Advertise with Googlier.com Vrabotuvanje – 24 Vakti https://24vakti.mk Avgo Romani TV thaj online portali Mon, 03 Jun 2024 09:15:06 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://24vakti.mk/wp-content/uploads/2021/04/cropped-24Vakti_Favicon-1-32x32.png Vrabotuvanje – 24 Vakti https://24vakti.mk 32 32 Германска амбасада Скопје- Резервација на термин и тек на постапката за барање виза согласно Правилото за Западен Балкан https://24vakti.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b8%d0%bd-%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%ba/ Mon, 03 Jun 2024 09:06:29 +0000 https://24vakti.mk/?p=19359 Од 1 јуни 2024 г., значително може да ја забрзате постапката за виза со тоа што ќе си обезбедите однапред првична согласност. Вашиот иден работодавач поднесува барање за првична согласност пред Сојузната агенција за вработување пред да побарате термин за поднесување барање за виза.

Штом Вашиот иден работодавач ја добие првичната согласност од Сојузната агенција за вработување, Вие може да договорите термин и да поднесете барање за виза истовремено приложувајќи ја првичната согласност. На овој начин, лотаријата отпаѓа, а Вие ќе добиете термин кај ВизаМетрик за само неколку недели. Последната лотарија се одржа во мај за термини во месец јуни 2024.

Термините според новата постапката ќе бидат достапни во првата половина на месец јуни.

https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2493044?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2aaWHJFFduwVaSGY8lacrzIBWo8omr5Y_sSuTCHqXIX4rdxG0Chqm04KY_aem_ATqcHQwoQFbYnBNgKRSDMiokYcDUBQZBQw8PSVVOSirw3KG0uScObaSdBtCQ3BcZA8rx_F_bqqS968VbcBQnZGVB

]]>
Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај https://24vakti.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%80/ Wed, 01 May 2024 10:07:46 +0000 https://24vakti.mk/?p=19008 Први мај, уште познат и како Меѓународниот ден на трудот е празник кој се одбележува ширум светот, во чест на борбата на работниците за добивање на основните работнички права.

Во многу земји, Денот на трудот е дури и национален празник, како што е кај нас, сепак оваа празнување најмногу го отпоздравуваат Синдикатите кои секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права.

Во 1886 година, пред 138 години, работниците во градот Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа борба за воспоставување на осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен Први мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година, на овој датум ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Ова им овозможува на организациите да спроведуваат кампањи кои се фокусирани на подобрување на животот на своите вработени, што претставува единствен начин истите да ги задржат.

]]>
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката https://24vakti.mk/%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%82%d0%be%d0%ba%d1%81%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5/ Mon, 22 Apr 2024 14:12:03 +0000 https://24vakti.mk/?p=18516 Директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на денешната прес-конференција, којашто ја држеше заедно со останатите лекари на Клиниката, рече дека главен проблем со којшто во моментив се соочува клиниката е доекипирањето на лабораторијата, поради што пациентите трпат.

Лекарите алармираа за хаосот што се случува на Клиниката, особено, како што велат, откако била назначена економската директорка.

-Секој кој малку разбира токсикологија, знае дека токсиколошка клиника без токсиколошка лабораторија не може да функционира.

Во моментов таму функционира само еден лаборант, а за минимум да работи оваа лабораторија, потребни се барем двајца дипломирани биолози и уште еден техничар со средна медицинска спрема, појасни тој.

Истакна дека Клиниката веќе неколку години е на маргините, во рок за шест години се сменети пет директори, додавајќи дека од 12 февруари, клиниката има нова организациона директорка, дипломиран економист, со која се соочувале со отпор и несоработка.

Во неколку наврати, додаде, било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира.

-Од директорката се инсистира да бидат примени сите 18, кои претходно беа примени со договор на дело, а на кои им истече договорот.

Ставот на лекарскиот колегиум, е, дека немаме потреба од толкав број нови примања, рече тој.

Дополнително, медицинскиот директор Данил Петровски одбива да ги потпише вработувањата бидејќи е предизборен период.

На новинарско прашање, тој одговори дека меѓу 18-те лица за кои директорката Бесија Иљази бара да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборантот да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина.

Беќаровски подвлече дека немаат комуникација со директорката, бидејќи, како што рече, таа не го знаела македонскиот јазик. Тој рече дека имал обиди со неа да разговара на англиски.

Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење.

Беќаровски се осврна и на резултатите од работењето во изминатиот период, рече дека државата нема акредитирана токсиколошка лабораторија, иако на сите министри им се укажувало тоа.

Нагласи дека ниту едно од присутните медицински лица на пресот, истакнати во својата професија, не е активен член на политичка партија, а сите се со долги години стаж.

По прес-конференцијата, надвор од клиниката, новинарите имаа можност да поразговараат и со дел од тие кои останале без работа по истекот на договорот на дело, меѓу кои и бочничарот за кој претходно беше кажано дека правел притисок за замена на урина.

Тој ги негираше обвинувањата, нагласувајќи дека само бил прашан, дали може да помогне и одговорил дека не може и не смее, бидејќи е тоа кривично дело.

Изјава даде и организационата директорка на клиниката, но, само на албански јазик. бд/нд/Фото: МИА  .

]]>
Jавен повик за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво) https://24vakti.mk/j%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%be/ Mon, 26 Feb 2024 14:03:19 +0000 https://24vakti.mk/?p=17519 Се повикуваат сите невработени лица кои имаат завршено најмалку средно образование и кои се:
•млади лица до 29 години
•лица со попреченост
•мажи до 60 години и жени до 58 години
•жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
•лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис
•Роми
•повратници од странство – припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување,
да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво).

Неповратната финансиска помош за основање сопствен бизнис изнесува 369.000,00 денари.
Целиот оглас можете да го прочитате на https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
За сите дополнителни прашања ве очекуваме во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот.
#шансазасите2024

]]>
Етничката припадност ќе ја има на изводите на родени, венчани и починат https://24vakti.mk/%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%9c%d0%b5-%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be/ Mon, 29 May 2023 12:40:46 +0000 https://24vakti.mk/?p=17351 Со новото упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати, Министерството за правда има за цел да се справи со проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување. Министерот Кренар Лога во понеделник ќе го потпише новото упатство. Тој претходно за Алсат го потврди ова, додавајќи дека нема потреба од други законски измени за да се избегне злоупотреба.

„Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога.

Можноста граѓаните да се изјаснуваат за етничката припадност без да се има документ за потврда, остави простор за злоупотреба при вработување во државните институции. Во случаи кога балансерот пресметал дека во одредена институција, за да се постигне правична етничка застапеност, треба да се вработат лица од одредена етничка припадност, апликантите за тоа работно место лажно се декларираа дека имаат одредена етничка припадност за да се прилагодат на конкурсот. Со ова на местата резервирани за Албанци, Роми, Турци и сл., се вработуваа Македонци или обратно. Алсат информираше за десетици вакви случаи, а последен е оној со вработување на осум Македонци во општина Куманово, кои при вработувањето се изјасниле како Албанци. Поради ваквите манипулации, сомнителни се бројките за правична етничка застапеност што Народниот правобранител ги објавува секоја година, а кои покажуваат континуиран пораст на вработеноста на Албанците, Турците, Ромите и етничките малцинства во државните институции. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу пред неколку недели за Алсат изјави дека не верува оти оваа злоупотреба е честа.

„Можеби имате име кое е прогласен како Албанец и може да е од друга националност или обратно, во овој поглед верувам дека овие бројки не се многу точни, не се бројки што ни даваат голема точност. Но, злоупотребата верувам, сакам да верувам, не е повеќе од, да речеме, 0,5%, туку помалку“, рече Алиу.

Балансерот како механизам за обезбедување правична етничка застапеност во институциите беше резултат на Охридскиот договор. Нејзините злоупотреби започнаа во последните години и решението беше ветувано неколку пати но досега не беше постигнато.

]]>
ГОЛЕМ ОГЛАС: 25 АЛБАНЦИ, ПО ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ И ТУРЦИ, ТРОЈЦА РОМИ…. – еве какви кадри се бараат во УЈП и колкави плати ќе земаат https://24vakti.mk/%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-25-%d0%b0%d0%bb%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8-%d0%bf%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba/ Tue, 25 Jan 2022 13:33:34 +0000 https://24vakti.mk/?p=16846 Нови вработувања ќе има во Управата за јавни приходи. Во даночната администррација на земјава ќе се примат дури 40 нови луѓе.

Пред неколку дена Агенцијата за администрација распишала оглас за вработување на 40 нови службеници во УЈП.

Се бараат најразлични профили на кадри – асистенти, соработници, референти…, а нивните плати главо ќе бидат или 30.037 денари, или 33.332 денари, иако за некои вработувања се предвидени и нешто пониски месечни примања, но тие работни места се значително помалку на број.

Од овие 40 вработувања, за 25 работни места како услов во огласите е наведено дека треба да бидат Албанци по националност. 

Се објаснува дека тоа е предвидено согласно годишнот плн на институцијата што вработува, односно Управата за јавни приходи. 

Потоа, четворица од оние што ќе се примаат ќе бидат Македонци, а четворица Турци според својата етничка припадност. Тројца од нововработените се педвидува да се Роми, двајца Срби, еден Бошњак и еден од друга националност.

Онака како што е наведено во огласот, ќе се прима еден помлад асистент за модернизација. Неговата плата ќе биде нешто над 30 илјади денари, или прецизно 30.037 денари. Нивото на квалификации треба да му биде високо образование од областа на правните или економските науки, а може да биде со или без работно искуство во струката. Согласно застапеноста на кадри според националноста, тој треба да биде Албанец.

Предвидено е да се вработи и еден помлад асистент за управување со ризик кај усогласеноста. За да се поријави лицето за оваа работа треба да биде дипломиран економист,со или без работно искуство во струката. Ќе има плата од нешто над 30 илјади денари, и исто така треба да биде Албанец според етничката припадност.

За истата таа плата ќе работи и помладиот асистент за персонален данок на доход, кој треба да има високо образование од областа на економските и правните науки, или пак организациони науки и управување, односно менаџмент, со или без работно искуство во струката. Согласно планот, според етничката застапеност тој треба да биде Бошњак.

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

УЈП ќе прими и двајца помлади асистенти за прием, контрола и обработка на предмети, со високо образованбие од областа на филозофијата, правни и органиозациски науки и менаџмент, со или без работно искуство во струката. Ќе бидат Албанци и ќе земаат над 30 илјади денари.

Во даночната администрација на земјава ќе работат и двајца помлади референти за општи и заеднички работи, кои треба да имаат средно образование или гимназија, а не мора да имаат ниту работно искуство во струката. На овие две места ќе се примат еден Албанец и еден Ром, а ќе земаат плати од по не 13.851 денари.

УЈП преку огласот бара и помлад асистент за наплата на долгови, со економски или правен факултет, а може и да нема искуство во струката. Треба да биде Албанец, а ќе зема плата над 30 илјади денари.

Оваа институција преку огласот бара и еден даночен контролор, кој треба да има вишо или средно образование, и најмалку една година работно искуство во струката. Тој исто така треба да биде Албанец, а за него е предвидена плата од 28.320 денари.

УЈП бара и еден асистент за услуги на даночни обврзници. Треба да има економски, правен или факултет за туризам, но да исполнува и други критериуми. Неговата плата ќе биде повисока, 33.322 денари. Согласно годишниот план на институцијата, тој треба да биде Македонец по националност.

Во УЈП работа ќе најде и самостоен даночен референт за услуги на даночни обврзници, кој ќе зема плата од 24 илјди денари, а по етничка припадност треба да биде Србин.

Вработување ќе има и за самостоен даночен референт за регистрација на даночни обврзници – физички лица, со средно образование и три години работно искуство, чија плата ќе биде 24 илјади денари, а ќе биде Македонец.

Потоа, се бара и помлад асистент за утврдување на даноци на даночни обврзници – физички лица,со платаод нешто над 30 илјади денари, а според планот по националност треба да биде Албанец,

Се бараат и други профили на кадри, а целиот оглас на УЈП е на следниов линк.

Инаку, во мај минатата година Фактор објави дека Управата за јавни приходи склучила договор со приватната Агенција за вработување Партнер, вреден речиси 440.000 евра.

Тогаш од УЈП за Фактор изјавија дека тој договор се однесува на вработувања кои треба да завршат до крајот на минатата година, и според него требало да се вработат 33 лица, а за нив беа отворени позиции по повеќе критериуми.

Инаку, во УЈП и претходно имаше огласи за вработувања.

Во таа институција, според официјалните податоци од Владата, требаше да се распоредат 101 лице кои беа дел од рамковните вработувања односно оние кои не одеа на работа, а беа вработени во јавната администрација.

Дали овој најнов оглас за дури 40 приеми ќе биде дел од вработувањата според програмата на Владата за вработување на рамковно вработените, со оглед што за дури 25-мина е предвидено да бидат Албанци, или, пак, станува збор за други вработувања кои и се потребни на УЈП, одговори ќе дадат од самата даночна администрација.

]]>
ДРОН ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | Отворен „Ист Гејт Мол“: Шопинг, забава и вкусна храна на едно место https://24vakti.mk/%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bd-%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be%d0%b3%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b8%d1%81%d1%82-%d0%b3%d0%b5%d1%98/ Fri, 29 Oct 2021 13:51:42 +0000 https://24vakti.mk/?p=16668 Со симболично сечење на црвена лента и со стотици балони пуштени кон небото, денеска во Скопје беше отворен „Ист гејт мол“, еден од најголемите трговски центри во регионот.

Отворање на Ист Гејт Мол / 29 октомври 2021

Посетителите, кои уште при самото отворање ги имаше во голем број, имаат можност да пазаруваат во 220 продавници кои нудат избор од над 600 брендови. Од застапените брендови, 40 се сосема нови и за првпат се претставуваат во земјава. Меѓу нив се Зара хоум, Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други. Се разбира, не изостануваат ни гастрономските уживања, продавниците за книги и различни други услуги и забава за посетителите од сите возрасти.

„Ист Гејт Мол“, инвестиција вредна 103 милиони евра на „Балфин Групација“, се простира на пет нивоа, на вкупна површина од околу 160.000 метри квадратни, а располага со 2000 паркинг места.

Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено „Ист Гејт Мол“ е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, „Ист Гејт Мол“ е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде – истакна Игор Давков, главен извршен директор на компанијата „Скопје Ист Гејт“.

https://www.slobodenpecat.mk/dron-videogalerija-otvoren-ist-gejt-mol-shoping-zabava-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto/

]]>
Утре се отвора трговскиот центар „Ист Гејт“ https://24vakti.mk/%d1%83%d1%82%d1%80%d0%b5-%d1%81%d0%b5-%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b3%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b8%d1%81%d1%82/ Thu, 28 Oct 2021 15:56:13 +0000 https://24vakti.mk/?p=16634 После долги најави, новиот трговски центар и комплекс „Ист Гејт“ за јавноста се отвора утре, 29 октомври.

Ова место обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории –  почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Ист Гејт Мол се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Шопинг искуство е засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани, а модерно опремените кина ќе овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини.

]]>
Solution employment- Агенција за вработување во странство со македонски пасош https://24vakti.mk/solution-employment-%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81/ Fri, 24 Sep 2021 13:25:43 +0000 https://24vakti.mk/?p=16212 Solution е нова компанија за посредување при вработување во земјата и странство која настапува со моќен бренд, искуство и експертиза, како основни предуслови за релеванта конкурентна понуда во доменот на посредувањето при вработување во земјата и надвор од неа.


Solution employment настапува на македонскиот пазар со добро познавање на пазарните прилики за вработување. Имаме склучено директни договори со врвни работодавци од Германија кои ни овозможуваат непречена и континуирана понуда за вработување на нашите клиенти. Токму овие партнери ќе дадат потпора да се настапи на пазарот со конкурентски предности.

Компанијата е основана од Ибрахим Ибрахими. Г-дин Ибрахим Ибрахими долги години учествувал во креирањето на закони и политики за вработување, како заменик министер и министер за труд и социјална политика, и е добар познавач на пазарните услови во Македонија, но и во Република Германија, пред се проучувајќи ги нивните закони во делот на активните мерки за вработување.
Нашиот тим се состои од администратори, германисти, и регрутери за вработување – лица кои и самите учествувале во работни, студентски програми во Германија. Ви стоиме на располагање за се што е ви е потребно и поврзано со вашата желба за работа во земјата и странство.

Контактирајте со лице на Solution​

Контакт: 070/356-801​
070/356-802

Локација: Булевар Партизански Одреди 14А Скопје

]]>