква е намерата и целта на оваа прослава по повод 35 години независност.
]]>