Францускиот Нант ќе биде без левиот бек Ромен Лагард на гостувањето кај Вардар во Скопје, во натпреварот од Лигата на шампионите кој е закажан за 16 септември. Причината е тешката семејна трагедија со која се соочија Лагард и неговото семејство по смртта на неговиот син. Нант денеска официјално објави дека клубот застанува целосно зад својот […]
The post Ѕвезда на Нант не доаѓа во Скопје – го погоди страшна трагедија! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Францускиот Нант ќе биде без левиот бек Ромен Лагард на гостувањето кај Вардар во Скопје, во натпреварот од Лигата на шампионите кој е закажан за 16 септември.
Причината е тешката семејна трагедија со која се соочија Лагард и неговото семејство по смртта на неговиот син. Нант денеска официјално објави дека клубот застанува целосно зад својот ракометар и неговите најблиски во овој тежок период.
Од францускиот клуб не откриваат дополнителни детали, почитувајќи ја приватноста на семејството, но јасно е дека Лагард нема да биде во составот на Нант за претстојниот европски дуел во Скопје.
Отсуството на Лагард ќе биде дополнителен хендикеп за францускиот тим пред гостувањето во Скопје, но во овој момент спортот е во втор план. На средбата со Висла Плоцк не бранеше ниту Иван Пешиќ, но нема информации дали ќе дојде во Скопје.
Вардар и Нант ќе се соочат во среда, 16 септември, во Скопје, во второто коло од Лигата на шампионите. Во првата рунда Вардар загуби кај Мелсунген со 33-31, а Нант славеше против Висла Плоцк со 26-25.
The post Ѕвезда на Нант не доаѓа во Скопје – го погоди страшна трагедија! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Екипата на Аеродром, која минатата сезона заврши на средината на табелата во Првата лига, на седмото место, подготвено ги очекува новите предизвици во прволигашката конкуренција. Под водство на тренерот Митко Стоилов и неговиот асистент Мартин Бурчевски, екипата на домашно тло ги одработи комплетно подготовките и пријателските натпревари. Како и досега, така и во претстојната сезона, […]
The post Аеродром подготвен за новата сезона – Стоилов ќе располага со млад и талентиран кадар appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Екипата на Аеродром, која минатата сезона заврши на средината на табелата во Првата лига, на седмото место, подготвено ги очекува новите предизвици во прволигашката конкуренција.
Под водство на тренерот Митко Стоилов и неговиот асистент Мартин Бурчевски, екипата на домашно тло ги одработи комплетно подготовките и пријателските натпревари.
Како и досега, така и во претстојната сезона, Аеродром ќе располага со талентирана и млада екипа, а своите натпревари ќе ги игра во салата „Расадник“.
Првиот натпревар Аеродром го игра против Радовиш, со која ги заменија домаќинствата, па аеродромци ќе гостуваат на првата средба што е закажана за утре од 18:30 часот во салата „25 Мај“ во Радовиш.
The post Аеродром подготвен за новата сезона – Стоилов ќе располага со млад и талентиран кадар appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија задача да судат средба што ќе се игра во Турција. Станува збор за првата пресметка меѓу турскиот Гиресунспор и австрискиот тим Фиверс Маргаретен. Овој меч на кој делегат е Грузиецот Гелашвили, ќе […]
The post Браќата Илиевски во Турција ја отвораат евро-сезоната appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија задача да судат средба што ќе се игра во Турција.
Станува збор за првата пресметка меѓу турскиот Гиресунспор и австрискиот тим Фиверс Маргаретен.
Овој меч на кој делегат е Грузиецот Гелашвили, ќе се игра на 13 септември со почеток од 16:00 часот во Гиресун.
The post Браќата Илиевски во Турција ја отвораат евро-сезоната appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Тиквеш откако се раздели со францускиот десен бек Абдула Шамал, веднаш се активираше на трансфер пазарот и пронајде ново решение за оваа позиција. Во Кавадарци дојде десниот бек од Тунис, Хазем Габара, кој има 22 години и ќе може да биде во составот за дуелот со Бутел Скопје. Габара ќе биде петтиот странец […]
The post Tиквеш се засилува – дојде десен бек од Тунис! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Тиквеш откако се раздели со францускиот десен бек Абдула Шамал, веднаш се активираше на трансфер пазарот и пронајде ново решение за оваа позиција.
Во Кавадарци дојде десниот бек од Тунис, Хазем Габара, кој има 22 години и ќе може да биде во составот за дуелот со Бутел Скопје.
Габара ќе биде петтиот странец во Кавадарци, а трет што пристигна ова лето по Азиз Бен Махфуд од Тунис и Франко Гавидија од Аргентина.
Кавадарчани стартуваа со триумф во новата сезона и славеа кај Струга, а по мечот со Бутел Скопје ги очекува двомечот со ЕХФ Европскиот Куп против Еш од Луксембург.
The post Tиквеш се засилува – дојде десен бек од Тунис! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 | 𝗥𝗢𝗨𝗡𝗗 𝟭 🚀🔥 Powered by Gorenje! 1️⃣ Ferran Solé | Paris Saint-Germain Handball 2️⃣ Leonel Fernandes | FC Porto 3️⃣ Mohab Abdelhak | HC Vardar 1961 4️⃣ Giorgi Tskhovrebadze | HC Zagreb 5️⃣ Emil Lærke | SAH – Aarhus Best goal? 👀👇 #CLM #handball pic.twitter.com/oO6gSkJlww — EHF Champions League (@ehfcl) September […]
The post 🎥 Проектилот на вардарецот Мо е во ТОП 5 во ЛШ – ја „собра пајажината“ од голот на Мелсунген! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>𝗧𝗢𝗣 𝟱 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 | 𝗥𝗢𝗨𝗡𝗗 𝟭
Powered by Gorenje!
1⃣ Ferran Solé | Paris Saint-Germain Handball
2⃣ Leonel Fernandes | FC Porto
3⃣ Mohab Abdelhak | HC Vardar 1961
4⃣ Giorgi Tskhovrebadze | HC Zagreb
5⃣ Emil Lærke | SAH – AarhusBest goal?
#CLM #handball pic.twitter.com/oO6gSkJlww
— EHF Champions League (@ehfcl) September 11, 2026
The post 🎥 Проектилот на вардарецот Мо е во ТОП 5 во ЛШ – ја „собра пајажината“ од голот на Мелсунген! appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Бутел Скопје по ремито со Младост Богданци во првото коло во Супер машката лига, го очекува тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци. Бутелци секогаш играле добро на гостувањата во „Јасмин“, а капитенот Димитар Ѓеоргиевски бил актер во повеќе вакви дерби средби меѓу двете екипи. Тој вели дека првата средба е архивирана, а оттаму […]
The post Бутел гостува во Кавадарци, капитенот знае дека ќе биде тешко – ќе одлучуваат нијанси appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Бутел Скопје по ремито со Младост Богданци во првото коло во Супер машката лига, го очекува тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци.
Бутелци секогаш играле добро на гостувањата во „Јасмин“, а капитенот Димитар Ѓеоргиевски бил актер во повеќе вакви дерби средби меѓу двете екипи.
Тој вели дека првата средба е архивирана, а оттаму треба да се продолжат добрите моменти и да се исправат сите грешки.
„Можеби посакувавме со победа да го отвориме првенството на домашен терен, но што е тука е, го оставаме тој натпревар против Младост Богданци зад нас. Имавме и добри и лоши моменти на тој меч, а сега ќе пробаме да ги коригираме грешките за во иднина да бидеме подобри“, вели капитенот на Бутел Скопје.
Бутел Скопје сега го чека гостување во салата „Јасмин“ во Кавадарци, кај Тиквеш, кој имаше победнички старт и победи кај Струга.
„Не очекува гостување во Кавадарци, таму секогаш е тешко да се игра, мислам дека победникот ќе го одлучат нијанси, екипата која ке биде посмирена и поконцентрирана ќе освои бодови. Се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе славиме. Лично јас имам одиграно доста натпревари против Тиквеш, добро ги познавам сите играчи и нивниот тренер Кристијан Грчевски, со кој соработував. Кај нас имаме доста млади играчи кои се желни за игра и за докажување, ќе се обидеме ние поискусните да им помогнеме и се надевам дека в сабота од Кавадарци ќе се вратиме со бодови“, заврши Ѓеоргиевски.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје се игра в сабота од 19:00 часот во салата „Јасмин“.
The post Бутел гостува во Кавадарци, капитенот знае дека ќе биде тешко – ќе одлучуваат нијанси appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Екипата на Чаир денеска го има вториот предизвик во Регионалната лига и ќе ја пречека екипата на Наиса Ниш. По поразот од српскиот Бор во првата рунда, избраничките на Басри Љатифи се во потрага по првите бодови. Наиса Ниш има победа над Ѓорче Петров од првото коло, а потоа забележа триумф и против Старс Лавици […]
The post ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаир со втор предизвик во Регионалната лига appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Екипата на Чаир денеска го има вториот предизвик во Регионалната лига и ќе ја пречека екипата на Наиса Ниш.
По поразот од српскиот Бор во првата рунда, избраничките на Басри Љатифи се во потрага по првите бодови.
Наиса Ниш има победа над Ѓорче Петров од првото коло, а потоа забележа триумф и против Старс Лавици од Црна Гора.
Чаир за разлика од дерби дуелот со Ѓорче Петров, сега ќе смета на сиот расположив кадар, па сигурно може да се надеваат на целиот плен на мечот што стартува од 19:00 часот.
Покрај мечот на Чаир, денеска активни во домашните првенства ќе бидат Сара Ристовска со Рапид Букурешт, Михајло Младеновиќ со Кретеј, Филип Чурлевски со ГРИФК…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 ЧАИР – НАИСА НИШ (РЕГИОНАЛНА ЛИГА)
16:00 РАПИД БУКУРЕШТ – ЈАШИ (РОМАНИЈА)
18:00 ХИФК – ГРИФК (ФИНСКА)
20:30 КРЕТЕЈ – МАСИ АНСОН (ФРАНЦИЈА)
The post ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Чаир со втор предизвик во Регионалната лига appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Со почетокот на новата учебна година стартува и шестата сезона на проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој и годинава продолжува со мисијата ракометот да им го доближи на најмладите. „Време е за ракомет!“ е слоганот под кој ќе се одвива годинешната промотивна кампања, која во текот на септември ќе донесе низа активности на отворено, со […]
The post „Ракомет За Секое Дете“: Нова сезона. Нови деца. Истата љубов кон ракометот. appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Со почетокот на новата учебна година стартува и шестата сезона на проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој и годинава продолжува со мисијата ракометот да им го доближи на најмладите.
„Време е за ракомет!“ е слоганот под кој ќе се одвива годинешната промотивна кампања, која во текот на септември ќе донесе низа активности на отворено, со демо-тренинзи и натпревари во мини и голем ракомет.
Целта е едноставна, што повеќе деца од 6 до 13 години да се запознаат со ракометот, да влезат во сала, да стекнат нови пријателства и преку игра и дружење да ги почувствуваат вредностите што ги носи спортот.
Активностите ќе се реализираат на повеќе локации во Скопје и Велес, каде што функционира проектот, а настаните ќе бидат отворени за сите заинтересирани деца. На тој начин, најмладите ќе имаат можност директно да учествуваат во тренинг и да почувствуваат како изгледа еден ракометен ден.
– Ракометот во Македонија со години е спорт број еден, што го потврдуваат резултатите на клубовите и националниот тим. Но, не смееме да бидеме задоволни само со тоа. Ако сакаме ракометот да има иднина, мора да бидеме присутни таму каде што се децата, во маалата, парковите и на отворените игралишта.
Минатата година прашавме „Дали е некој за ракомет?“. Оваа година велиме: „Време е за ракомет!“. Време е децата да се вратат на спортот, на дружењето и во салите. Нашата цел е ракометот да им биде достапен и интересен на што поголем број деца, без разлика дали еден ден ќе станат врвни спортисти или ракометот ќе остане дел од нивното детство.“ – вели Горан Ѓоргоноски, основач и координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

Годинешната кампања доаѓа во период во кој дигитализацијата и променетиот начин на живот значително влијаат врз навиките на најмладите. Токму затоа, од проектот велат дека е неопходно спортот да се приближи до новите генерации, наместо да се очекува тие сами да го побараат.
– Навиките на децата се променија. Денес конкуренцијата за нивното слободно време е огромна и затоа спортот мора да најде начин да им стане повторно интересен. Нашата прва задача е да ги внесеме во сала, но уште поважно е да создадеме средина во која тие ќе сакаат да останат.
„Ракомет За Секое Дете“ не е проект чија основна цел е производство на репрезентативци. Ако од нашите редови излезе врвен спортист, секако дека ќе бидеме горди. Но, за нас успех е и дете кое ќе научи да функционира во тим, да ги почитува другите, да има дисциплина, да се дружи и да расте во здрава спортска средина. Тоа е вредноста која сакаме да ја создадеме. Од оваа сезона, „Јуниор Куп“ го отвораме и за школи и екипи надвор од проектот, за деца родени во 2017 година и помлади. Целта е децата од најрана возраст да имаат можност во текот на годината да одиграат доволен број натпревари, со што ќе се поттикнат нивната анимација, натпреварувачкиот дух и желбата за напредок, но и ќе се овозможи проверка и надградување на веќе стекнатите знаења.“– додава Ѓоргоноски.
Проектот „Ракомет За Секое Дете“ започна во 2021 година и денес функционира преку три сегменти: школо за ракомет во Скопје и Велес, „Јуниор Куп“, турнирски систем во мини-ракомет, и меѓународниот ракометен камп „40х20“, кој секое лето се одржува во Охрид.
Во изминатите сезони, проектот низ своите активности опфати стотици деца, а преку школата, турнирите и кампот создаде можност најмладите да го запознаат ракометот и спортот на поинаков начин.
Време е за нова сезона. Време е за нови деца. Време е за ракомет!
Се гледаме во сала – повик до сите деца кои сакаат да трчаат, да играат, да се дружат и да бидат дел од еден тим.
The post „Ракомет За Секое Дете“: Нова сезона. Нови деца. Истата љубов кон ракометот. appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот кадар со кој ќе настапува претстојната сезона во прволигашката конкуренција. Најново име во составот на Македонија Ѓорче Петров е младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Симоновски. Кружниот напаѓач минатата сезона ја мина во Супер лигата, играше за Тиквеш и за Пролет, а претходно беше дел од Аеродром. […]
The post Младински репрезентативец потпиша за Македонија Ѓорче Петров appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот кадар со кој ќе настапува претстојната сезона во прволигашката конкуренција.
Најново име во составот на Македонија Ѓорче Петров е младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Симоновски.
Кружниот напаѓач минатата сезона ја мина во Супер лигата, играше за Тиквеш и за Пролет, а претходно беше дел од Аеродром.
„Дробилицата“, која ќе биде предводена од тренерот Оливер Димитриоски, претходно ги обнови договорите со шестмина ракометари.
Голманите Давид Стојкоски и Димитар Гиевски ставија потписи на нови договори, а во клубот остануваат и Давор Домика, Мартин Бучуковски и Дарко Рангелов, како и Михаил Тотиќ.
Клубот обрнува внимание и на талентите од својата школа, па првите професионални договори ги потпишаа Лука Зафировски и Кристијан Героски.
Сите ракометари потпишаа договори до 2028 година.
The post Младински репрезентативец потпиша за Македонија Ѓорче Петров appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Вардар пружи голем отпор на гостувањето кај Мелсунген, имаше свои прилики што не ги искористи и на крајот загуби со 33-31 во првото коло од Лигата на шампионите. Тренерот на бундеслигашот, кој своевремено седеше на клупата на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е задоволен од изданието на својот тим. „Ова беше одличен настап на мојот тим […]
The post Парондо по триумфот над Вардар: Не беше лесно… appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>Вардар пружи голем отпор на гостувањето кај Мелсунген, имаше свои прилики што не ги искористи и на крајот загуби со 33-31 во првото коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на бундеслигашот, кој своевремено седеше на клупата на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е задоволен од изданието на својот тим.
„Ова беше одличен настап на мојот тим против исклучително тежок противник. Тоа е Лигата на шампионите – сите екипи се многу квалитетни и воопшто не е лесно да се победи. Но, ова беше само првиот натпревар и ќе ни бидат потребни уште многу вакви изданија доколку сакаме да се пласираме во следната рунда“, изјави Парондо.
Следен предизвик за Мелсунген и Парондо ќе биде тешкото гостување кај полскиот вицепрвак Висла Плоцк.
The post Парондо по триумфот над Вардар: Не беше лесно… appeared first on 24 РАКОМЕТ.
]]>