Advertise with Googlier.com аларм – BabinLEK https://babinlek.com Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes Tue, 10 Mar 2020 21:09:06 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.8.11 Ова се МЕРКИТЕ на Влада за Корона вирусот ! https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/ https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/#respond Tue, 10 Mar 2020 21:10:49 +0000 http://babinlek.com/?p=13135

Да се прекине воспитно-образовниот процес во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 дена, на територијата на цела држава, а од работа да се ослободат вработените во училиштата. За еден родител на дете до 10 години да се дозволи отстуство 14 дена. Се прекинува наставата на факултетите во цела држава и во научни институти ...
(Visited 652 times, 1 visits today)
]]>

Да се прекине воспитно-образовниот процес во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 дена, на територијата на цела држава, а од работа да се ослободат вработените во училиштата.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

За еден родител на дете до 10 години да се дозволи отстуство 14 дена.

Се прекинува наставата на факултетите во цела држава и во научни институти

Се забрануваат масовни собири со над 1.000 учесници во наредните 14 дена, а се препорачува и да се откажат и да не се организираат настаните со учесници под илјада лица.

Се забрануваат спортски натпревари со публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на лица кои доаѓаат од ризични држави.

Се забранува извоз на медицинска опрема и средства и материјали, а во врска со тоа што може да биде потребно за третман на заболени

Се препорачува возрасни и ризични групи да избегнуваат јавен превоз.

Се препорачува да не се патува во ризичните земји.

ДИК да ги ослободи од процесот на подготовка за изборите за вработените од јавноздравствени установи.

Се воведува хелт локатор за сите летови.

Се забранува организиран меѓународен автобуски превоз кон високо ризични земји.

Се зајакнува присуството на волонтерите од Црвен крст на сите премини.

Препорака до сите органи на државната управа и приватните компании за времен прекин на работа на бремени и хронично болни.

Владините институции ги прекинуваат сите организирани настани, конференции и патувања.

Од Владата исто така, повторно апелираат да се почитуваат мерките за превенција од коронавирусот.

(Visited 652 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/ova-se-merkite-na-vlada-za-korona-virusot/feed/ 0
Што му прави коронавирусот на телото – орган по орган https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/ https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/#respond Tue, 25 Feb 2020 14:55:09 +0000 http://babinlek.com/?p=13130

Многу нешта не се познати за коронавирусот, но со сигурност се знае колку може да биде разорен за човечкиот организам. По тоа е сличен со други вируси што се пренесуваат од животни на човек, како што се САРС и МЕРС. Моменталната стапка на смртност од коронавирусот е за една петтина помала од онаа на САРС, ...
(Visited 2,485 times, 1 visits today)
]]>

Многу нешта не се познати за коронавирусот, но со сигурност се знае колку може да биде разорен за човечкиот организам. По тоа е сличен со други вируси што се пренесуваат од животни на човек, како што се САРС и МЕРС. Моменталната стапка на смртност од коронавирусот е за една петтина помала од онаа на САРС, но се шири побрзо од него. Коронавирусот толку многу личи на САРС генетички што го нарекуваат и негов наследник.

Не може со сигурност да се каже кои размери може да ги достигне заразата ако се рашири, но водечкиот епидемиолог Габриел Леунг од Хонгконг неодамна предупреди дека дури 60 отсто од светската популација може да се заразат ако не се заузда ширењето на вирусот. Според извештајот за клиничките детали за првите 72.314 пациенти кај кои бил дијагностициран вирусот, изработен од страна на кинескиот Центар за контрола и превенција на заразните болести, 2,3 отсто од пациентите починале по заразувањето со коронавирусот, што значи дека моментално е 23 пати пофатален од сезонскиот грип. Тешката здравствена состојба и смртноста не одминуваат ниедна старосна група, освен децата помали од 9 години.

Што, всушност, му се случува на човековото тело при борбата со коронавирусот? Да погледнеме од орган до орган.

Белите дробови: нулта точка

Во повеќето случаи болеста почнува и завршува во белите дробови бидејќи како и грипот, коронавирусите се респираторни болести. Заразата се пренесува со искашлување или кивање на заразени лица. Симптомите на почетокот се слични на грип: пациентот чувствува треска и кашла. Состојбата потоа може да се влоши и да дојде до пневмонија или полошо.

Болеста настанува така што коронавирусот многу брзо ги напаѓа клетките на белите дробови. Има два вида такви клетки: оние што создаваат слуз и оние што имаат влакненца со чија помош ги чистат дишните патишта. Слузта ги штити белите дробови од патогени и оневозможува сушење на белите дробови, додека клетките со влакненца отстрануваат отпад како полен или вируси. Како и САРС, така и коронавирусот се претпоставува дека ги напаѓа токму тие клетки, со што отпадот и честичките влегуваат во белите дробови.

Поради присуството на вирусниот непоканет гостин, нашиот имунолошки систем се активира и настанува воспаление кое обично е локализирано на едно подрачје. Сепак, може да дојде до прејак одговор на организмите на вирусната инфекција, па нашиот имунолошки систем да почне да уништува сè пред себе, па дури и здравото ткиво.

Со тоа влегуваме во последната фаза. Продолжува разорувањето на белите дробови, кое може да има смртоносен исход. Ако пациентот преживее, можни се трајни оштетувања. На пример, многу преживеани пациенти што боледувале од САРС добиле лузни на белите дробови слични на пчелично саќе, а тоа е забележано и кај оние што заболеле од коронавирусот. Во оваа фаза пациентите дишат со помош на апарати.

Оштетувањата, односно дупчињата на белите дробови веројатно настануваат поради прејака реакција на нашиот имунолошки систем, при што се создаваат лузни и белите дробови стануваат покрути.

Поради воспалувањето, мембраните меѓу алвеолите и крвните садови стануваат попропустливи и белите дробови може да се наполнат со течност. При тешки воспаленија белите дробови се полнат со течност, па пациентот не може да дише и често доаѓа до смрт.

Желудник: влез во организмот

Некои заболени имаат дијареја и болки во стомакот, но сè уште нема податоци за тоа дали гастроинтестиналните симптоми се застапени во случај на оваа зараза. Ако се прашувате каква врска има болеста на дишните патишта со желудникот и цревата, одговорот лежи во природата на секој вирус да се врзе со протеините што човекот ги внесува во организмот. Така, за вирусите, желудникот е сигурен начин за влез во човековото тело.

Не се знае дали може коронавирусот, како што е случај со САРС и МЕРС, да продре во дебелото и тенкото црево и да предизвика обилна дијареја. Според податоците од две неодамнешни студии, коронавирусот е детектиран и во примероци на столица на заразени и е нужно испитувањето дали заразата може да се пренесе и по тој пат.

Крвоток: хаос

По веќе споменатиот прејак одговор на имунолошкиот систем на инфекцијата, и другите системи во човековото тело може да бидат погодени од коронавирусот. Во ретки случаи пациенти претрпеле срцев удар, како и акутно оштетување на бубрезите. Ангела Расмусен, виролог од Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк, смета дека во случај на зараза со коронавирусот во крвотокот се случува таканаречена „цитокинска бура“.

Цитокините се протеини кои го предупредуваат имунолошкиот систем на местото на кое се јавува инфекција за да се уништи заразеното ткиво и да се спаси остатокот од организмот. Проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува прејак одговор на имунолошкиот систем, кој потоа освен заразените клетки го напаѓа и здравото ткиво.

Всушност, доаѓа до внатрешно крвавење, како што објаснува Расмусен. Во некои од најтешките случаи повеќе органи престануваат со работа по цитокинот и намалениот капацитет на внесување кислород во телото. Научниците сакаат да откријат во каква врска се хроничните болести, како срцевите проблеми или дијабетесот, со компликациите што ги предизвикува вирусот.

Црниот дроб: колатерална штета

Вирусите што се пренесуваат од животни на човек, што е случај со коронавирусот, неретко го погаѓаат и црниот дроб. Црниот дроб произведува ензим кој ги забрзува хемиските процеси во нашето тело. Во здравиот организам клетките на црниот дроб непрестајно изумираат и ослободуваат ензими во крвотокот.

Проблемот настанува кога ензимите ќе го преплават крвотокот, што е зачестено кај пациентите заболени од САРС и МЕРС. Научниците не се сосема сигурни како вирусите на дишните органи се однесуваат во црниот дроб. Постои веројатност да го заразат директно или да дојде до сериозно воспаление по одговор на имунолошкиот систем на заразата.

Престанокот на работата на црниот дроб во случај на вирусот САРС не бил причина за смрт на ниеден пациент. Почесто се случувало пациентот да боледува од системска инфекција и освен со црниот дроб, да има проблеми и со белите дробови и бубрезите.

Бубрези: Сè е поврзано

Неодамнешни студии покажаа дека коронавирусот може да предизвика оштетување и на бубрезите. Иако е реткo, станува збор за смртоносна последица. Токму како и црниот дроб, нашите бубрези имаат задача да ја прочистуваат крвта. Тубулите што се наоѓаат во нив се подложни на воспаленија, додека крвта се филтрира низ бубрезите, клетките на каналчињата може да го заробат вирусот, што доведува до минливо или полесно оштетување. Ако вирусот ги пробие клетките и почне да се размножува, оштетувањето на каналчињата станува опасно за живот.

Цитокинската бура, која веќе ја споменавме, исто така може да предизвика престанок на работата на бубрезите. Важно е да се напомене дека не постојат докази дека вирусите како САРС, а со самото тоа и коронавирусот, можат да се размножуваат во бубрезите.

Престанокот на работата на бубрезите некогаш може да биде предизвикан од антибиотици, умирање на други органи, па дури и ако пациентот предолго е на апарати за дишење.

Бременоста и коронавирусот

Неодамна лекари од Вухан известија за две новороденчиња за кои со тестирање било утврдено дека се заразени со вирусот. Едно од нив се заразило по само 30 часа од раѓањето. Сепак, не постојат докази дека станува збор за пренесување на заразата од мајка на дете. Постојат различни начини на кои детето може да се зарази, како што е породување во болница полна со инфицирани пациенти, смета Расмусен.

Дополнително, резултатите од неодамнешна студија нудат прелиминарни докази кои одат во прилог на тоа дека коронавирусот не може да се пренесува од мајка на дете. Експертите надгледувале девет жени од Вухан што имале воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот. Иако некои од нив имале компликации при породувањето, не постојат докази дека некое дете се родило заразено.

Иако студијата не ја исклучува можноста за пренесување на заразата од мајка на дете во утробата, во неа се наведува дека е нужно да се избегне ширење на непоткрепени претпоставки за дејствувањето на коронавирусот.

Извори: Index, National Geographic

(Visited 2,485 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/shto-mu-pravi-koronavirusot-na-teloto-organ-po-organ/feed/ 0
Поминал рокот на траење – еве што да фрлите ВЕДНАШ, а што може да се јаде https://babinlek.com/pominal-rokot-na-traene-eve-shto-da-frlite-vednash-a-shto-mozhe-da-se-jade/ https://babinlek.com/pominal-rokot-na-traene-eve-shto-da-frlite-vednash-a-shto-mozhe-da-se-jade/#respond Thu, 10 Jan 2019 13:50:14 +0000 http://babinlek.com/?p=13069

Ако им помине рокот, месото и сладоледот секако фрлете ги, рибата нема да прави проблеми иако нема да биде вкусна, а доматот фрлете го само ако се појави мувла или мирис на алкохол Роковите на храната постојат со јасна намера за заштита на здравјето на луѓето и намалување на можноста за зараза од бактерии од ...
(Visited 1,535 times, 1 visits today)
]]>

Ако им помине рокот, месото и сладоледот секако фрлете ги, рибата нема да прави проблеми иако нема да биде вкусна, а доматот фрлете го само ако се појави мувла или мирис на алкохол

Роковите на храната постојат со јасна намера за заштита на здравјето на луѓето и намалување на можноста за зараза од бактерии од храната, но кај некои намирници многу подобро е да сметате на тестот на мирисот и бојата, бидејќи може да се случи да фрлиме храна која се уште е добра. Кампањата Лав Фуд Хејт Вејст истакнува дека само во Велика Британија секоја година се фрлаат 7.000.000 тони храна и пијалаци на кои им истекол рокот на траење, а можеле да се изедат, пишува Дејли Мејл.

Домати

Овој вкусен зеленчук најчесто не доаѓа со декларација, но многу луѓе фрлаат домати ако лушпата се смачка. За разлика од друг зеленчук, доматите стануваат послатки ако стојат малку подолго. Дури и ако меснатата внатрешност потемне и понатаму се добри, само треба да се излупи лушпата. Ќе знаете дека се расипани ако на нивната површина се појави мувла, ако станале воденести или смрдат на алкохол.

Риба

Филетите од свежа риба, како лосос или туна, можат да останат свежи со недели откако ќе се спакуваат, под услов да стојат во фрижидер. По тоа време и понатаму можат да се јадат, но нема да имаат толку добар вкус. Свежата риба понекогаш патува две до три недели по фаќањето до купувачот, па кога се купува треба да се обрне посебно внимание. Белата риба треба да има проѕирна и сјајна кожа, таа е без мирис и цврста ако се притисне. Ако почувствувате мирис сличен на амонијак, не ја купувајте бидејќи мирисот доаѓа од распаѓањето на киселината во месото, а најлошата риба изгледа зеленкасто.

Сладолед

Дури и ако се чува во замрзнувач, сладоледот има кус век на траење бидејќи има висок удел на масти во себе, кои лесно се расипуваат. Три месеци по истекот на рокот ќе се изгуби целиот мирис, а најдобро е да не се јаде откако ќе му помине рокот. Расипаниот сладолед можете да го препознаете по темната боја и киселиот вкус.

Паштети и колбаси

Кај фабрички обработеното месо паметно е строго да се држите до рокот на употреба, бидејќи во спротивно може да дојде до труење. При обработката месото е изложено на бактерии како Е.коли и листерии, а заразеното месо може да се препознае по темните делови. Ако површината на колбасите е леплива, наместо мазна и сјајна, или пак примиле потемна боја, најдобро е да ги фрлите.

Јогурт

Овој млечен производ може да се јаде долго откако ќе истече рокот на употреба, но само ако не бил отворен. Во процесот на ферментација млекото се стабилизира така може долго да трае, но сепак треба да се фрли на првата појава на мувла, која на јогуртот може да се појави во сите бои.

Јајца

Јајца во лушпа стојат во фрижидер од три до пет недели, свежа жолчка од два до четири дена, а тврдо варени јајца една недела. Лесно изматени јајца може да се чуваат во замрзнувач до една година. Јајцата сместете ги во најстудениот дел од фрижидерот, не во делот на вратата. За да го тестирате јајцето, ставете го во сад со вода. Ако стои на површината фрлете го, ако потоне смеете да го јадете.

Брашно и зачини

Зачините како чили во прав и пипер можат да траат шест месеци подолго од истекот на рокот на траење, ако на нив е означено дека се пастеризирано со пареа или зрачени, што значи дека се третирани во нив да се убијат сите микроби и габи. Тие микроскопски организми живеат на суви намирници како брашното и зачините. Тие тешко можат да се видат со голо око, но можат да се забележат мали црни точки кај ставање на брашн и зачини во храната. Ако ги видите, фрлете ги намирниците.

Пилешко

За разлика од рибата, пилешкото се расипува многу брзо. Ако почувствувате мирис на труло или киселина, измијте го месото под вода и повторно помирисајте го. Ако и понатаму има мирис, фрлете го. Генерално, опасно е да се јаде пилешко три дена по истекот на рокот поради можност од зараза од салмонела и слични бактерии.

(Visited 1,535 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/pominal-rokot-na-traene-eve-shto-da-frlite-vednash-a-shto-mozhe-da-se-jade/feed/ 0
Дали ќе ве касне комарец – еве како бираат жртви https://babinlek.com/dali-ke-ve-kasne-komarets-eve-kako-biraat-zhrtvi/ https://babinlek.com/dali-ke-ve-kasne-komarets-eve-kako-biraat-zhrtvi/#respond Mon, 13 Aug 2018 10:15:13 +0000 http://babinlek.com/?p=13043

Има луѓе кои се ” имуни” на комарци и спокојно можат да го поминуваат слободното време надвор. Постојат меѓутоа други , кои се како магнет за овие инсекти . Микробиологот Роб Најт објаснува дека привлекувањето на комарците зависи од микроорганизмите на нашата кожа. Овие микроорганизми создаваат различни хемикалии кои се поатрактивни за комарците . Во ...
(Visited 1,618 times, 1 visits today)
]]>

Има луѓе кои се ” имуни” на комарци и спокојно можат да го поминуваат слободното време надвор. Постојат меѓутоа други , кои се како магнет за овие инсекти .

Микробиологот Роб Најт објаснува дека привлекувањето на комарците зависи од микроорганизмите на нашата кожа. Овие микроорганизми создаваат различни хемикалии кои се поатрактивни за комарците .

Во човечката кожа живеат еден трилион бактерии. Ова е само мал дел од вкупно стоте трилиони бактерии бактерии кои живеат во нас и имаат многу важна улога во регулирањето на мирисот на телото . Без бактерии човечката пот не би имала мирис .

За да се докаже кои видови микроби ги привлекуваат комарците , научниците замолиле 48 возрасни мажи да не пијат алкохол, јадат лук и зачинета храна во текот на 24 часа . Покрај тоа, тие требало да не се искапат и да носат синтетика, со цел да соберат цела колекција микроби по кожата. Потоа со помош на стаклени монистри , кои ги втриле во кожата на учесниците , научниците го ” собрале ” мирисот на мажите како мамка за комарци.

Мирисот на 9 од сите 48 мажи останал исклучително привлечен за комарците , а на 7 мажи пак не претставувал никаков интерес . Групата на ” привлечните ” доброволци имале 2,62 пати поголема концентрација на една обична бактерија во споредба со групата на луѓе кои привлекуваат комарци во нормална мера. “Атрактивните” имаат концентрација на оваа бактерија 3,11 пати поголема отколку кај непривлечните луѓе за комарците.

Научниците дошле до заклучок дека мирисот на некои луѓе е природно средство за привлекување или одбивање на комарците .

 

(Visited 1,618 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/dali-ke-ve-kasne-komarets-eve-kako-biraat-zhrtvi/feed/ 0
Ако сте го јаделе ова овошје ќе сте “магнет“ за комарци https://babinlek.com/ako-ste-go-jadele-ova-ovoshje-ke-ste-magnet-za-komartsi/ https://babinlek.com/ako-ste-go-jadele-ova-ovoshje-ke-ste-magnet-za-komartsi/#respond Mon, 13 Aug 2018 10:12:12 +0000 http://babinlek.com/?p=13041

Верувале или не, постојат овошје и зеленчук кои доколку ги јадете ќе бидете магнет за комарци. Па, доколку сте јаделе банана, верувајте комарците ќе долетаат кај вас. Според истражувањата, комарците ги привлекува мирисот на бананата, па доколку сте јаделе од ова овошје, не се чудете ако ве нападне комарец.
(Visited 1,203 times, 1 visits today)
]]>

Верувале или не, постојат овошје и зеленчук кои доколку ги јадете ќе бидете магнет за комарци.

Па, доколку сте јаделе банана, верувајте комарците ќе долетаат кај вас.

Според истражувањата, комарците ги привлекува мирисот на бананата, па доколку сте јаделе од ова овошје, не се чудете ако ве нападне комарец.

(Visited 1,203 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/ako-ste-go-jadele-ova-ovoshje-ke-ste-magnet-za-komartsi/feed/ 0
Без рехидратациска сол не тргнувајте на пат – За зарази, стомачни болки, салмонела, ешерихија https://babinlek.com/bez-rehidratatsiska-sol-ne-trgnuvajte-na-pat-za-zarazi-stomachni-bolki-salmonela-esherihija/ https://babinlek.com/bez-rehidratatsiska-sol-ne-trgnuvajte-na-pat-za-zarazi-stomachni-bolki-salmonela-esherihija/#respond Fri, 10 Aug 2018 09:07:04 +0000 http://babinlek.com/?p=13030

Во најтоплите месеци од годината во нашите климатски услови настинките се исклучително ретки, но не и акутните нарушувања на исхраната. Високите надворешни температури се погодни за појава на инфекции што ги предизвикуваат патогените цревни бактерии, како што се салмонелата и Escherichia coli, шигела (која предизвикува дизентерија). Изворот на заразата обично е загадената храна, а инфекциите ...
(Visited 1,173 times, 1 visits today)
]]>

Во најтоплите месеци од годината во нашите климатски услови настинките се исклучително ретки, но не и акутните нарушувања на исхраната. Високите надворешни температури се погодни за појава на инфекции што ги предизвикуваат патогените цревни бактерии, како што се салмонелата и Escherichia coli, шигела (која предизвикува дизентерија). Изворот на заразата обично е загадената храна, а инфекциите почесто се случуваат на патување. Кон крајот на август и на почетокот од септември почнува и сезоната на ентеровирози, кои се одговорни за повеќето фебрилни состојби кај децата, но и кај возрасните, а нивните причинители влегуваат во групата на цревни вируси.

dete bolki stomakБолки во стомакот

Детето се жали на болки во стомакот, температурата може, но и не мора да биде зголемена, често повраќа, а празнењето е во вид на пролив и зачестено. Ваквата состојба може да потрае и повеќе дена, што заедно со високите надворешни температури може да доведе до значително губење на течноста и до дехидратација. Ентеровирусите може да предизвикаат цела низа симптоми – од висока температура, која не трае долго, до епизоди со повраќања и проливи, болки во грлото, с` до сериозен менингитис.

Течности и минерали

Надоместување на течностите е првото правило за лекување. Со проливот детето губи голема количина минерали, па затоа, освен течноста, треба да се додадат и минерали (натриум, калиум, хлориди, бикарбонати) и гликоза. На пат никако не треба да се тргнува без неколку кесички со орална рехидратациска сол (Humana Elektrolyt, на пример), која треба да се раствори во еден литар извриена вода и потоа оладено да му се даде на детето. А бидејќи цревните нарушувања често се проследени со повраќање, течноста треба да се дава внимателно лажиче по лажиче бидејќи ако наеднаш испие поголема количина, повраќањето може само да се влоши. Зависно од состојбата на малиот пациент и од причинителот на болеста, лекарот ќе препише антибиотик дури по добиената анализа на изметот. Лекувањето со антибиотици се спроведува целно и не се препишува при секоја цревна инфекција, дури и ако е предизвикана од бактерија. Во лекувањето на ентеровирозите важен е надоместокот на течностите и на антипиретиците за снижување на температурата.

Превенција од заразите

Многу важно е да се почитуваат некои правила во подготовката и чувањето на храната во летните месеци. Големо внимание обрнете на миењето на овошјето и зеленчукот.

inside-air-duct-pollen-dustmite klima bakteriiНожот со кој сте сечеле зеленчук или свежо месо (пилешко, на пример) треба добро да се измие по употребата и пред повторно да го користите за сечење други продукти.

Продуктите во фрижидерот треба да бидат строго одвоени – посебно млечните од немлечните и суровите од готвените. Особено треба да се избегнува водата што се кондензира да тече од еден продукт врз друг. Никогаш повторно не замрзнувајте ја храната која еднаш била одмрзната. Јајцата треба да се чуваат во посебен оддел за да не дојдат во допир со другата храна.

Доколку имате намера со дете да патувате во краишта со многу топла клима, како што се тропите и суптропите, обезбедете доволна количина пивка вода спакувана во пластични шишиња. Никогаш не додавајте коцки мраз во водата бидејќи не знаете од каква вода се направени. При изборот на храна секогаш водете сметка да е добро сварена и по секоја цена избегнете го купувањето во киосци или на отворено бидејќи не можете да бидете сигурни дали е хигиенски приготвена. Не купувајте слатки со шлаг и крем. Децата, особено ако се гладни, ги привлекуваат мирисите што се шират наоколу. Но мора да издржите и да не им ги задоволите барањата. Хигиенски се најисправни слатките и сладоледите на големите произведувачи, кои се соодветно спакувани. Овошјето измијте го и потоа внимателно излупете го пред да му го дадете на детето.

Дневник

(Visited 1,173 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/bez-rehidratatsiska-sol-ne-trgnuvajte-na-pat-za-zarazi-stomachni-bolki-salmonela-esherihija/feed/ 0
ВНИМАВАЈТЕ: Клима уредот да не е под 23 степени https://babinlek.com/vnimavajte-klima-uredot-da-ne-e-pod-23-stepeni/ https://babinlek.com/vnimavajte-klima-uredot-da-ne-e-pod-23-stepeni/#respond Fri, 10 Aug 2018 08:06:15 +0000 http://babinlek.com/?p=13028

Заборавете го Северниот Пол. Температурата на клима уредот никогаш да не биде пониска од 22-24 степени. Така нема ни да се преладите, ниту ќе се потите Не влегувајте во простории со клима уред, ако сте врели, испотени или малку облечени. Понесете со себе пуловер или тенка маица која ќе ја облечете. Или почекајте да се ...
(Visited 697 times, 1 visits today)
]]>

Заборавете го Северниот Пол. Температурата на клима уредот никогаш да не биде пониска од 22-24 степени. Така нема ни да се преладите, ниту ќе се потите

klimaНе влегувајте во простории со клима уред, ако сте врели, испотени или малку облечени. Понесете со себе пуловер или тенка маица која ќе ја облечете.

Или почекајте да се исуши потта: за да не ја изгубите нагло топлината од телото и да не се преладите.

Последиците од нагло преминување од разладена просторија на топло може да бидат различини: од главоболки , до болки во вратот или настинка на грбот.

(Visited 697 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/vnimavajte-klima-uredot-da-ne-e-pod-23-stepeni/feed/ 0
15 сигурни начини за труење со храна – еве што да избегнувате https://babinlek.com/15-sigurni-nachini-za-truene-so-hrana-eve-shto-da-izbegnuvate-3/ https://babinlek.com/15-sigurni-nachini-za-truene-so-hrana-eve-shto-da-izbegnuvate-3/#respond Thu, 09 Aug 2018 08:02:56 +0000 http://babinlek.com/?p=13022

Ако не сакате да се отруете и себе и тие околу вас, еве на што треба да внимавате особено ако температурите се високи. Мажите најчесто печурките ги сецкаат во тавчето пред да ги испрат или смрзнато пиле пред да се одмрзне го ставаат директно во рерна. Но и жените не се исклучок па и тие ...
(Visited 639 times, 1 visits today)
]]>

Ако не сакате да се отруете и себе и тие околу вас, еве на што треба да внимавате особено ако температурите се високи.

trovanje-hranomМажите најчесто печурките ги сецкаат во тавчето пред да ги испрат или смрзнато пиле пред да се одмрзне го ставаат директно во рерна. Но и жените не се исклучок па и тие се подеднакво деструктивни кога станува збор за кулинарството.

1. Кога одите во продавница задолжително одвојте го свежото месо од останатите продукти за да избегнете месото да почне да ви „тече“ на сите страни па лебот да биде намачкан со свежа крв.

2. Никогаш не ги оставајте работите кои сте ги купиле во гепекот на автомобилот подолго отколку што ви треба да дојдете дома и да сместите се во фрижидер. Свежите продукти како што се овошјето и зеленчукот ќе се „спурат“, а месото ќе почне непријатно да мириса и да шири бактерии.

3. Никогаш не користете ист прибор за готвење. Ако сте го сецкале месото со еден нож додека е сирово, кога ќе биде печено земете друг нож, никако немојте да го сечете со истиот затоа што бактериите се уништуваат на висока температура, а на ножот со кој се сецкало свежо месо доколку не е измиен, бактериите се уште живеат.

otrovna-hrana

4. Различни видови месо бараат различен вид на подготовка. Најлесно е да се стави пиле за печење, но кога станува збор за покомплицирано месо, внимавајте на подготовката како и на сецкањето на жилите и маснотиите.

5. Правењето на скара не е некоја филозофија, но бара почитување на одрердени правила. Прво пред да помислите да го ставите месото на решетките, јагленот треба да биде ужарен, а решетките врели за да бидете сигурни дека температурата е доволно силна. Додека работите над скарата треба да внимавате месото да не остане живо, односно од надвор да изгледа дека е печено, а одвнатре се уште да е живо или недопечено.

6. Ако често го оставате фрижидерот отворен а при тоа започнувате да работите сосема трета работа, внимавајте на храната која може да се расипе. Само неколку минути се доволни топлиот воздух да влезе во фрижидерот и да циркулира околу продуктите. Месото не сака промена на температурата, затоа внимавајте.

sb10069429a-002.jpg Food Salad

7. Дури и да брзате, рацете мора да ги миете најмалки 20 секунди за да бидат чисти. Ако само ги зашлакате со вода, на нив остануваат бактерии кои ќе се пренесат на храната на која работите.

8. Редовно менувајте го сунѓерот за садови. Огромен број на бактерии се наоѓаат токму на малото сунгерче кое сте заборавиле кога сте го смениле. Бројот на бактерии кои се наоѓаат на сунѓерот им се закануваат на чиниите, лажиците, вилушките и тие се еднакви на бројот на бактерии кои се наоѓаат во ве-це школката.

9. Иако е лето и полесно е садовите да се мијат со ладна вода, сепак, факт е дека маснотиите и бактериите полесно излегуваат ако ги миете со топла вода.

10. Задолжително гледајте го рокот на траење на произвоидите кои ги купувате. Никогаш не јадете нешто на кое рокот му поминал бидејќи не знаете како може да реагира вашиот стомак.

hrana-vo-plasticni-sadovi

11 Готвената храна која останала од ручекот задолжително ставете ја во фрижитер затоа што на топлото време, храната надвор може да издржи едвај два часа. Потоа се расипува.

12. Дури и замрзнатата храна има рок на траење и не значи дека може да ја јадете после 3 години. Месото може да стои во фрижидер најмногу до 4 дена, а во замрзнувач од два до шест месеци. После овој период, слободно фрлете го.

13. Најдобар начин да го одмрзнете месото е да го оставите во најлонот во кој бил во фрижидер. Никогаш месото не го оставајте отворено затоа што на него ќе почнат да се лепат бактерии и бубачиња.

(Visited 639 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/15-sigurni-nachini-za-truene-so-hrana-eve-shto-da-izbegnuvate-3/feed/ 0
ВАЖНО: Топлотен удар – опасен по живот – Прва помош ако некој претрпи топлотен удар (Видео) https://babinlek.com/vazhno-toploten-udar-opasen-po-zhivot-prva-pomosh-ako-nekoj-pretrpi-toploten-udar-video/ https://babinlek.com/vazhno-toploten-udar-opasen-po-zhivot-prva-pomosh-ako-nekoj-pretrpi-toploten-udar-video/#respond Wed, 08 Aug 2018 10:57:39 +0000 http://babinlek.com/?p=13016

Екстремно високите температури на воздухот, посебно во летните денови, со себе носат зголемена опасност од топлотен удар. Ви презентираме видео кое ќе Ве научи како да пружите прва помош на настрадан од топлотен удар. Топлотен удар – опасен по живот Топлотниот удар е итна, живото-загрозувачка состојба. Жртвите од топлотен удар се најчесто во несвестна состојба. ...
(Visited 1,145 times, 1 visits today)
]]>

Екстремно високите температури на воздухот, посебно во летните денови, со себе носат зголемена опасност од топлотен удар. Ви презентираме видео кое ќе Ве научи како да пружите прва помош на настрадан од топлотен удар.

toploten udarТоплотен удар – опасен по живот

Топлотниот удар е итна, живото-загрозувачка состојба. Жртвите од топлотен удар се најчесто во несвестна состојба. Типично за нив е што веќе ги минале сите полесни фази, од сончаница со вртоглавици и профузно потење, до топлотни грчеви и топлотна исцрпеност со повраќање. Топлотниот удар е последната фаза за која е карактеристично тоа што веќе потењето престанува и настанува опасна по живот дехидратација со променет ментален статус (бессознание).

Правилната прва помош во овој случај е многу важна и може да го спаси животот на жртвата. Во следното видео парамедик-инструктор од Северна Каролина, САД, ќе Ви презентира неколку едноставни постапки со кои ќе му помогнете на настраданиот од топлотен удар.

(Visited 1,145 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/vazhno-toploten-udar-opasen-po-zhivot-prva-pomosh-ako-nekoj-pretrpi-toploten-udar-video/feed/ 0
Што може да ви се случи ако се намачкате со стар крем за сончање? https://babinlek.com/shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-se-namachkate-so-star-krem-za-sonchane/ https://babinlek.com/shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-se-namachkate-so-star-krem-za-sonchane/#respond Wed, 08 Aug 2018 09:55:16 +0000 http://babinlek.com/?p=13012

Размислувањата од типот „Имам крем од минатата година, греота е да се фрли” или „Што ако рокот е само малку истечен”, можат да ве чинат здравје, предупредуваат дерматолозите. Иако рокот на траење кој стои на амбалажата е три години, дерматолозите предупредуваат дека овој рок се однесува само на неотворените амбалажи. Исто така, на повеќето пакувања е посочено дека ...
(Visited 1,005 times, 1 visits today)
]]>

Размислувањата од типот „Имам крем од минатата година, греота е да се фрли” или „Што ако рокот е само малку истечен”, можат да ве чинат здравје, предупредуваат дерматолозите.

suncream-zИако рокот на траење кој стои на амбалажата е три години, дерматолозите предупредуваат дека овој рок се однесува само на неотворените амбалажи. Исто така, на повеќето пакувања е посочено дека кремата е добра за користење само една година од отворањето, но само доколку кремот се чувал во соодветните услови.

  • Ако кремата е стара, SPF етикетата на пакувањето ја губи секоја смисла, односно мачкањето со таа крема нема да ви обезбеди заштита од сонцето. Како резултат на тоа ќе добиете изгореници, а најголемата опасност е ризикот од меланом.
  • За разлика од оние во прав или камените, козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот, затоа што во нив полесно се созсдаваат бактерии и габи. Како резултат на користењето на овие креми, можни се ралични видови на иритација и осип на кожата.
  • Во исклучителни случаи, старата крема за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони.
  • Ако бајатата крема ја мачкате на лицето, може да имате проблем со гнојни акни.
  • Како и старите креми за лице, така и оние за заштита од сонцето никако не смеете да ги мачкате во пределот околу очите, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на окото.

(Visited 1,005 times, 1 visits today)
]]>
https://babinlek.com/shto-mozhe-da-vi-se-sluchi-ako-se-namachkate-so-star-krem-za-sonchane/feed/ 0