Advertise with Googlier.com Roma ki MK – 24 Vakti https://24vakti.mk Avgo Romani TV thaj online portali Wed, 21 Oct 2026 13:30:01 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://24vakti.mk/wp-content/uploads/2021/04/cropped-24Vakti_Favicon-1-32x32.png Roma ki MK – 24 Vakti https://24vakti.mk 32 32 „Ромалитико“: Има напредок во инклузицијата на Ромите, образованието со најголем напредок https://24vakti.mk/%d0%a0%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%be-%d0%98%d0%bc%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%ba-%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%bb%d1%83%d0%b7/ Wed, 21 Oct 2026 13:30:01 +0000 https://24vakti.mk/?p=20797 Има напредок во инклузијата на Ромите, но се уште постојат области каде има назадување, покажува извештајот  повторуваат слични препораки во извештаите на Европската комисија во однос на образованието, вработувањето, домувањето и дискриминацијата, покажува Извештајот во сенка што го изготви Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ за периодот март 2025 до март 2026 година.

Најголем напредок е забележан во делот на образованието како во спроведувањето на мерките, така и во искористеноста на буџетот. Во овој дел за првпат годинава има медијатори не само во основното, туку и во средното образование. Сепак, транзицијата на запишување од основно во средно образование бележи пад, како и бројот на запишани ученици што според „Ромалитико“ се должи на трендот на иселување.

„Ромалитико“ бележи дека во одредени сектори не се искористени средствата како што се здравството и домувањето.

– Во рамки на домувањето сеуште министерството за транспрот ги нема потрошено парите дадени во делот на инфрастуктура во ромски населби. Во делот на здравство, за жал, сме во регрес. Финансиската неискористеност не е нешто ново. И претходно кога сме ги анализирале состојбите покажуваат дека до крајот на годината се пробува да се искористи максимумот, односно да се спроведат повеќе мерки. Во Министерството за транспорт имаме нула искористеност затоа што подоцна го објавија повикот, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“.

Јазот меѓу жената Ромка и останатите жени се забележува и во најновиот извештај и тоа не е нешто ново затоа што „Ромалитико“ го бележи и во претходните седум извештаи.

– Периодот којшто го покривање е март 2025 до март 2026 година и покажува дека институционалната координација е главен причинител зошто буџетската искористеност е на толку ниско ниво, вели Скендери.

Според „Ромалитико“, она кон што треба да се анализира во иднина е дали проблемот е во тоа што немаме доволно политики или, пак, во тоа што не успеваме доследно да ги спроведуваме оние што веќе ги имаме.

– Покрај исполнувањето на законските обврски и преземените заложби, особено важно е доследното спроведување на предвидените мерки. Токму во оваа насока треба да го насочиме нашето внимание. Сметам дека е важно да не го оставиме спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 само на декларативно ниво. За нејзина успешна реализација потребна е континуирана вклученост на сите ресорни министерства, локалната самоуправа и другите надлежни институции. Исто така, потребно е поголемо вклучување на граѓанските организации, не само во процесите на консултации, туку и во следењето и оценувањето на спроведувањето на политиките – порача извршниот директор на „Ромалитико“ Елвис Шаќири.

Успехот на една политика не се мери според тоа колку документи се усвоени или колку препораки се напишани, туку според тоа колку реално се подобрил животот на луѓето на кои таа политика се однесува, подвлече Шаќири.

На презентацијата не присуствуваше министерот без ресор Ерџан Демир. 

]]>
26,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РОМСКИТЕ ПАРТИИ: КОЈ КОЛКУ ДОБИ ОД ДРЖАВАТА ВО 2026? https://24vakti.mk/265-%d0%9c%d0%98%d0%9b%d0%98%d0%9e%d0%9d%d0%98-%d0%94%d0%95%d0%9d%d0%90%d0%a0%d0%98-%d0%97%d0%90-%d0%a0%d0%9e%d0%9c%d0%a1%d0%9a%d0%98%d0%a2%d0%95-%d0%9f%d0%90%d0%a0%d0%a2%d0%98%d0%98-%d0%9a%d0%9e/ Thu, 08 Oct 2026 09:08:03 +0000 https://24vakti.mk/?p=20766                                                                                              Анализа на 24 Вакти

Осум ромски политички партии во 2026 година добиле вкупно 26.482.756 денари, односно околу 430 илјади евра, од државниот буџет за редовно финансирање на политичките партии. Најголем износ е исплатен на Унија на Роми, а веднаш зад неа се ДСР и Сојуз на Ромите.

Анализата на 24 Вакти, направена врз основа на официјалните трансакции од „Отворени финансии“ и податоците од ДИК, ДЗР, ДКСК и изборните резултати, покажува значителни разлики во средствата што ги добиле ромските политички партии.

Кој колку добил?

Политичка партија Исплата во 2026
Унија на Роми 6.372.464 ден.
Демократски сили на Ромите – ДСР 6.093.510 ден.
Сојуз на Ромите од Македонија 5.256.649 ден.
Демократска партија на Ромите – ДПР 4.977.695 ден.
ПЦЕР 1.244.424 ден.
Роми Обединети од Македонија – РОМ 1.192.411 ден.
ПДПР 711.099 ден.
ОПЕР 634.504 ден.
ВКУПНО 26.482.756 ден.

Во трезорската база Унија на Роми е заведена под скратениот назив „УР СКОПЈЕ“, каде е евидентирана исплата од 6.372.464 денари.

Како се добиваат парите?

Законот за финансирање на политичките партии предвидува две главни компоненти. 30 проценти од средствата се распределуваат подеднакво меѓу политичките партии кои освоиле најмалку 1% од гласовите на избирачите што гласале на последните парламентарни избори на ниво на државата или на последните локални избори во единица на локалната самоуправа.

Тоа значи дека партија не мора да освои советник за да стекне право на овој дел – доволно е да го исполни законскиот праг од 1%.

Останатите 70 проценти се распределуваат според освоените мандати. Кај коалициските кандидати Законот предвидува поделба меѓу партиите, а коалициските партнери можат со спогодба или предизборен договор да утврдат и поинаква распределба. Затоа две партии од иста коалиција не мора да добијат ист износ.

Унија на Роми со најголема исплата

Унија на Роми во 2026 година добила 6.372.464 денари. На локалните избори 2025 во Шуто Оризари партијата освои 1.904 гласа и пет советнички места, а нејзиниот кандидат Курто Дудуш беше избран за градоначалник. На парламентарните избори 2024 Унија на Роми беше дел од „Европски фронт“.

Тоа значи дека кај оваа партија постојат повеќе изборни основи кои можат да влијаат врз конечната распределба.

ДСР – 6,09 милиони денари

На Демократските сили на Ромите – ДСР им се исплатени 6.093.510 денари. ДСР на парламентарните избори 2024 беше дел од „Твоја Македонија“, додека на локалните избори 2025 настапуваше и самостојно во Шуто Оризари, каде освои 706 гласа и еден советник. Партијата истовремено учествуваше и во коалициски листи во други општини.

Затоа износот од 6,09 милиони денари не може да се објасни само со еден освоен советнички мандат.

Сојуз на Ромите – 5,26 милиони денари

Сојуз на Ромите од Македонија добил 5.256.649 денари. На локалните избори во Шуто Оризари партијата освои 639 гласа и еден советник, додека на парламентарните избори 2024 беше дел од „Коалицијата за европска иднина“.

ДПР – речиси пет милиони денари

Демократската партија на Ромите – ДПР добила 4.977.695 денари. ДПР беше дел од „Твоја Македонија“ на парламентарните избори 2024, а на локалните избори 2025 имаше и самостојни советнички листи.

Овој пример е интересен бидејќи Законот овозможува партија што на локални избори ќе го надмине прагот од 1% од гласовите на избирачите што гласале во конкретната општина да стекне право на еднаквиот дел од финансирањето, дури и кога нема освоен советник.

Иста коалиција, различни износи

Особено интересна е споредбата меѓу ДСР, ДПР, РОМ и ОПЕР. Сите биле дел од „Твоја Македонија“ на парламентарните избори 2024, но во 2026 добиле многу различни износи:

ДСР – 6.093.510 денари
ДПР – 4.977.695 денари
РОМ – 1.192.411 денари
ОПЕР – 634.504 денари

Ова покажува дека самото членство во парламентарна коалиција не значи автоматски еднаква распределба на државните средства меѓу сите партии членки. Релевантни се изборниот резултат, освоените мандати и начинот на кој коалициските партнери ја договориле распределбата.

ПЦЕР, кој на парламентарните избори 2024 беше дел од „Храбро за Македонија“, во 2026 добил 1.244.424 денари, додека ПДПР добила 711.099 денари.

Клучното прашање: од каде точно доаѓа секој денар?

Од јавно достапните документи може да се утврди колку пари реално се исплатени, кои партии настапувале самостојно и кои биле дел од коалиции.

Но не е јавно разложено колкав дел од конечниот износ на секоја партија произлегува од прагот од 1%, колкав од парламентарните и локалните мандати, а колкав од распределбата договорена меѓу коалициските партнери.

Затоа 24 Вакти ќе побара од Министерството за правда и ДИК официјална пресметка за распределбата на средствата за 2026 година, како и документите врз основа на кои е утврден уделот на секоја политичка партија.

Таа пресметка треба да даде одговор на најважното прашање: како точно се стигнало од изборните резултати и коалициските договори до 6,37 милиони денари за една партија, 6,09 милиони за друга, а само 634 илјади денари за трета?

Анализата на 24 Вакти е изработена врз основа на официјалните трезорски трансакции од „Отворени финансии“, податоци и документи од ДИК, ДЗР и ДКСК, конечните изборни резултати и Законот за финансирање на политичките партии.

————————————————————————————————————————————————————————————————————–

„Дополнување: 9 октомври 2026 година“

РЕАКЦИЈА НА УНИЈА НА РОМИ ЗА БУЏЕТСКОТО ФИНАНСИРАЊЕ ВО 2026 ГОДИНА

По објавувањето на анализата на 24ВАКТИ за буџетското финансирање на ромските политички партии, до редакцијата пристигна реакција од Унија на Роми.

Од партијата наведуваат дека средствата од 6.372.464 денари за 2026 година произлегуваат исклучиво од локалните избори во 2025 година, а не од парламентарните избори во 2024 година. Воедно, посочуваат дека на локалните избори настапиле самостојно.

Во првичната анализа, 24ВАКТИ ги разграничува изборните настапи на партијата во 2024 и 2025 година, а за точно утврдување на основот и начинот на пресметка на средствата веќе е најавено барање официјална документација од Министерството за правда и ДИК.

——————————————————————————————————————————————————————————————————————–

]]>
М-р Даниел Петровски од Институтот „Марко Цепенков“ со излагање за ромската свадбена музика на симпозиумот на ICTMD https://24vakti.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b4-%d1%80-%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b5%d0%bb/ Wed, 23 Sep 2026 20:50:44 +0000 https://24vakti.mk/?p=20720 Денеска во Виена официјално беше отворен 10-тиот јубилеен меѓународен научен симпозиум на Студиската група за музика и танц во Југоисточна Европа при Меѓународниот совет за традиционална музика и танц (ICTMD). Овој престижен научен собир, кој годинава се одржува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена (mdw) во соработка со
Центарот за истражување на музика и малцинства (MMRC), ќе трае до 29 септември.
Настанот привлече голем број еминентни научници, професори и истражувачи од цела Европа кои ќе дебатираат на клучни теми поврзани со миграцијата, активизмот и економските аспекти на музиката и танцот во Југоисточна Европа.
Меѓу присутните претставници на меѓународната научна заедница, забележително е учеството на македонскиот комитет при ICTMD. Како дел од македонската делегација, своја презентација и забележителен говор имаше д-р Даниел Петровски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, кој пред присутните елитни етномузиколози отвори исклучително важна тема за културниот идентитет во современоста.
Фокусот на неговото излагање беше ставен на „Ромската свадбена музика и нејзината улога во креирањето на перформансите за време на свадбените обичаи“. Во рамките на говорот, Петровски елаборираше како оваа специфична музичка традиција не претставува само придружен елемент на прославите, туку дејствува како моќен кохезивен фактор во зачувувањето и трансформирањето на ромскиот идентитет преку автентични перформативни форми за време на традиционалните и современите свадбени ритуали.
Симпозиумот во Виена продолжува во следните денови со богата програма која вклучува научни панели, тркалезни маси, како и специјални тематски концерти и работилници насочени кон зачувување на богатото нематеријално културно наследство на Балканот и пошироко.

 

]]>
КОНКУРС за доделување на 1200 (илјада и двесте) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година https://24vakti.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-1200-%d0%b8%d0%bb%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%b8-%d0%b4%d0%b2%d0%b5-2/ Thu, 17 Sep 2026 07:39:06 +0000 https://24vakti.mk/?p=20662 Министерството за образование и наука за учебната 2026/2027 година ќе додели 1200 (илјада и двесте) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои учат во прва, втора, трета и четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската етничка заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

 

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Во учебната 2026/2027 година се доделуваат вкупно 1200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 340 стипендии за средношколци Роми за учебната 2026/2027 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;

2. Во втората категорија се доделуваат 390 стипендии за средношколци Роми за учебната 2026/2027 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;

3. Во третата категорија се доделуваат 250 стипендии за средношколци Роми за учебната 2026/2027 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 – 3.49 во последната учебна година;

4. Во четири категорија се доделуваат 220 стипендии за средношколци Роми за учебната 2026/2027 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 – 2.99 во последната учебна година.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех на оценките.

 

III. НАЧИН, МЕСТО И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 01.10.2026 до 18.10.2026 година.

Потребните документи за доставување се следните:

1. Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2026/2027 година (скенирана);

2. Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II година, кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) – (да се прикачи оригинално Свидетелство скенирано од двете страни на електронската апликација);

3. Трансакциска сметка на име на ученикот (скенирана);

4. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);

5. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);

6. Потврда од ромски регионални здруженија/организации/невладини од местото на живеење на ученикот, со која се потврдува дека ученикот е припадник на ромската етничка заедница (да се скенира и да се прикачи на електронската апликација).

Министерството за образование и наука, согласно своите законски надлежности, го задржува правото по службена должност да изврши проверка на точноста на доставените податоци и документација од точка I на Конкурсот, преку расположливите официјални евиденции и институционални механизми, со цел обезбедување на законито, транспарентно и правилно спроведување на постапката за доделување на стипендии за ученици припадници на ромската етничка заедница.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 20.11.2026 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk.Учениците кои ќе бидат незадоволни од резултатите од Конкурсот по добивањето на Решенијата во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили, имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.  За малолетните ученици, жалбата треба да биде доставена преку нивниот законски застапник, во спротивно истата ќе се смета за неуредна.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00

Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 3.000 денари месечно за девет (9) месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 2.300 денари месечно за девет (9) месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1.700 денари месечно за девет (9) месеци за една учебна година.

Четврта категорија: Стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Висината на стипендијата за четврта категорија изнесува 1.200 денари месечно за девет (9) месеци за една учебна година.

 

Доколку во некоја од категориите не се пополни утврдената квота со соодветни кандидати, неискористениот износ од предвидените средства за стипендии се пренасочува кон друга категорија во која има поголем број соодветни кандидати, со што се зголемува бројот на стипендии во таа категорија. Стипендиите се доделуваат според постигнатиот општ успех, а месечниот износ се определува согласно категоријата во која кандидатот припаѓа врз основа на постигнатиот успех.

https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/stipendii-mon/konkurs-za-dodeluvanje-stipendii-za-ucenici-romi?fbclid=IwY2xjawUYdnpwZG9mBWV4dG4DYWVtAjEwAGJyaWQRMVhsdVkyeUI0YzNnTTc0UWRzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEeamZ6Ap8Qcqj96fneZq9vzu5kVFIN44ASg9tmCMvx6l6lXueu-Mz4f4H3um8_aem_vleRSE5lL35gUmuOl90lZQ

]]>
Потпишани трипартитни договори за продолжување на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“ https://24vakti.mk/%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80/ Wed, 16 Sep 2026 09:01:54 +0000 https://24vakti.mk/?p=20657 Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска присуствуваше на потпишувањето на трипартитните договори за соработка за проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, со кои продолжува поддршката за вклучување на деца Роми од семејства во социјален ризик во јавните општински установи – детски градинки.

„Денес правиме уште еден конкретен чекор за создавање еднакви можности за секое дете. Ниту едно дете не смее да остане надвор од можноста за ран детски развој“, порача министерот Велковски.

Проектот се реализира од 2006 година во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки. Во периодот од 2006 до 2025 година, преку проектот бесплатно се вклучени околу 5.300 деца од ромската етничка заедница.

Од 2018/2019 година, проектот се спроведува преку системски пристап, со вклучување на единиците на локалната самоуправа и ослободување од плаќање партиципација за деца Роми од семејства во социјален ризик. Со мерката се опфатени деца чии родители се корисници на гарантирана минимална помош, деца Роми сместени во згрижувачки семејства, деца на самохрани родители, како и деца од повеќечлени семејства со еден вработен родител кој прима минимална плата.

Во учебната 2025/2026 година, во јавните детски градинки на национално ниво се запишани 526 деца Роми, од кои 180 деца од семејства во социјален ризик се опфатени со ослободување од партиципација.

За учебната 2026/2027 година, предвидено е проектот да продолжи со поддршка во 22 општини, со планиран опфат од 390 деца Роми од семејства во социјален ризик.

Министерот Велковски нагласи дека инклузијата не значи само запишување на детето во градинка, туку создавање услови тоа да расте, да се социјализира, да учи и да се развива заедно со своите врсници.

„Нашата цел е јасна – еднакви можности за секое дете. Искуството од изминатите години ни покажува што дава резултати. Следниот чекор е добрите механизми да ги вградиме во системот и да обезбедиме одржлива поддршка за децата и семејствата во социјален ризик“, истакна Велковски.

Тој ја истакна и важноста на партнерството меѓу централната и локалната власт, како и со детските градинки, бидејќи само преку заедничко дејствување може да се постигнат трајни резултати.

„Инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на државата. Кога му даваме шанса на едно дете денес, создаваме подобро општество утре“, порача министерот Велковски.

Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на унапредување на инклузивноста и создавање одржливи механизми за пристап до предучилишно образование, особено за децата и семејствата во социјален ризик.

]]>
МВР: Повеќе од 20 дуќани изгореа во пожарот во Шуто Оризари, сите во сопственост на едно лице https://24vakti.mk/%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b5-%d0%be%d0%b4-20-%d0%b4%d1%83%d1%9c%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b6%d0%b0%d1%80/ Fri, 11 Sep 2026 09:59:05 +0000 https://24vakti.mk/?p=20648 Над 20 дуќани со текстилна и друга роба се опожарени во големиот пожар кој рано утринава избувна во трговски центар во Шуто Оризари.

-Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема, информира МВР.

Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со шест противпожарни возила.

Од полицијата посочуваат дека ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

]]>
Шуто Оризари одбележува 30 години од основањето на општината со дводневниот фестивал „Машкари аменде https://24vakti.mk/%d1%88%d1%83%d1%82%d0%be-%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-30-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d1%81%d0%bd/ Thu, 10 Sep 2026 12:58:11 +0000 https://24vakti.mk/?p=20645
Шуто Оризари одбележува 30 години од основањето на општината со дводневниот фестивал „Машкари аменде“, кој ќе се одржи на 11 и 12 септември. Програмата опфаќа детски и младински работилници, изложба, ромска поезија и бесплатни концерти на плоштадот во општината.

Фестивалот го организира Европскиот ромски институт за уметност и култура, ЕРИАК, во партнерство со Општина Шуто Оризари. Организаторите најавуваат програма посветена на културата, наследството и современото творештво на ромската заедница.

Првиот фестивалски ден, 11 септември, е наменет за децата и младите и ќе се одржи во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“. Од 9:30 до 15:30 часот ќе се одржат работилници за текстилна уметност, физички театар и ромско раскажување, како и заедничко сликање мурал во боите на ромското знаме.

Работилницата „Текстилни херои“, предводена од Луна де Роса и Ахмед Кадри, ќе им овозможи на децата да создаваат текстилни панели посветени на ромски личности што ги инспирираат. Панелите потоа ќе бидат обединети во заедничка поставка.

Неџо Осман ќе ја води театарската работилница за млади, поврзана со наследството на ромскиот театар „Пралипе“, основан во Шуто Оризари во 1970 година. Џемилијана Абдулова ќе одржи работилница за ромско раскажување преку сеќавања, песни, говор и традиции на ромски јазик.

Изложба и ромска поезија на вториот ден

Програмата на 12 септември започнува во 15 часот во просториите на Општина Шуто Оризари. На отворањето ќе се обратат градоначалникот Курто Дудуш и Мануела Демир Кариман, раководителка на програмата за гордост и работа со заедниците при ЕРИАК.

Во 15:20 часот ќе биде отворена патувачката изложба „Ромски отпор“, развиена од ЕРИАК. Потоа, од 15:30 часот, следува програмата „Ромска поезија“, во која Неџо Осман ќе го претстави наследството на театарот „Пралипе“, со читања на Севдија Демирова Абдулова и Сафет Камбер.

Бајса Арифовска и „Дијалектика“ на општинскиот плоштад

Музичкиот дел од фестивалот започнува во 19 часот на плоштадот во Шуто Оризари. Први ќе настапат младите музичари од Roma Rock School Band.

Во 19:45 часот ќе настапи македонската ромска мултиинструменталистка Бајса Арифовска со проектот „Дијалектика“. Проектот ги поврзува балканската, медитеранската, северноафриканската и ромската музичка традиција. Со Арифовска ќе настапат Полис Ефраимидис од Грција, Кари Иконен од Финска и Дамир Мазрек од Словенија.

Gipsy Groove Band од Косово ќе настапи во 20:35 часот со спој на традиционална ромска музика, балкански ска и реге. Вечерта ќе заврши со настап на диџеј Бате, закажан за 21:30 часот.

Влезот за сите фестивалски содржини е бесплатен.

Програма за 11 септември

  • 9:30 до 11:30 часот: „Текстилни херои“ со Луна де Роса и Ахмед Кадри
  • 9:30 до 11:30 часот: театарска работилница со Неџо Осман
  • 9:30 до 11:30 часот: работилница за ромско раскажување со Џемилијана Абдулова
  • 12:00 до 14:00 часот: заедничко сликање мурал
  • 13:30 до 14:30 часот: „Текстилни херои“ со Ахмед Кадри
  • 13:30 до 14:30 часот: работилница за ромско раскажување со Џемилијана Абдулова
  • 15:00 до 15:30 часот: заедничко затворање на денот

Програма за 12 септември

  • 15:00 часот: официјално отворање
  • 15:20 часот: отворање на изложбата „Ромски отпор“
  • 15:30 часот: програма „Ромска поезија“
  • 19:00 часот: отворање на музичкиот фестивал
  • 19:20 часот: Roma Rock School Band
  • 19:45 часот: Бајса Арифовска и „Дијалектика“
  • 20:35 часот: Gipsy Groove Band
  • 21:30 часот: диџеј Бате
]]>
Општина Шуто Оризари и Општина Бојник го означија почетокот на реализацијата на проектот „CULTURoma“ https://24vakti.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%83%d1%82%d0%be-%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b8%d0%ba/ Wed, 22 Jul 2026 10:17:54 +0000 https://24vakti.mk/?p=20615 Општина Шуто Оризари и Општина Бојник од Република Србија официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот:

„Премостување на културите преку наследството: зајакнување на ромската младина и промоција на одржлив туризам во Бојник и Шуто Оризари – културно единство и туризам за зајакнување на Ромите“, со акроним „CULTURoma“.

Проектот се спроведува во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, финансирана од Европската Унија.

Партнерскиот договор го потпишаа градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, претседателот на Општина Бојник, Небојша Ненадовиќ и претседателот на невладината организација Иницијатива за развој на заедниците – Скопје Амет Јашар со што беше потврдена заедничката заложба за навремена и успешна реализација на проектните активности.

 

Фотографија од потпишувањето на договорот одблиску

Проектот ќе се реализира во период од 36 месеци, а неговата вкупна вредност изнесува 575.840,16 евра. Од овој износ, 489.464,14 евра (односно 85 проценти) претставуваат средства обезбедени од Европската Унија.

Во рамките на проектот, за активностите што ќе се реализираат од страна на Општина Шуто Оризари се предвидени средства во износ од околу 226.000 евра, вклучувајќи ги средствата за градежните работи, надзорот, набавката на опрема, организацијата на културните настани и другите проектни активности.

Активности што ќе ги реализира Општина Шуто Оризари

Една од најзначајните активности е реконструкцијата и уредувањето на паркот и просторот за културни настапи во Шуто Оризари. Со оваа инвестиција ќе се создаде функционален и современо уреден јавен простор кој ќе може да се користи за културни манифестации, театарски настапи, концерти, младински активности и други јавни настани.

Во рамките на оваа активност, Општина Шуто Оризари ќе биде одговорна и за спроведување на соодветен стручен надзор над градежните работи. За реконструкцијата на паркот во проектниот буџет се предвидени 138.640 евра, а за надзор на работите 4.159 евра.

Општина Шуто Оризари ќе спроведе и набавка на опрема за организирање културни и јавни настани на отворено. Опремата ќе вклучува мобилна сцена, систем за озвучување, сценско осветлување, компјутерска и друга придружна опрема потребна за организирање културни, едукативни и младински активности. По завршувањето на проектот, набавената опрема ќе остане во сопственост на Општина Шуто Оризари. За оваа набавка се предвидени 60.020 евра.

Во Шуто Оризари ќе бидат организирани и два посебни културни настани, секој со предвидено учество од околу 100 лица. Настаните ќе бидат насочени кон промоција на ромската култура, традиција и творештво, како и кон поголемо вклучување на младите и локалната заедница.

Како нова традиционална манифестација ќе се организира и „Културно лето на Шуто Оризари“, преку кое ќе бидат претставени ромската музика, танц, театар, култура и други форми на уметничко изразување. Проектот предвидува оваа манифестација да продължи да се организира и по завршувањето на проектот.

 

Фотографија од заедничката средба на делегациите

Општината ќе учествува и во мобилизирањето на младите, локалните установи, културните работници и другите заинтересирани страни. Младите од Шуто Оризари ќе имаат можност да учествуваат во прекугранични размени, подготовки и изведби на младински театарски претстави, како и во заеднички активности со млади од Општина Бојник.

Во останатите заеднички проектни активности, како што се мапирањето на ромското културно наследство, изработката на прекуграничната културна мапа, заедничката туристичка понуда, промотивното видео и документарниот филм, Општина Шуто Оризари ќе обезбедува податоци, пристап до локални институции и културни локалитети, ќе ги потврдува содржините и ќе учествува во нивната промоција. Носител на овие активности ќе биде проектниот партнер ИРИЗ.

По потпишувањето на договорот, претставниците на двете општини одржаа работен состанок на кој беа разгледани почетните активности, роковите, финансиските обврски и начинот на координација меѓу проектните партнери.

Курто Дудуш, градоначалник на Општина Шуто Оризари:
„Проектот претставува значајна можност за подобрување на јавната и културната инфраструктура во Општината, за поголемо вклучување на младите и за меѓународна промоција на богатото ромско културно наследство.“

Небојша Ненадовиќ, претседател на Општина Бојник:
„Ја нагласувам важноста на партнерството и заедничката работа на двете општини, како основа за создавање трајни културни, туристички и институционални врски.“

Со реализацијата на проектот „CULTURoma“, Општина Шуто Оризари продолжува со активното користење на европските фондови и со реализација на конкретни инвестиции во културната инфраструктура, младите, локалниот развој и промоцијата на ромското културно наследство.

Извор: https://sutoorizari.gov.mk/?p=5874

]]>
Ерџан Демир ја презеде функцијата министер без ресор: Нов импулс за Стратегијата за инклузија на Ромите https://24vakti.mk/%d0%b5%d1%80%d1%9f%d0%b0%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%80-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%b4%d0%b5-%d1%84%d1%83%d0%bd%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd/ Tue, 14 Jul 2026 10:37:33 +0000 https://24vakti.mk/?p=20610 СКОПЈЕ – Со изборот на новиот владин состав, Ерџан Демир ја презеде функцијата министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, наследувајќи го Шабан Салиу, кој ја извршуваше оваа функција од 2024 година.

Демир е дипломиран економист и долгогодишен политички активист, а во јавноста е познат како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари. Пред именувањето за министер, Демир ја извршуваше должноста национален координатор за креирање и следење на националните стратегии и политики за немнозинските заедници во Владата, позиција што ја вршеше во периодот од 2025 до 2026 година. Неговото именување се оценува како можност за продолжување на политиките насочени кон подобрување на положбата на ромската заедница и поефикасна координација на институциите во спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите.

Во изминатите две години, ресорот со кој раководеше Шабан Салиу беше фокусиран на подготовка и спроведување на Националните акциски планови, работа на Националното координативно тело за следење на Стратегијата, соработка со општините, како и реализација на проекти во партнерство со ОБСЕ, Европската Унија и други меѓународни организации. Во овој период беа организирани повеќе работилници, јавни кампањи за важноста на образованието, активности за размена на искуства со земјите од регионот и иницијативи за подобрување на инклузијата на Ромите.

Како министер без ресор, Ерџан Демир  има задача  да ја следи реализацијата на мерките од Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, да ја координира работата меѓу министерствата и институциите, да предлага нови политики и да обезбеди поефикасно користење на националните и меѓународните средства наменети за инклузија на Ромите.

Пред новиот министер стојат значајни предизвици. Ромската заедница и понатаму очекува конкретни резултати во областа на вработувањето, образованието, здравствената заштита, домувањето, личната документација, борбата против дискриминацијата и поголемата застапеност на Ромите во јавната администрација. Дополнително, еден од клучните приоритети ќе биде навременото спроведување на активностите предвидени во Стратегијата за инклузија на Ромите до 2030 година.

Како ромски медиум, 24ВАКТИ ќе продолжи внимателно да ја следи работата на институцијата и активностите на министерот Ерџан Демир, со фокус на реализацијата на ветените политики и нивното влијание врз секојдневниот живот на ромската заедница.

]]>
ЕЦПР БАРА ОБВИНЕНИЕ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ОТКАКО 14-ГОДИШНО РОМСКО МОМЧЕ БЕШЕ ИЗБОДЕНО 7 ПАТИ И ОСТАВЕНО ДА УМИРА ВО СКОПЈЕ https://24vakti.mk/%d0%b5%d1%86%d0%bf%d1%80-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%b1%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be/ Tue, 07 Jul 2026 13:28:39 +0000 https://24vakti.mk/?p=20597 Брисел, 7 јули 2026: Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) им се обрати на Основното јавно обвинителство и на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, повикувајќи ги истражните органи да спроведат ефикасна кривична истрага во врска со обидот за убиство на 14-годишно ромско момче кое беше нападнато од тројца возрасни мажи во Скопје. Против напаѓачите е поднесена кривична пријава за кривичното дело “насилство врз дете”, квалификација која ЕЦПР ја смета за
потполно несоодветна.

На 22 јуни 2026 година, четиринаесетгодишно ромско момче од населбата Маџари беше намамено преку телефонски повик во парк близу Финска улица во Ченто, општина Гази Баба, каде што тројца возрасни мажи (кои полицијата подоцна ги идентификуваше под иницијалите Ј.Ј., В.А. и В.С., извршија координиран напад. Според мајката на жртвата, која зборуваше за Слободен Печат и Либертас, еден напаѓач го удри момчето по главата со огнено оружје, вториот го претепа по телото, а третиот го избоде седум пати во грбот со нож.

Напаѓачите го оставија момчето без свест во паркот; минувач го пронашол и ги повикал итните служби. Детето беше подложено на итна хируршка интервенција. На 2 јули, Министерството за внатрешни работи потврди во соопштение дека тројца возрасни лица од Скопје “биле лишени од слобода бидејќи физички нападнале малолетник и го повределе со остар предмет.” Полицијата поднела кривична пријава за “насилство врз дете” согласно член 201а од
Кривичниот законик.

Мајката на момчето, Џељана Селими, во изјава за медиумот Слободен Печат, рекла дека полицијата го третира случајот само како насилство, а не како обид за убиство, иако еден од напаѓачите бил вооружен со Калашников, а другиот со нож. Г-ѓа Селими истакна дека нејзиниот син немал претходни конфликти
со никого и дека мотивот за нападот останува целосна мистерија за семејството:

“Прашав како се води случајо т. Ми рекоа дека случајо т не се води како ‘обид за убис тво’, туку како
‘насилс тво’. Реков: како е ова можно? Нема логика. Обидо т за убист во е едно, насилс твот о е друго.
Ми рекоа дека тоа не е нивна рабо та, дека не можа т ниш то, дека треба да ангажирам адвока т и да
видам ш то ќе биде пона таму. Обвини телс т во то не ме повикало. Не сакам случајо т да ос тане вака.
Денес му се случи на мое то де те, у тре може да му се случи на друго де те“, рече таа.

Момчето во меѓувреме е пуштено од болница и се опоравува дома. Сепак, неговата мајка изјавила дека  и таа и нејзиниот син се чувствуваат небезбедно и исплашено во сопствениот дом. Според локалниот монитор за човекови права на ЕЦПР, во досегашното известување не се споменуваат никаква психосоцијална поддршка или полициски мерки за заштита на момчето и неговото семејство, што укажува на целосно отсуство на безбедност и поддршка за жртвата
ЕЦПР бара преквалификација на обвинението ЕЦПР побара истражните органи да го преквалификуваат нападот како обид за убиство согласно член
123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, наместо полесното дело “насилство врз дете” за кој ЕЦПР БАРА ОБВИНЕНИЕ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО ОТКАКО 14-ГОДИШНО РОМСКО МОМЧЕ БЕШЕ ИЗБОДЕНО 7 ПАТИ И ОСТАВЕНО ДА УМИРА ВО СКОПЈЕ полицијата поднела кривична пријава. Отежнатата форма согласно член 123(2) е поткрепен со следниве факти: тројца координирани напаѓачи вооружени со Калашников и нож, седум насочени убодни рани во грбот и употреба на телефонски повик за намамување на жртвата, кое укажува на претходна подготовка.

Претседателот на ЕЦПР Ѓорѓе Јовановиќ изјави: “Тројца полноле тни мажи, вооружени со Калашников и нож, намамија ромско де те во парк и го ос тавија да умира. Ова да се нарекува ‘насилс тво врз де те’ е навреда кон жртва та и нејзино то семејс тво. Очекуваме обвини телс тво то да поднесе обвинение кое ќе ја одрази целокупнат а тежина на она ш т о се случило.” ЕЦПР исто така ги повика властите да издадат јавно соопштение со кое ќе ја разјаснат правната квалификација на случајот, да му обезбедат на семејството формална писмена информација за обвиненијата и временската рамка, и да применат посебни заштитни мерки за дете-жртва согласно
Законот за правда за децата. Мотив заснован на предрасуди и меѓународни обврски Ниту едно медиумско известување досега не го споменало етничкото потекло на жртвата. Сепак, ромски новинар и извори од заедницата потврдиле дека момчето е Ром и дека потекнува од ромската мнозинска
населба Маџари во Скопје. Иако не се пријавени расистички навреди, ромскиот идентитет на жртвата,
тежината на насилството и целосното отсуство на каква и да е алтернативна причина за нападот
оправдуваат темелна истрага за тоа дали пристрасност имала улога во случајот.

Македонското законодавство бара судовите да утврдат дали кривичното дело било мотивирано од расата, етничката припадност или припадноста на жртвата на маргинализирана група. Доколку истражителите пропуштат да ја испитаат потенцијалната мотивација заснована на предрасуди, Северна Македонија би ги прекршила своите обврски согласно Европската конвенција за човекови права и повеќе конвенции на ОН за расна дискриминација и правата на детето.

]]>