Advertise with Googlier.com Konkursija – 24 Vakti https://24vakti.mk Avgo Romani TV thaj online portali Tue, 13 Oct 2026 09:12:37 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://24vakti.mk/wp-content/uploads/2021/04/cropped-24Vakti_Favicon-1-32x32.png Konkursija – 24 Vakti https://24vakti.mk 32 32 Конкурс за доделување 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година https://24vakti.mk/%d0%9a%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-150-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%80/ Mon, 12 Oct 2026 19:52:40 +0000 https://24vakti.mk/?p=20775

КОНКУРС за доделување 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година

Министерството за образование и наука за студиската 2026/2027 година ќе додели вкупно 150 (сто и педесет) стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни студенти;

2. Да се припадници на ромската етничка заедница;

3. Да се државјани на Република Северна Македонија;

4. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:

1. Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на додипломски студии од прв циклус;

2. Постигнатиот среден успех од претходната студиска година за студентите кои студираат во сите останати години на додипломски студии од прв циклус;

3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година;

4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.

При рангирањето на кандидатите запишани во прва година на високообразовните установи, предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од завршеното средно образование и при рангирањето на кандидатите запишани во сите останати години, предност имаат кандидатите кои имаат повисок просечен успех остварен во текот на студирањето.

Студентите кои во студиската 2025/2026 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2026/2027 година.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари месечно за девет (9) месеци во текот на студиската 2026/2027 година.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 12.10 до 26.10.2026 година

Потребните документи за аплицирање се следните:

A) За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:

1. Оригинал потврда за редовен студент во студиската 2026/2027 година (скенирана);

2. Скенирани оригинални свидетелства од сите 4 години од средно образование;

3. Скенирано уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

4. Трансакциска сметка на име на студентот (скенирана);

5. Потврда од ромски регионални здруженија/организации/невладини од местото на живеење на студентот, со која се потврдува дека ученикот е припадник на ромската етничка заедница (скенирана)

Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

1. Оригинал потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2026/2027 година (скенирана);

2. Скениран индекс (сите страни);

3. Оригинал уверение за положени испити од претходните години кое го издава факултетот (скенирано);

4. Заверен образец „УППИ“ во форма и содржина објавен на интернет порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk (го пополнува и заверува факултетот);

5. Скенирано уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

6. Трансакциска сметка на име на студентот (скенирана);

7. Потврда од ромски регионални здруженија/организации/невладини од местото на живеење на студентот, со која се потврдува дека студентот е припадник на ромската етничка заедница (скенирана).

Министерството за образование и наука, согласно своите законски надлежности, го задржува правото по службена должност да изврши проверка на точноста на доставените податоци и документација од точка I на Конкурсот, преку расположливите официјални евиденции и институционални механизми, со цел обезбедување на законито, транспарентно и правилно спроведување на постапката за доделување на стипендии за студенти припадници на ромската етничка заедница.

V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендија ќе биде објавен на 26.11.2026 година интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе добијат решение за правата и обврските од користењето на стипендијата на профилот преку кој ја поднеле апликацијата за стипендија, во делот „Мои апликации“ на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Некомплетно пополнетата апликација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кандидати кои се пријавиле на Конкурсот.

]]>
Ромскиот Ресурсен Центар објавува повик за доделување на мали грантови за промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки https://24vakti.mk/%d1%80%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%80%d0%b5%d1%81%d1%83%d1%80%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be-2/ Wed, 04 Mar 2026 08:33:25 +0000 https://24vakti.mk/?p=20516 Програма за промоција на социјалното претприемништво за млади жени Ромки во Северна Македонија

                                                                    Мали грантови за

Ромски, про-ромски и младински граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопјe, во соработка со Здружението „Иницијатива за правата на жените“ од Шуто Оризари, Симплексис од Грција и DIESIS Network од Брисел, преку проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ“ објавува:

                                                     ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

 За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и промоција на социјалното претприемништво и вработувањето на ромската заедница со фокус на младите жени Ромки десет (10) општини во Република Северна Македонија.

Оваа грантова шема се имплементира во рамките на проектот Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ. Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија.

Во рамките на овој повик ќе се поддржат најмалку 8 проекти. Износот кој ќе се додели во рамките на овој повик е 88,000 ЕУР, со што ќе бидат поддржани проекти со буџети кои се во износ од 9,000 ЕУР до 11,000 ЕУР.

Приоритетите на овој повик за предлози се:

  • Приоритет 1: Зајакнување на улогата на ромските и младинските организации и организациите на граѓанското општество кои работат на вклучување на Ромите на пазарот на трудот преку пилотирање на различни модели на социјално претприемништво;
  • Приоритет 2: Зголемување на можностите за вклучување на жените Ромки на пазарот на трудот преку промоција на социјалното претприемништво.

Водичот заедно со формуларите за аплицирање може да се превземе тука.

Водич за апликaнти_под-грантови_Романсе

Анекс 1_Формулар за аплицирање

Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант

Анекс 3-Мандат-Ко-апликант

Анекс 4_Предлог буџет формулар

Анекс 5_Логичка Рамка

Анекс 6-declaration-on-honour-on-exclusion-and-selection

Анекс 7_Бизнис канвас_пример

Анекс 8_Кратко резиме на англиски

Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 02 април 2026, до 17:00 часот.

За промоција и соодветно споделување на повикот до што е можно повеќе заинтересирани организации, ќе се организираат информативни средби со физичко присуство и онлине, согласно планот за инфо сесии подоле:

Инфо сесија Локација Датум и време
Прва национална информативна средба Скопје

Во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар

Адреса: ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000

06 март 2026

Со почеток од 11:00 часот

Втора информативна средба Online

ZOOM платформа

16 март 2026

Со почеток од 10:00 часот

Трета информативна средба Online

ZOOM платформа

18 март 2026

Со почеток од 10:00 часот

Линк за пристап до онлине инфо сесиите: https://us06web.zoom.us/meeting/register/dueQOzHAQeiHSmkuSN28ng

Покрај инфо сесиите, со цел да се помогне на помалите grass root организации, за време на онлине настаните, проектниот тим ќе овозможи и мал тренинг со кратко упатство и клучни совети за полесно пополнување на проектните апликации.

Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат од следните веб страни: www.rrc.org.mk, www.symplexis.eu, www.zenisutoorizari.org.mk, www.diesis.coop/, https://romanse.mk/.

За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romanse_sub-grants@rrc.org.mk, најдоцна до 20 март 2026, до 17:00 часот.

]]>
Ромскиот Ресурсен Центар објавува повик за доделување на мали грантови за промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки https://24vakti.mk/%d1%80%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%80%d0%b5%d1%81%d1%83%d1%80%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be/ Wed, 25 Feb 2026 09:19:21 +0000 https://24vakti.mk/?p=20509 Програма за промоција на социјалното претприемништво за млади жени Ромки во Северна Македонија

                                                                    Мали грантови за

Ромски, про-ромски и младински граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопјe, во соработка со Здружението „Иницијатива за правата на жените“ од Шуто Оризари, Симплексис од Грција и DIESIS Network од Брисел, преку проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ“ објавува:

                                                     ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

 За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и промоција на социјалното претприемништво и вработувањето на ромската заедница со фокус на младите жени Ромки десет (10) општини во Република Северна Македонија.

Оваа грантова шема се имплементира во рамките на проектот Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ. Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија.

Во рамките на овој повик ќе се поддржат најмалку 8 проекти. Износот кој ќе се додели во рамките на овој повик е 88,000 ЕУР, со што ќе бидат поддржани проекти со буџети кои се во износ од 9,000 ЕУР до 11,000 ЕУР.

Приоритетите на овој повик за предлози се:

  • Приоритет 1: Зајакнување на улогата на ромските и младинските организации и организациите на граѓанското општество кои работат на вклучување на Ромите на пазарот на трудот преку пилотирање на различни модели на социјално претприемништво;
  • Приоритет 2: Зголемување на можностите за вклучување на жените Ромки на пазарот на трудот преку промоција на социјалното претприемништво.

Водичот заедно со формуларите за аплицирање може да се превземе тука.

Водич за апликaнти_под-грантови_Романсе

Анекс 1_Формулар за аплицирање

Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант

Анекс 3-Мандат-Ко-апликант

Анекс 4_Предлог буџет формулар

Анекс 5_Логичка Рамка

Анекс 6-declaration-on-honour-on-exclusion-and-selection

Анекс 7_Бизнис канвас_пример

Анекс 8_Кратко резиме на англиски

Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 02 април 2026, до 17:00 часот.

За промоција и соодветно споделување на повикот до што е можно повеќе заинтересирани организации, ќе се организираат информативни средби со физичко присуство и онлине, согласно планот за инфо сесии подоле:

Инфо сесија Локација Датум и време
Прва национална информативна средба Скопје 

Во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар

Адреса: ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000

06 март 2026 

Со почеток од 11:00 часот

Втора информативна средба Online 

ZOOM платформа

16 март 2026 

Со почеток од 10:00 часот

Трета информативна средба Online 

ZOOM платформа

18 март 2026 

Со почеток од 10:00 часот

Линк за пристап до онлине инфо сесиите: https://us06web.zoom.us/meeting/register/dueQOzHAQeiHSmkuSN28ng

Покрај инфо сесиите, со цел да се помогне на помалите grass root организации, за време на онлине настаните, проектниот тим ќе овозможи и мал тренинг со кратко упатство и клучни совети за полесно пополнување на проектните апликации.

Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат од следните веб страни: www.rrc.org.mk, www.symplexis.eu, www.zenisutoorizari.org.mk, www.diesis.coop/, https://romanse.mk/.

За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romanse_sub-grants@rrc.org.mk, најдоцна до 20 март 2026, до 17:00 часот.

]]>
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025-Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„ https://24vakti.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-03-2025-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%80/ Mon, 02 Jun 2025 14:32:49 +0000 https://24vakti.mk/?p=20133 Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025

За работен ангажман на определено време за следната позиција: 1(еден) Експерт за изработка на краток извештај ( Policy Brif) кој ке биде проследен на социјални мрежи  тематика поврзана со  ромската заедница.

  • Позадина на проектот

 

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„ е финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.

Фокус:

  • Инклузија на ромската заедница во општеството
  • Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
  • Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите

Цели:

  • Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
  • Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
  • Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
  • Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.

1.2 Опис на работни задачи за позицијата Експерт за изработка на краток извештај

  • Детална анализа на актуелните проблеми со кои се соочува ромската заедница;
  • Од експертската дебата и видеокампаниите да се соберат квалитетни податоци и информации
  • На основа на идентификуваните проблеми, ќе се формулираат конкретни и реалистични препораки
  • Креирање на документот во формат кој е лесен за читање и разбирање, со јасни наслови и поднаслови, инфографики и кратки резимеа
  • Документот ќе содржи вовед, анализа на проблемите, предлози за решенија и заклучок
  • “policy brief” треба да обезбедува структурирани информации и предлози до клучните донесувачи на одлуки;

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oдлични аналитички и вештини за пишување
  • Претходно работно искуство во подготовка на анализи и проценки
  • Истражувачко искуство на слична задача во регионот и особено во земјата
  • Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  1. Развиени комуникациски и преговарачки вештини на високо ниво;
  2. Способност за работа под притисок;
  3. Добро познавање на Microsoft office;
  4. Oдлични аналитички и вештини за пишување

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат во канцелариите на Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија Скопје

Ангажманот на Експерт ќе биде  со 7 дена.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да достават Понуда со предложен пристап/методологија финансиска понуда и кратка биографија која содржи соодветни квалификации и искуство

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ЗРДИЦМ

Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ЗРДИЦМ

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 09.06.2025 година до 15:00 часот 

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: rbic@t-home.mk, association.rbicm@gmail.com

Лино или по пошта на следната адреса:

 ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје

Лице за контакт: Весна Димова

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

Скопје, 02.06.2025

]]>
ЈАВЕН ПОВИК БР.002А/2025/ Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„ https://24vakti.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-002%d0%b0-2025-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%be/ Mon, 26 May 2025 12:02:21 +0000 https://24vakti.mk/?p=20167 Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово , Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.002А/2025

За организирање на дебата бараме изнајмување на простор, освежување за 50 лица и техничка подршка со изнајмување на техника во рамки на проектот „ Обединети во Различнста-Патот до Инклузија “.

  • Позадина на проектот

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.

Фокус:

  • Инклузија на ромската заедница во општеството
  • Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
  • Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите

Цели:

  • Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
  • Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
  • Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
  • Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.

1.2 Опис за потребите

  • Изнајмување на простор за дебата за 50 лица
  • Освежување во вид на вода , кафе, сок , грицки (солени-благи) за време на дебата и паузата за 50 лица
  • Техничка подршка – изнајмување микрофони, озвучување, проектор за видеа и др.

1.3 Право на учество имаат:

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за барање на понуда.

1.4 Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Ценовник за изнајмување на простор со опис на простор
  • Да имаат можности за поставување на проектор и технички подршки во вид на микрофони, озвучување и др.
  • Да доставаат ценовник за пијалоци и грицки -понуда за 50 лица за настанот
  • Да обезбедат персонал за послужување на пијалоци
  • Да се постават микрофоните за говорници , проектор за видеа , озвучење и друго се што е потребно за техниичка подршка за една дебата

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Организирање на дебата ке се одржи во Скопје

Време е средина на јуни – точната дата ке се утврди дополнително 

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 03.06.2025 година 

Ве молиме земете ги предвид дека понудените цени треба да се без ДДВ. Плаќањето ке се изврши по фактура издадена од УЈП без ДДВ.

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: association.rbicm@gmail.com

или лично како и по пошта на следната адреса:

 ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје

Телефон за контакт : 2656-901, 070 273 021

Лице за контакт: Весна Димова

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

 

Скопје, 26.05.2025

 

 

 

 

 

 

]]>
Јавен повик за ангажирање на 50 (педесет) ромски oбразовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2024/2025 година https://24vakti.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-50-%d0%bf%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%81%d0%b5%d1%82/ Wed, 25 Sep 2024 13:22:23 +0000 https://24vakti.mk/?p=19536 Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година, согласно член 37, став (4) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19 и 229/20),  ќе ангажира 50 ромски образовни медијатори во основните училишта во Република Северна Македонија. Преку мерката медијаторство во основното образование Министерството за образованиеи наука, ќе обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во основните училишта.

 

I.    УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ     

1.    Услови за избор на медијатори

Право да се пријават на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во Република Северна Македонија: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел,Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/ Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Oхрид , Неготино, Илинден, Ресен и Радовиш, а кои ги исполнуваат следните услови:

а) да се невработени или вработени со скратено работно време;
б) да се државјани на Република Северна Македонија и
в) да се припадници на ромската етничка заедница.

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година, времено ќе ангажира вкупно 50 образовни медијатори во следните општини во Република Северна Македонија и тоа: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел,Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/ Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Oхрид , Неготино, Илинден, Ресен и Радовиш.

2.    Критериуми за избор на медијатори

а) Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
б) Да има развиени комуникациски и компјутерски вештини (Microsoft Оffice);
в) Да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата; и
г) Да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи.

Предност при селекција ќе имаат кандидатите:

–         кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ имплементиран од страна на Министерството за образование и наука, во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа),

–         кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува, и

–        кои веќе имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор, и кои ги исполниле своите обврски кон програмата и Министерството за образование и наука.

 

II.    УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР

1.     Улога на ромскиот образовен медијатор

Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

2.     Задачите и одговорностите на медијаторот ќе бидат:

а) да работи со учениците;
б) да соработува со училиштето;
в) да работи и соработува со родителите/старателите и заедницата и да реализира редовни посети на терен; и
г) да работи со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други институции и организации.

 

 

III.    Место и рок за поднесување на документи

Кандидатите кои се пријавуваат согласно Јавниот повик, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна до 30.09.2024 година да ги достават следните документи:

1.    Кратка биографија (CV);                    

2.    Диплома за највисок степен на завршено образование;

3.    Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката;

4.     Потврда од Агенција за вработување за работен статус;

5.     Доказ дека се стекнал со компјутерски вештини (Microsoft Оffice); и

6.     Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми.

 

IV.    Висината на хонорарот

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 18.000 денари бруто за период  од три (3) месеци во текот на 2024 година и седум (7) месеци во текот на 2025година.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

]]>
Продолжување на рокот на Конкурсот за доделување на 1200 стипендии за ученици Роми запишани во прва,втора,трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година https://24vakti.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-1200-%d0%b8%d0%bb%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%b8-%d0%b4%d0%b2%d0%b5/ Tue, 24 Sep 2024 09:18:10 +0000 https://24vakti.mk/?p=19532

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.180/2024) и Решението за распишување Конкурс за доделување 1200 илјада и двеста) стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 бр.19-9853/1 од 23.09.2024 година , Министерството за образование и наука, распишува

 

КОНКУРС

за доделување на 1200 (илјада и двеста) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели 1200 (илјада и двеста) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Во учебната 2024/2025 година се доделуваат вкупно 1200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;

2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;

3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2024/2025 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 –  3.49 во последната учебна година;

4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за уебната 2024/2025 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

 

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

 

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

 

III. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 23.09.2024 до 13.10.2024 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

 

1. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;

2. Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II  година,  кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) – (да се прикачи оригинално Свидетелствo скенирано од двете страни на електронската апликација);

3. Трансакциска сметка на име на ученикот (да се прикачи на електронската апликација);

4. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);

5. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);

6. Потврда од ромски регионални здрженија/организации/невладини дека ученикот е волонтер и активно учевствува во активности поврзани со ромската заедница во општината каде што живее (да се прикачи на електронската апликација).

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 11.11.2024 година на интернет страницата на Министерството.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

 

Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00

Првата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 270 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 3.000 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 2.300 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 180 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1.700 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Четвратата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2024/2025 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за четврата категорија изнесува 1.200 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

 

Стипендиите од сите четири категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.

 Упатство.docx

]]>
Онлајн курс по ромски јазик и култура! https://24vakti.mk/%d0%be%d0%bd%d0%bb%d0%b0%d1%98%d0%bd-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%bf%d0%be-%d1%80%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%b7%d0%b8%d0%ba-%d0%b8-%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0/ Fri, 20 Sep 2024 13:46:56 +0000 https://24vakti.mk/?p=19519
Од 1 октомври 2024 година започнува онлајн курс по ромски јазик и култура, кој ќе трае до крајот на декември 2024. Ова е одлична можност за сите заинтересирани Роми и не-Роми со завршено средно или факултетско образование!
Курсот е организиран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и ќе биде воден од проф. д-р Јусуке Суми и м-р Даниел Петровски. За сите кои ќе го завршат курсот, ќе биде издаден сертификат за почетно ниво А.
Курсот ќе трае 60 часа (двапати неделно по два часа).   Цена: 12.000 мкд. Рок за пријавување: 25 септември 2024.
Линк за пријавување: https://forms.gle/TVT3rkjuo6ohbHpH7
Сите пријавени освен преку формуларот, своите детали (име, презиме, е-маил, телефонски контакт) да ги испратат и на: office@iromaniunion.org
Не ја пропуштајте оваа можност да го збогатите вашето знаење! Споделете со сите заинтересирани!
]]>
Јавен повик за ангажирање на монтажер  https://24vakti.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%b6%d0%b5%d1%80/ Tue, 17 Sep 2024 12:59:24 +0000 https://24vakti.mk/?p=19503  

Датум: 17.09.2024

“ Здружението на жени ромки „ЕСМА“  Шуто Оризари Скопје во рамките на проектот: “Ромите и медиумската писменост“ подржан во рамките на проектот “Заедно за поквалитетно локално новинарство финансиран од Европската Унија објавува:

Јавен повик за ангажирање на монтажер 

Проектот „Ромите и медиумската писменост“ преку одржување на работилници и обуки  има за цел да ги мотивира и зајакне капацитетите на младите Роми и новинарите од  локалниот медиум 24 Вакти од Општина Шуто Оризари кои потоа ќе промовираат дигитална, медиумска писменост и слобода на говор.

Како граѓанска организација и иницијатор на позитивните промени, даваме придонес во промовирање на медиумската писменост кај младите Роми преку подигнување на свеста и едукација за поголема активност и учество во јавниот живот.

Се залагаме да ја подигнеме јавната свест за индивидуалните ставови и верувања, и да ја поттикнеме соработката помеѓу Локалните ГО, локалните медиуми и локалните претставници.

Работни задачи и одговорности на екепeртот:

– монтажа на 4 видео поткасти со времетраење од 60 минути.

Потребни квалификации:

– Средно или универзитетско образование;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

– Најмалку 3 годишно искуство во монтажа на видеа и/или видеа подкасти;

– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат

различностите.

– Познавање на ромски јазик.

Потребни документи:

 Биографија (CV) со детален опис за поле на експертиза;

Предлог финансиска понуда.

Период на реализација на работниот ангажман: октомври, 2024 година

 

1.1.             Право на учество

  • Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во огласот погоре.

1.2.             Критериуми за избор

  • Критериум за избор е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“ (т.н. best value for money-quality ratio).

 

  • Избор на понудувачи
    • Договорниот орган ќе го избере понудувачот чија понуда нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената. Вкупниот број на бодови изнесува 100 бода. Квалитетот носи максимални 80 бодови, додека цената носи максимални 20 бодови.

Рокот за доставување на потребните документи е пет работи дена односно од денот на објавување на јавниот повик до денот на доставување најдоцна до 23.09.2024 година.

Потребните документи да се достават на е-маил zdruzenie.esma@gmail.com или директно до Здружението на жени Ромки Есма Скопје, Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна бр.6) најдоцна до 23.09.2024 год. Лице за контакт е Надире Селман, моб. 076221717

Проектот “Ромите и медиумската писменост“ е грант кој што го спроведува, Здружението на жени ромки ЕСМА Скопје, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар во партнерство со Институтот за човекови права преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>
Јавен повик за ангажирање на снимател https://24vakti.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb/ Tue, 17 Sep 2024 12:40:14 +0000 https://24vakti.mk/?p=19495

Датум: 17.09.2024

Здружението на жени ромки „ЕСМА“  Шуто Оризари Скопје во рамките на проектот: “Ромите и медиумската писменост“ подржан во рамките на проектот “Заедно за поквалитетно локално новинарство“ финансиран од Европската Унија објавува:

Јавен повик за ангажирање на снимател

 Проектот „Ромите и медиумската писменост“ преку одржување на работилници и обуки  има за цел да ги мотивира и зајакне капацитетите на младите Роми и новинарите од  локалниот медиум 24 Вакти од Општина Шуто Оризари кои потоа ќе промовираат дигитална, медиумска писменост и слобода на говор.

Како граѓанска организација и иницијатор на позитивните промени, даваме придонес во промовирање на медиумската писменост кај младите Роми преку подигнување на свеста и едукација за поголема активност и учество во јавниот живот.

Се залагаме да ја подигнеме јавната свест за индивидуалните ставови и верувања, и да ја поттикнеме соработката помеѓу Локалните ГО, локалните медиуми и локалните претставници.

 Работни задачи и одговорности на екепeртот:

– снимањата на 4 видео поткасти со времетраење од 60 минути.

Потребни квалификации:

– Средно или универзитетско образование;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

– Најмалку 3 годишно искуство во снимање на видеа и/или видеа подкасти;

– Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат

различностите.

– Познавање на ромски јазик.

    Потребни документи:

Биографија (CV) со детален опис за поле на експертиза;

Предлог финансиска понуда.

Период на реализација на работниот ангажман: октомври, 2024 година

1.1.   Право на учество

  • Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите наведени во огласот погоре.

1.2  Критериуми за избор

  • Критериум за избор е според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“ (т.н. best value for money-quality ratio).
  • Избор на понудувачи
  • Договорниот орган ќе го избере понудувачот чија понуда нуди најдобар однос помеѓу квалитетот и цената. Вкупниот број на бодови изнесува 100 бода. Квалитетот носи максимални 80 бодови, додека цената носи максимални 20 бодови.

Рокот за доставување на потребните документи е пет работи дена односно од денот на објавување на јавниот повик до денот на доставување најдоцна до 23.09.2024 година.

Потребните документи да се достават на е-маил zdruzenie.esma@gmail.com или директно до Здружението на жени Ромки Есма Скопје, Шуто Оризари (ул. Брсјачка Буна бр.6) најдоцна до 23.09.2024 год. Лице за контакт е Надире Селман, моб. 076221717

Проектот “Ромите и медиумската писменост“ е грант кој што го спроведува, Здружението на жени ромки ЕСМА Скопје, а е финансиран во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од Здружение Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, Гостивар во партнерство со Институтот за човекови права преку IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

]]>