Кинескиот plug-in хибрид седан постави Guinness рекорд за најдолго растојание поминато со полн резервоар и полна батерија, без дополнително полнење. Резултатот е силна порака дека хибридите со голем досег сè уште имаат сериозна улога во автомобилската иднина. Geely Galaxy A7 EM постави нов Гинисов Рекорд откако помина 2.608,360 километри со еден полн резервоар и целосно […]
The post ГИНИСОВ РЕКОРД: Geely Galaxy A7 EM помина 2.608 км. без полнење и без дополнување гориво appeared first on 24Auto.MK.
]]>Кинескиот plug-in хибрид седан постави Guinness рекорд за најдолго растојание поминато со полн резервоар и полна батерија, без дополнително полнење. Резултатот е силна порака дека хибридите со голем досег сè уште имаат сериозна улога во автомобилската иднина.
Geely Galaxy A7 EM постави нов Гинисов Рекорд откако помина 2.608,360 километри со еден полн резервоар и целосно наполнета батерија, без дополнително точење гориво и без повторно полнење на батеријата. Станува збор за рекорд во категоријата сериски plug-in хибрид седан, а подвигот уште еднаш покажува колку далеку отидоа кинеските производители во развојот на ефикасни хибридни системи.
Тестот траел пет последователни дена и бил спроведен под надзор на Guinness World Records. Рутата поминала низ четири кинески провинции со различни услови на возење, од планински патишта и тунели до густ сообраќај и долги нагорнини. Со тоа Geely сакал да покаже дека резултатот не е постигнат само во идеални лабораториски услови или на рамна тест-патека.
Новиот рекорд го надмина претходниот резултат од 2.369,950 километри, кој го држеше Chery Fulwin A8L. Разликата од речиси 240 километри е значајна, особено ако се земе предвид дека станува збор за сериски автомобил, а не за специјално направен прототип.
Главниот адут на Galaxy A7 EM е Thor AI Hybrid 2.0 системот. Тој комбинира 1,5-литарски атмосферски бензински мотор со електричен погон, едностепен DHT хибриден пренос и интегрирана електрична погонска единица. Според објавените податоци, бензинскиот мотор има термална ефикасност од над 47,26 проценти, што е една од клучните причини за ваков низок просек на потрошувачка.
Електромоторот развива 175 kW, односно околу 235 КС, а системот користи и т.н. Aegis Golden Brick батерија. Според Geely, таа овозможува електричен досег до 235 километри според CLTC циклусот, додека при рекордното возење AI системот за управување со енергијата го оптимизирал балансот меѓу горивото и струјата. Дури и кога батеријата била испразнета, потрошувачката останала во зоната од околу 2 литри на 100 километри.
Овој резултат е уште повпечатлив ако се знае дека Geely Galaxy A7 не е скап луксузен модел, туку plug-in хибрид седан позициониран како достапен автомобил на кинескиот пазар. При претставувањето, за моделот се најавуваше вкупен досег од повеќе од 2.100 километри според кинескиот CLTC циклус, со 1,5-литарски мотор, LFP батерии и цена што во Кина стартува од околу 119.800 јуани.
Важно е, сепак, да се направи разлика меѓу официјално деклариран досег, лабораториски циклуси и ваков рекорден тест. CLTC е познат како поповолен циклус од европскиот WLTP, па бројките од Кина не треба директно да се споредуваат со реалното секојдневно возење во Европа. Но фактот дека автомобилот под надзор на Гинис поминал повеќе од 2.600 километри без полнење и без дополнување гориво покажува дека системот навистина има огромен потенцијал.
Geely Galaxy A7 EM е и добар пример за насоката во која се движи дел од кинеската автоиндустрија. Додека Европа силно зборува за целосна електрификација, кинеските производители паралелно ги туркаат и напредните plug-in хибрид системи со огромен досег, ниска потрошувачка и пониска цена. За многу купувачи, особено оние што често патуваат на долги релации, токму ваквиот тип автомобил може да биде попрактичен од чист електричен модел.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на VIBER групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post ГИНИСОВ РЕКОРД: Geely Galaxy A7 EM помина 2.608 км. без полнење и без дополнување гориво appeared first on 24Auto.MK.
]]>Технологијата SolidCore треба да донесе постабилен досег, побрз одзив и подобро однесување на ниски температури. Прв на ред е MG ZS Plug-in Hybrid+, а потоа треба да следуваат уште два SUV модели. MG најавува важен чекор во својата електрифицирана понуда – од 2027 година новата SolidCore технологија со полуцврсти батерии ќе почне да се вградува […]
The post MG носи нова генерација батерии во plug-in хибрид моделите appeared first on 24Auto.MK.
]]>Технологијата SolidCore треба да донесе постабилен досег, побрз одзив и подобро однесување на ниски температури. Прв на ред е MG ZS Plug-in Hybrid+, а потоа треба да следуваат уште два SUV модели.
MG најавува важен чекор во својата електрифицирана понуда – од 2027 година новата SolidCore технологија со полуцврсти батерии ќе почне да се вградува и во plug-in хибрид моделите. Ова е значајно затоа што батериите од овој тип досега најчесто се поврзуваа со целосно електрични автомобили, а MG сега сака нивните предности да ги искористи и кај хибридите со надворешно полнење.
SolidCore не е класична батерија, туку полуцврста технологија што треба да биде преоден чекор меѓу денешните литиум-јонски батерии и идните целосно цврсти батерии. Според MG, во оваа батерија има само 5 проценти течен електролит, додека останатите 95 проценти се во цврста форма. Тоа треба да донесе подобра енергетска густина, поголема безбедност, побрзо полнење и подобри перформанси во студени услови.
Прв модел што треба да ја добие оваа технологија во plug-in хирид изведба ќе биде MG ZS Plug-in Hybrid+, најавен за 2027 година. Потоа, според информациите што ги пренесуваат специјализираните EV медиуми, технологијата треба да се прошири и на MG HS и MG S9, односно на три SUV модели во B, C и D сегментот.
Главната идеја не е само да се зголеми досегот на струја, туку plug-in хибрид автомобилите да работат постабилно во различни услови. MG тврди дека SolidCore батеријата треба да овозможи поконзистентна испорака на сила, подобра стабилност на досегот и подобри перформанси без разлика дали автомобилот се вози во град, на автопат, со полна батерија, со испразнета батерија или на ниски температури.
Тоа е важна точка кај plug-in хибрид моделите. Кај многу вакви автомобили, однесувањето може значително да се разликува кога батеријата е полна и кога е речиси празна. MG сака со новата технологија да го намали токму тој компромис, односно автомобилот да се однесува попредвидливо и посигурно во секојдневното возење.
Паралелно со новата батерија, MG најавува и нов Plug-in Hybrid+ систем. Тој ќе користи нови бензински мотори специјално развиени за хибридна примена – 1,1-литарски и 1,5-литарски турбо мотори. Според MG, нивната максимална термална ефикасност е над 42, односно над 43 проценти, што треба да помогне за подобра потрошувачка и поефикасно искористување на горивото.
Новиот хибриден систем користи и пренос со две клучни технологии – Power Split и Motor Decoupling. Првата технологија ја распределува силата меѓу моторот и електричниот дел според условите, додека втората го исклучува генераторот кога автомобилот вози само на струја. На тој начин се намалуваат загубите и се подобрува ефикасноста при електрично возење.
MG наведува и дека новиот Plug-in Hybrid+ систем автоматски избира како ќе работи во зависност од брзината – електрично возење при ниски брзини, комбинирана работа при средни брзини и директен погон од моторот при повисоки брзини. Според компанијата, моторот треба да работи со термална ефикасност над 40 проценти во околу 90 проценти од условите на возење, додека електричниот погон треба да достигне до 90 проценти ефикасност.
И перформансите нема да бидат споредни. MG најавува забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од шест секунди, како и забрзување од 80 до 120 км/ч за околу 3,5 секунди. Дополнително, подобрената испорака на вртежен момент треба да помогне при тргнување на нагорнини, каде MG најавува подобрување до 72 проценти.
Важно е и тоа што MG не го претставува SolidCore само како технологија за хибриди. Компанијата веќе најави дека SolidCore ќе се користи и кај електрични модели, почнувајќи со MG4 EV Urban во Европа. Тоа покажува дека батеријата треба да стане поширока основа за следната фаза од електрификацијата на марката, а не само еднократно решение за еден модел.
На истиот технолошки настан во Лондон, MG зборуваше и за нови системи за асистенција. Најавен е Navigate On Autopilot за крајот на 2027 година, прво кај нов SUV модел, со помош при вклучување и исклучување од автопат, избор на лента, промена на лента и претекнување, но со задолжителен надзор од возачот.
Суштината е јасна – MG сака да покаже дека иднината на електрификацијата не е само во класичните електрични автомобили, туку и во многу понапредни plug-in хибрид системи. Ако SolidCore навистина донесе постабилен досег, подобро однесување на студено и поконзистентна испорака на сила, тогаш plug-in хибрид моделите на MG од 2027 година би можеле да бидат многу поубедлив мост меѓу бензинските автомобили и целосните EV модели.
The post MG носи нова генерација батерии во plug-in хибрид моделите appeared first on 24Auto.MK.
]]>Audi ја освежува целата A3 серија со нов ентериер, повеќе дигитални функции и значително проширена понуда на системи за асистенција. Надградбата ги опфаќа A3 Sportback, A3 Sedan, A3 allstreet, plug-in hybrid верзиите, како и спортските S3 и RS 3 модели, а првите примероци со новата опрема ќе пристигнат во продажните салони од средината на септември […]
The post Audi A3 добива голема надградба – нов ентериер, повеќе дигитални функции и напредно паркирање appeared first on 24Auto.MK.
]]>Audi ја освежува целата A3 серија со нов ентериер, повеќе дигитални функции и значително проширена понуда на системи за асистенција. Надградбата ги опфаќа A3 Sportback, A3 Sedan, A3 allstreet, plug-in hybrid верзиите, како и спортските S3 и RS 3 модели, а првите примероци со новата опрема ќе пристигнат во продажните салони од средината на септември 2026 година.
Најголемата промена е во кабината. Audi A3 сега добива нов кокпит со закривен панорамски дисплеј, составен од 11,9-инчен Audi virtual cockpit и 12,8-инчен MMI touch екран. Таблата е редизајнирана со поширока декоративна линија што визуелно се протега од инструмент-таблата кон совозачката врата, со што кабината добива почист и помодерен изглед.
Audi направил промени и во деталите што се важни во секојдневното користење. Централната конзола има нов изглед, лежиштето за мобилен телефон е свртено кон возачот, а безжичното полнење сега има моќност од 25 вати. Сите волани кај освежените A3 модели добиваат физичко тркалце во мултифункциските команди, а купувачите ќе можат да изберат меѓу три различни дизајни на воланот.
Голем дел од надградбата е поврзан и со системите за асистенција. Audi воведува нова пакетна структура со три нивоа – Tech, Tech plus и Tech pro. Клучен систем е adaptive cruise assist plus, кој комбинира адаптивен темпомат и активно водење во лента до 210 км/ч. Кај верзиите со автоматски менувач, системот може да помага при забрзување, сопирање и управување, а на автопат може самостојно да промени лента кога возачот ќе го активира трепкачот.

Новина е и автоматското сопирање на црвено светло. Ако автомобилот не застанал целосно, A3 може автоматски да продолжи кога семафорот ќе се промени во зелено. За првпат, системите за водење во лента и одржување брзина користат и т.н. swarm data, односно онлајн податоци од други возила, што овозможува автомобилот подобро да ја прилагоди брзината и да остане во лента дури и кога ознаките на патот не се јасно видливи.
Audi сериозно го подобрува и паркирањето. Четири широкоаголни камери создаваат 360-степенска слика околу автомобилот, а приказот може да се гледа во 3D на MMI екранот. Park assist plus и park assist pro можат да препознаат паркинг-линии и автомобилот самостојно да го внесат или извадат од паркинг-место, при што A3 управува, забрзува, сопира и менува брзини.
Со park assist pro, возачот може да излезе од автомобилот и да го паркира преку myAudi апликацијата на мобилен телефон. Посебно интересна е функцијата trained parking, со која A3 може да „научи“ конкретен маневар за паркирање, на пример влез во тесна гаража или паркинг-простор. Системот може да зачува до пет различни маневри на растојание до 50 метри.

Дигиталниот дел исто така добива проширување. Преку Audi connect и myAudi апликацијата, сопственикот може да ја провери локацијата на паркираниот автомобил, состојбата на светлата, вратите, прозорците, километражата, нивото на гориво, преостанатиот досег и сервисните интервали. Достапни се и далечинско заклучување и отклучување, како и управување со помошното греење.
Понудата на A3 останува широка. Освен класичните Sportback и Sedan, тука е и A3 allstreet, кој пристигна во 2024 година како кросовер верзија со три сантиметри поголем клиренс од Sportback, повисока позиција на седење и поизразен off-road изглед. Во гамата остануваат бензински и дизел мотори со 116 и 150 КС, како и plug-in hybrid изведби со 204 и 272 КС.
A3 e-hybrid може да помине до 142 километри само на струја според WLTP, а батеријата може целосно да се наполни за околу половина час благодарение на DC полнење. Дополнително, plug-in hybrid верзиите сега имаат зголемена влечна способност од 1.700 килограми, што е 300 килограми повеќе од претходно.
Спортските S3 и RS 3 остануваат на врвот на понудата. И двата модели доаѓаат со quattro погон на сите тркала и torque splitter, кој овозможува променлива распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала. S3 располага со 333 КС, а двата модели добиваат посебна ознака во Singleframe маската и уникатен дигитален дневен светлосен потпис.

Во Германија, цените за освежениот Audi A3 стартуваат од 31.850 евра за A3 Sportback. A3 Sportback e-hybrid почнува од 45.350 евра, Audi S3 од 57.200 евра, додека RS 3 стартува од 68.500 евра.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Audi A3 добива голема надградба – нов ентериер, повеќе дигитални функции и напредно паркирање appeared first on 24Auto.MK.
]]>Сезоната за летување е во полн ек, а многумина кон Грција тргнуваат со автомобил. Но токму на одмор најлесно се заборава дека таму и навидум ситни прекршоци можат да завршат со високи казни, одземање дозвола или проблем на граница. Грција за многумина од Македонија е најчеста летна дестинација, а патувањето со автомобил е речиси рутина. […]
The post Одитe во Грција со автомобил? Список на „мали“ прекршоци што можат скапо да ве чинат appeared first on 24Auto.MK.
]]>Сезоната за летување е во полн ек, а многумина кон Грција тргнуваат со автомобил. Но токму на одмор најлесно се заборава дека таму и навидум ситни прекршоци можат да завршат со високи казни, одземање дозвола или проблем на граница.
Грција за многумина од Македонија е најчеста летна дестинација, а патувањето со автомобил е речиси рутина. Но, токму затоа често се опуштаме повеќе отколку што треба – ќе се јавиме на телефон додека возиме, ќе застанеме „само на минута“ каде што не смее, ќе не застанеме целосно на STOP, ќе претекнеме таму каде што дома можеби би ризикувале.
Во Грција таквите навики можат многу скапо да чинат, особено ова лето, кога грчките власти најавија построги контроли и примена на построги сообраќајни казни.
Ова не е текст за да се создаде паника пред одмор, туку корисен потсетник пред пат. Најдобар одмор е оној во кој нема нервоза со полиција, нема плаќање казни во банка или пошта, нема одземени таблички, а уште помалку задржување на граница поради неплатен прекршок.
Една од најскапите грешки е користење радар-детектор. Во Грција тоа може да ве чини 2.000 евра, со одземање на сообраќајната дозвола на два месеци и возачката дозвола на еден месец. Тоа е прекршок за кој многумина можеби не размислуваат пред пат, но ако во автомобилот имате таков уред, најдобро е воопшто да не тргнувате со него.
Скапа може да биде и одлуката да изнајмите скутер, мопед или мотор без соодветна категорија. Возење без соодветна возачка дозвола во Грција може да чини 1.000 евра. Ова е особено важно на островите и во туристичките места, каде многумина лесно изнајмуваат двоцикл за кратки релации, а потоа забораваат дека полицијата не гледа дали возите „само до плажа“ или на подолг пат.
Посебно строго се казнува пушење во автомобил ако во возилото има дете помало од 12 години. Казната изнесува 1.500 евра, а на возачот може да му биде одземена возачката дозвола најмалку 30 дена. Ова не важи само за класични цигари, туку и за електронски цигари и други замени за тутун.
Не треба да се заборави ниту фрлањето отпушок или друг предмет од автомобил. Во лето, кога ризикот од пожари во Грција е висок, ова може да се казни од 150 до 500 евра. Она што некој дома можеби го прави без да размисли, таму може да се третира многу посериозно, особено во области каде има зголемена опасност од пожар.
Претекнување преку полна линија е 700 евра, а полицијата може да одземе и таблички и возачка дозвола на 20 дена. Минување на црвено светло исто така носи казна од 700 евра, со одземање на возачката дозвола на 30 дена. Тоа се прекршоци што директно можат да го уништат одморот, бидејќи проблемот не завршува само со паричната казна.
И STOP значи целосно запирање, не само забавување. Ако не застанете на знак STOP, казната може да биде 350 евра и одземање на возачката дозвола на 30 дена. Ако при тоа предизвикате сообраќајна незгода, казната се зголемува на 700 евра, а дозволата може да биде одземена на 60 дена.
Користење мобилен телефон за време на возење е уште еден прекршок што кај многумина се третира како „ситница“. Во Грција, казната е 350 евра, а предвидено е и одземање на возачката дозвола најмалку 30 дена. Истата сума – 350 евра – важи и за неврзан појас, за возење мотор, скутер или квад без кацига, како и за непрописен превоз на дете.
Непрописното паркирање, пак, може да изгледа како најмала грижа на одмор, особено во преполни туристички места. Но казните се движат од 40 до 150 евра, со можност за одземање таблички и возачка дозвола. Ако возилото блокира пристап, шахта, влез или место за лица со инвалидитет, проблемот станува многу посериозен, а повторување на прекршокот може да оди и до 2.000 евра.
И брзината не треба да се сфати лесно. За пречекорување до 20 км/ч казната е 100 евра, за повеќе од 20 км/ч изнесува 150 евра, а во потешки случаи може да достигне 700 евра. Ако возачот го повтори прекршокот, казната може да стигне до 2.000 евра, со одземање на возачката дозвола на една година.
За алкохол, границата е до 0,5 промили, но штом се надмине, санкциите стануваат сериозни. Од 0,50 до 0,80 казната е 350 евра и одземање дозвола најмалку 30 дена. Од 0,81 до 1,10 казната е 700 евра и одземање дозвола до 90 дена, а над 1,10 казната е 1.200 евра, со одземање дозвола на шест месеци и можност за затворска казна.
Важен детал е и плаќањето. Во Грција казните не мора да значи дека ќе можете едноставно да ги решите на лице место. Се издава налог и упатство за плаќање, а казната најчесто се плаќа во банка или пошта, што може да биде дополнителен проблем ако е ноќ, викенд или сте на остров. Прекршоците се евидентираат во систем, а неплатени казни можат да создадат проблем и при излез од земјата.
Краток потсетник за најважните казни
* Радар-детектор – 2.000 евра
* Возење без соодветна дозвола – 1.000 евра
* Пушење во автомобил со дете под 12 години – 1.500 евра
* Фрлање отпушок или предмет од автомобил – од 150 до 500 евра
* Претекнување преку полна линија – 700 евра
* Минување на црвено светло – 700 евра
* Непочитување STOP знак – 350 евра
* Користење мобилен телефон при возење – 350 евра
* Неврзан појас или возење без кацига – 350 евра
* Непрописно паркирање – од 40 до 150 евра, а при повторување и многу повеќе
* Пречекорување брзина – од 100 до 700 евра, а при повторување до 2.000 евра
* Алкохол над дозволената граница – од 350 до 1.200 евра, со можност за одземање дозвола и затворска казна
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Одитe во Грција со автомобил? Список на „мали“ прекршоци што можат скапо да ве чинат appeared first on 24Auto.MK.
]]>MG на Goodwood Festival of Speed го претстави GO! Concept, мал електричен модел со кој сака да внесе повеќе емоција во компактната EV класа. Сериската верзија се очекува во 2027 година. MG GO! Concept е најновиот обид на марката да покаже дека електричните автомобили не мора да бидат само рационални, тивки и предвидливи. На Goodwood […]
The post MG GO! Concept најавува мал електричен хечбек – ретро дух, модерен изглед и продажба во 2027 appeared first on 24Auto.MK.
]]>MG на Goodwood Festival of Speed го претстави GO! Concept, мал електричен модел со кој сака да внесе повеќе емоција во компактната EV класа. Сериската верзија се очекува во 2027 година.
MG GO! Concept е најновиот обид на марката да покаже дека електричните автомобили не мора да бидат само рационални, тивки и предвидливи. На Goodwood Festival of Speed 2026, MG претстави мал електричен хечбек со силен карактер, кој најавува иден B-сегмент модел што треба да стигне на пазарот во 2027 година.
MG јасно наведува дека GO! Concept е најава за идна целосно електрична компактна изведба, а серискиот модел веќе е дел од плановите на брендот. На посебната страница за концептот, MG го опишува како „нов почеток“, а не како обичен обид за враќање на старо име или стара формула.
Дизајнот е создаден во MG Design Centre во Лондон. Инспирацијата доаѓа од класичните модели на MG од минатиот век, особено од MGB GT, но брендот нагласува дека GO! не е чисто ретро-вежба. Намерата била да се направи мал автомобил што ќе изгледа современо, симпатично и препознатливо, со доволно карактер за да се издвои во сè посилната конкуренција на електрични градски модели.
На прв поглед, GO! Concept изгледа како мал електричен „hot hatch“ со нагласени пропорции, широк став и разиграни детали. Некои медиуми веќе го гледаат како можен ривал на Mini и Renault 5, што е логична споредба ако се гледа неговиот формат, младешкиот стил и желбата да биде повеќе од обичен градски електричен автомобил.

Во MG велат дека дизајнот е намерно едноставен и дека се потпира на неколку клучни елементи, наместо на претерани линии и декоративни детали. Тоа треба да му даде чиста форма и визуелна свежина, но и врска со спортските MG модели од минатото – од MGB GT, преку MG Metro Turbo и MG ZR, до поновите концепти како MG EX4.
Засега нема официјални технички детали за батеријата, моторот, силата или досегот. Тоа значи дека MG во оваа фаза ја продава идејата и дизајнерската насока, а не конечните бројки. Но токму во тоа е поентата – GO! Concept треба да покаже како би можел да изгледа мал електричен MG што не игра само на цена, туку и на емоција, стил и препознатливост.
GO! Concept доаѓа во важен момент за MG. Марката во последните години силно расте во Европа со електрични и електрифицирани модели, но често се перцепира повеќе како рационален избор отколку како емотивен бренд. Со GO!, MG сака да покаже дека и под кинеска сопственост, брендот може да направи автомобил што ќе се поврзе со британското наследство, но без да изгледа како копија од минатото.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post MG GO! Concept најавува мал електричен хечбек – ретро дух, модерен изглед и продажба во 2027 appeared first on 24Auto.MK.
]]>Во Хилверсум солта не се користи само против мраз, туку и против екстремни жештини. Со мокар солен раствор се лади асфалтот и се намалува ризикот од деформации на коловозот. Возачите во холандскиот град Хилверсум деновиве со чудење гледаат возила што посипуваат сол по патиштата среде лето. На прв поглед изгледа како зимска акција во погрешно […]
The post Холанѓаните фрлаат сол на патиштата среде лето – причината е изненадувачка appeared first on 24Auto.MK.
]]>Во Хилверсум солта не се користи само против мраз, туку и против екстремни жештини. Со мокар солен раствор се лади асфалтот и се намалува ризикот од деформации на коловозот.
Возачите во холандскиот град Хилверсум деновиве со чудење гледаат возила што посипуваат сол по патиштата среде лето. На прв поглед изгледа како зимска акција во погрешно време, но локалните власти имаат сосема јасна причина – високите температури можат да го загреат асфалтот на повеќе од 50 степени Целзиусови и да предизвикаат негово омекнување и оштетување.
Проблемот е најизразен на делници што цел ден се изложени на сонце, но и на раскрсници, кружни текови и места каде возилата често сопираат, свртуваат или повторно тргнуваат. Кога преку омекнат асфалт минуваат тешки возила, површината може да се деформира, да се создадат коловозни траги, а ситните камчиња од асфалтната смеса да почнат да се одвојуваат.
Затоа во Хилверсум се користи мокар солен раствор, а не сува сол како во зима. Солта ја привлекува влагата од воздухот, а кога растворот ќе се нанесе врз врел асфалт, влагата постепено испарува и ја лади површината. Според општината, на овој начин температурата на асфалтот може да се намали за неколку степени, што значително го намалува ризикот од оштетување.
Од општината објаснуваат дека не се третираат сите улици, туку најфреквентните патишта, раскрсници и кружни текови. Првата акција била најавена рано наутро и требало да трае до околу 11 часот, а една таква тура може да го лади асфалтот приближно еден ден.
Интересно е што водата намерно не се користи како главно решение. Причината е едноставна – на високи температури таа пребрзо испарува и не дава доволно долг ефект. Солениот раствор останува поефикасен подолго време, затоа што влагата постепено испарува и го задржува ладењето на површината.
Оваа мерка не е сосема нова во Холандија, но не ја применуваат сите општини. Дел од нив се внимателни поради можните еколошки последици, бидејќи растворот со хлориди може да биде штетен за околината. Затоа некаде се користат други методи – вода, песок или камена прашина, зависно од типот на патот и од локалните услови.
Слични проблеми има и во други европски земји. Во Велика Британија, на пример, за време на топлотни бранови се користат возила што инаку служат за зимско одржување, но наместо сол често се посипува песок, камена или гранитна прашина. Целта е да се впие омекнатиот битумен и да се спречи лепење на асфалтот за гумите.
Ризикот од жештини за патната инфраструктура станува се поголема тема во Европа. Reuters пишува дека класичниот асфалт може да омекне при долготрајна топлина, што води до коловозни траги, пукнатини и деформации, а дел од северноевропската инфраструктура е проектирана за температури што денес се повеќе не одговараат на реалноста.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Холанѓаните фрлаат сол на патиштата среде лето – причината е изненадувачка appeared first on 24Auto.MK.
]]>Птичјиот измет на автомобилот не е само непријатна дамка, туку може да направи и трајно оштетување на лакот ако се остави долго време или ако се чисти погрешно. Најголемата грешка е сувата дамка веднаш да се трие, бидејќи така нечистотијата може да го изгребе површинскиот слој, особено ако автомобилот стоел на сонце и изметот веќе […]
The post Птичји измет на автомобил не се чисти со триење – ова е најбезбеден начин да го отстраните без оштетување на лакот appeared first on 24Auto.MK.
]]>Птичјиот измет на автомобилот не е само непријатна дамка, туку може да направи и трајно оштетување на лакот ако се остави долго време или ако се чисти погрешно. Најголемата грешка е сувата дамка веднаш да се трие, бидејќи така нечистотијата може да го изгребе површинскиот слој, особено ако автомобилот стоел на сонце и изметот веќе се стврднал.
Причината е во составот на птичјиот измет, кој може да биде агресивен за бојата, а топлината дополнително го забрзува лепењето и сушењето на површината. Затоа најважното правило е едноставно – реагирајте што побрзо, но без брзање и без грубо триење. Прво треба да се омекне дамката, па дури потоа внимателно да се отстрани.
За безбедно чистење може да се користи едноставна мешавина од топла вода и сода бикарбона. Во шише со распрскувач се става околу еден литар топла вода и четири лажици сода бикарбона. Смесата треба добро да се протресе за содата да се раствори, а по желба може да се додаде и капка средство за миење садови за течноста подобро да се задржи на површината.
Потоа растворот се нанесува директно врз исушениот измет и се остава да делува околу десет минути. Целта не е веднаш да се избрише дамката, туку таа да омекне. Дури потоа треба внимателно да се отстрани со мека микрофибер крпа, без притисок и без кружно грубо триење. Ако остане трага, постапката е подобро да се повтори отколку да се ризикува гребење на лакот.
Важно е да не се користи кујнска хартија, груб сунѓер или сува крпа, бидејќи тие можат да остават микро-гребнатини. Најбезбедна опција е чиста и мека микрофибер крпа, а по отстранувањето местото треба да се исплакне со чиста вода за да не останат траги од растворот или од нечистотијата.
Ако дамката е свежа, чистењето е многу полесно. Во таков случај често е доволно да се постави влажна микрофибер крпа врз дамката, да се почека кратко да омекне и потоа нежно да се подигне нечистотијата. Кај постари и стврднати дамки, сепак, подобро е да се користи раствор, специјален авто-препарат или неколку повторувања со вода отколку агресивно триење.
Најдобра заштита е превенцијата. Ако автомобилот често стои под дрвја или на места каде има многу птици, добро е лакот редовно да се одржува со восок, sealant или керамичка заштита. Тоа не значи дека изметот може да стои со денови, но заштитниот слој помага нечистотијата полесно да се отстрани и го намалува ризикот од трајни дамки.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Птичји измет на автомобил не се чисти со триење – ова е најбезбеден начин да го отстраните без оштетување на лакот appeared first on 24Auto.MK.
]]>Една Dacia Logan MCV на плин од Холандија уште еднаш покажа зошто овој модел има репутација на едноставен, практичен и издржлив семеен караван. Сопственичката Денис Старке го купила автомобилот во 2022 година со веќе 270.000 километри, а денес бројачот покажува речиси 395.000 километри. И покрај километражата, техничкиот преглед на AutoWeek покажал дека автомобилот и натаму […]
The post Dacia Logan на плин помина речиси 400.000 километри – сопственичката не сака да го менува appeared first on 24Auto.MK.
]]>Една Dacia Logan MCV на плин од Холандија уште еднаш покажа зошто овој модел има репутација на едноставен, практичен и издржлив семеен караван. Сопственичката Денис Старке го купила автомобилот во 2022 година со веќе 270.000 километри, а денес бројачот покажува речиси 395.000 километри. И покрај километражата, техничкиот преглед на AutoWeek покажал дека автомобилот и натаму е во изненадувачки добра механичка состојба.
Приказната е интересна затоа што Денис претходно возела автомобили од премиум производители, но во еден момент решила да ги смени приоритетите. Наместо скап знак на маската и повисоки трошоци, избрала просторен, евтин за одржување и економичен автомобил. Денес вели дека токму овој Logan ја направил голем фан на Dacia.
На прв поглед, автомобилот не изгледа како примерок што би освоил симпатии. Каросеријата има видливи траги од секојдневна употреба, а кабината исто така ги носи годините и километражата. Но под лимот приказната е многу подобра. Механичарот што го прегледувал автомобилот очекувал полоша состојба, но Logan и натаму вози уверливо и без сериозни механички проблеми.
Под хаубата е малиот 0,9-литарски трицилиндарски бензински мотор, кој работи и на LPG, односно автоплин. Токму плинот е една од главните причини за ниските трошоци на користење. До оваа пролет, литар LPG во Холандија чинел меѓу 0,59 и 0,65 евра, што го правело секој километар со овој Logan исклучително евтин.
Сопственичката вели дека претходниот сопственик редовно го одржувал автомобилот, а тоа очигледно оставило трага. За автомобил со речиси 400.000 километри, особено добар знак е тоа што при прегледот не било забележано истекување масло. Утврдени се само неколку помали забелешки, меѓу кои една манжетна на погонската осовина што пропушта маст и едно кочно црево што излегло од лежиштето.
Поголем зафат веќе бил направен претходно – заменет бил разводниот механизам, што е важна ставка кај овој 0,9-литарски мотор. Овластениот сервис за таа работа побарал дури 4.000 евра, но сопственичката на крај ја завршила поправката во независен сервис за околу 1.200 евра. Механичарот забележал дека, иако бил сменет разводниот механизам, помошниот ремен не бил заменет, што го оценил како необична одлука, веројатно направена заради заштеда.
Единствена поголема забелешка во секојдневното користење е вклучената ламбичка за грешка на моторот, но и покрај тоа моторот работи уредно. Интересно, на поклопецот на главата на моторот било забележано доста силиконски заптивен материјал, што не изгледа идеално, но во пракса не го спречува автомобилот нормално да функционира.
Посебна пофалба добил и LPG системот. Механичарот истакнал дека инсталацијата е изведена квалитетно и промислено, што не е секогаш случај ниту кај автомобили што фабрички доаѓаат со плинска поставка. Тоа дополнително објаснува зошто овој Logan успеал да помине толку километри без да стане прескап за одржување.
Dacia одамна има силна врска со LPG погоните. Од 2010 година, романскиот бренд продал повеќе од еден милион возила со погон на течен нафтен гас и со тоа зазема водечка позиција на европскиот пазар во овој дел. Овој Logan MCV е само уште еден реален пример зошто многу купувачи ја ценат токму таа едноставна и економична филозофија.
Заклучокот од прегледот е повеќе од позитивен. Автомобилот можеби изгледа изморено, но механички е далеку подобар од тоа што би се очекувало од семеен караван со речиси 400.000 километри. Денис нема намера да го менува и планира да го вози сè додека може да се одржува во исправна состојба.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Dacia Logan на плин помина речиси 400.000 километри – сопственичката не сака да го менува appeared first on 24Auto.MK.
]]>Porsche во првата половина од 2026 година испорача 122.306 возила, што е пад од 16 проценти во споредба со истиот период лани. Главните причини за послабиот резултат се крајот на производството на бензинскиот 718, силната побарувачка за целосно електричниот Macan во истиот период минатата година, како и истекот на даночните поволности за електрични и хибридни […]
The post Porsche со послаби испораки, но 911 останува силен адут appeared first on 24Auto.MK.
]]>Porsche во првата половина од 2026 година испорача 122.306 возила, што е пад од 16 проценти во споредба со истиот период лани. Главните причини за послабиот резултат се крајот на производството на бензинскиот 718, силната побарувачка за целосно електричниот Macan во истиот период минатата година, како и истекот на даночните поволности за електрични и хибридни возила во САД.
Сепак, Porsche потенцира дека резултатот е во рамки на очекувањата. Од компанијата велат дека веќе почнале првите испораки на Cayenne Electric кон крајот на јуни, а позитивни реакции веќе пристигнуваат и за новитети како 911 GT3 S/C и Taycan E-Shift системот со виртуелни промени на брзини.
Најголем продажен регион и натаму останува Северна Америка, каде Porsche испорача 37.712 возила, што е пад од 13 проценти. Во Германија се испорачани 14.938 автомобили, што е намалување од шест проценти, додека во Европа без Германија бројката изнесува 30.278 возила, односно пад од 14 проценти. Најголем удар има во Кина, каде Porsche испорача 14.501 автомобил, што е дури 32 проценти помалку од лани.
Кога станува збор за моделите, Cayenne е најсилната линија на Porsche во првите шест месеци од годината, со 38.141 испорака, иако и тука има пад од девет проценти. Од друга страна, 911 повторно покажува сила и расте за 19 проценти, со вкупно 30.534 испорачани автомобили. Тоа е јасен сигнал дека легендарниот модел и понатаму има многу силна побарувачка на глобално ниво.
Macan останува еден од носечките модели на марката, со вкупно 35.315 испораки, но и тука има пад од 22 проценти. Од оваа бројка, 19.695 се бензински Macan модели, кои Porsche и натаму ги нуди во повеќето земји надвор од ЕУ, додека Macan Electric учествува со 15.620 примероци. Производството на бензинскиот Macan ќе продолжи до крајот на јули 2026 година.
View this post on Instagram
Кај Panamera падот е уште поизразен. Во првата половина од годината се испорачани 9.308 возила, што е 38 проценти помалку. Porsche објаснува дека главната причина е привремен производствен јаз во Кина, еден од најсилните пазари за Panamera, кој бил затворен дури со воведувањето на специјалната Panamera Pure верзија во април.
Најголем пад бележи 718 Boxster и 718 Cayman. Овие два модели заедно стигнаа до само 2.789 испораки, што е пад од 73 проценти, а причината е јасна – производството на 718 линијата заврши уште во октомври 2025 година. Taycan, пак, завршува со 6.219 испораки во првата половина од годината, што е 25 проценти помалку од лани.
Во Porsche веќе гледаат кон следните месеци. Од компанијата најавуваат дека дополнително ќе ја заострат понудата според барањата на купувачите и наесен ќе откријат повеќе детали околу Strategy 2035, како дел од својот Capital Markets Day.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Porsche со послаби испораки, но 911 останува силен адут appeared first on 24Auto.MK.
]]>Volkswagen ја претстави новата Tiguan Edition 20, специјална верзија со која одбележува две децении од една од своите најважни SUV приказни. Германскиот бренд овој модел го позиционира како јубилејно издание со побогата опрема, поизразен изглед и повеќе ексклузивни детали, а почетната цена во Германија изнесува 48.180 евра за 1.5 TSI со 150 КС. Во исто […]
The post Volkswagen го слави Tiguan со специјална Edition 20 appeared first on 24Auto.MK.
]]>Volkswagen ја претстави новата Tiguan Edition 20, специјална верзија со која одбележува две децении од една од своите најважни SUV приказни. Германскиот бренд овој модел го позиционира како јубилејно издание со побогата опрема, поизразен изглед и повеќе ексклузивни детали, а почетната цена во Германија изнесува 48.180 евра за 1.5 TSI со 150 КС.
Во исто време, Volkswagen потсетува дека од стартот на моделот во 2007 година до крајот на мај 2026 се продадени повеќе од девет милиони Tiguan примероци, а од 2017 наваму токму Tiguan е најпродаваниот модел на целата групација.
Edition 20 е базиран на нивото Life, но добива јасно поатрактивен пакет со R-Line надворешност и посебни јубилејни елементи. Најлесно се препознава по новата Maple Red metallic боја, која е создадена специјално за оваа верзија, како и по црните детали на надворешноста и поспортскиот став. Според Volkswagen, идејата е Tiguan и визуелно да изгледа како нешто повеќе од класичен семеен SUV.
Во списокот на специјални детали влегуваат R-Line надворешен пакет, предни декоративни ленти во боја на каросеријата, сјајно црни лајсни околу прозорците и ретровизорите, затемнети задни странични стакла, ласерски натпис Edition 20 на B-столбот и проектор во вратите со јубилејно лого. Стандардно доаѓаат 19-инчни Coventry тркала, а како опција ќе има и 20-инчни. Во кабината се издвојуваат црвени контрастни шевови, осветлени прагови со натпис Edition 20, специјално обработен волан и изменет дизајн на седиштата.

Важно е што ова не е само козметичка верзија со ограничен избор. Volkswagen наведува дека за Edition 20 ќе можат да се нарачаат сите мотори што се достапни за Tiguan Life од 150 КС нагоре. Дополнително, други медиуми потврдуваат дека тука влегуваат бензински, дизел и plug-in hybrid изведби, што значи дека купувачите ќе можат да ја комбинираат јубилејната опрема со различни погонски опции.
Ова специјално издание има и симболична тежина за Volkswagen. Во официјалното потсетување на историјата, брендот нагласува дека приказната почнала со Concept Tiguan во 2006 година, а веќе во 2007 стигнала и првата сериска генерација. Втората генерација од 2016 донесе повеќе простор и модерни технологии, а актуелната трета генерација, лансирана во 2024 година, ја продолжува таа линија со нов кокпит, повеќе системи за асистенција и поширока електрифицирана понуда.
________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.
_________________________________________________________________
The post Volkswagen го слави Tiguan со специјална Edition 20 appeared first on 24Auto.MK.
]]>