Според моделот ажуриран на 8 јули, „триколорите“ имаат 27,3 проценти шанси да го освојат трофејот, што ги прави најсериозен кандидат за светската круна.
Франција е и најголем фаворит за пласман во полуфиналето, со дури 73,9 проценти веројатност да го мине Мароко. Дополнително, суперкомпјутерот ѝ дава 44,3 проценти шанси за место во финалето, што ја издвојува како најстабилниот тим меѓу преостанатите осум репрезентации.
Втор фаворит е Шпанија. На „црвената фурија“ ѝ се предвидуваат 69,7 проценти шанси за полуфинале, 36,4 проценти за финале и 21,3 проценти за освојување на титулата. Шпанија е единствената селекција, покрај Франција, на која „Опта“ ѝ дава повеќе од 20 проценти шанси да стане светски шампион.
На третото место е актуелниот светски првак Аргентина. И покрај драматичната победа над Египет во осминафиналето, „гаучосите“ имаат 69,1 проценти шанси за полуфинале, 38,4 проценти за финале и 17,3 проценти за одбрана на титулата. Интересно е што Аргентина има поголеми шанси да стигне до финалето од Шпанија, но помали изгледи да го освои турнирот.
Четврти фаворит е Англија, која по драматичната победа над Мексико сега ќе се соочи со Норвешка. На Англичаните им се предвидуваат 62,4 проценти шанси за полуфинале, 35 проценти за финале и 16,5 проценти за освојување на трофејот.
Најпријатното изненадување е Норвешка. По сензационалната елиминација на Бразил, репрезентацијата предводена од Ерлинг Халанд значително ги подобри своите изгледи. Според „Опта“, Норвежаните имаат 37,6 проценти шанси за полуфинале, 17,1 проценти за финале и 6,6 проценти за освојување на светската титула.
Швајцарија е шеста на листата со 30,9 проценти шанси за полуфинале, 11,5 проценти за финале и 3,8 проценти за титулата. Мароко, кој ќе игра против Франција во четвртфиналето, има 26,1 проценти шанси за пласман меѓу четирите најдобри, 9,6 проценти за финале и 3,7 проценти за светската круна.
На последното место меѓу преостанатите четвртфиналисти е Белгија. Суперкомпјутерот им дава на Белгијците 30,3 проценти шанси за полуфинале, 9,8 проценти за финале и само 3,6 проценти за освојување на титулата, што е најнизок процент од сите осум репрезентации кои останаа во трката.
Според прогнозите на „Опта“, јасно се издвојуваат четири главни фаворити за титулата – Франција, Шпанија, Аргентина и Англија. Веднаш зад нив е Норвешка како најопасен аутсајдер, додека Швајцарија, Мароко и Белгија ќе се обидат да приредат изненадување во завршницата на Светското првенство.
]]>Во последните пет години, оваа репрезентација стана вистинска светска фудбалска сила. Тие стигнаа до полуфиналето на Светското првенство, тие се светски шампиони во возрасната група до 20 години, тие се шампиони на Африка, тие се полуфиналисти на Олимписките игри и тие се шампиони на Арапскиот куп.
Натпреварот е реприза на полуфиналето на Светското првенство во 2022 година, кога Франција го заврши историскиот настап на Мароко во Катар, но овој пат Северноафриканците повеќе не се изненадувачки аутсајдери, туку самоуверен тим кој се стреми кон титулата.
„На крајот од турнирот ќе направиме преглед на настапот. Нема да кажам ништо сега бидејќи можеме да направиме повеќе од ова. Нема да ги слушаме луѓето кои ќе речат „она што го направивте досега е прекрасно““, рече Оуаби и објасни:
„Франција е фаворит, но ние ќе направиме сè што е можно за да победиме и да стигнеме до полуфиналето. Не ми се допаѓа ова чувство „се снајдовме добро што стигнавме до тука, а сè друго е бонус“. Не, бонусот е освојувањето на Светското првенство. Така стигнавме до тука. Дојдовме за титулата светски шампион и така сакаме да продолжиме понатаму“, додаде тој.
Франција, светски шампиони од 2018 година и финалисти од 2022 година, го победи Парагвај во осминафиналето со тешка победа од 1-0 благодарение на Килијан Мбапе и гол од пенал. Капитенот на Франција постигна седум гола на турнирот, втор само зад Лионел Меси од Аргентина со осум.
Мбапе, Усман Дембеле, Михаел Олисе и Бредли Баркола ѝ даваат на Франција една од најопасните напаѓачки линии што некогаш биле видени на Светското првенство.
Мароко лесно ја помина групната фаза пред да ги елиминира Холандија и домаќинот на турнирот Канада, потврдувајќи го својот статус како сериозен кандидат за титулата.
„Не е прашање на имиња. Мароканскиот тим се развива, исто како Франција. Клучот е да се игра играта без жалење. Има работи што можеме да ги подобриме. Мора да играме со 2.000 проценти и да не мислиме дека она што сме го направиле досега не е лошо“, заклучува селекторот на оваа амбициозна селекција.
]]>Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.

„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“ вели Коњановски.
Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Рустемовски.
Со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.
По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.

Настанот го организираа Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
Во образложениет се вели дека признание кое доаѓа е круна на неговите извонредни резултати, посветеност и континуиран напредок на домашната и меѓународната сцена, а ова е потврда дека Рустемовски е еден од најзначајните амбасадори на македонскиот спорт, спортист кој со гордост го носи државниот грб и ја претставува Македонија и Битола со чест и достоинство.

-Сакам да се заблагодарм за ова големо признание, сакам да се заблагодарам на мојот тренер и семмество и на Битола. Ќе се борам и понатаму за Македонија, реќе кратко со многу емоции Рустемовски по примањето на наградата која му ја додели министерот за спорт, Борко Ристевски.
Инаку, со своите настапи во текот на изминатата година, Рустемовски ја промовираше Македонија на највисоко ниво, покажувајќи дека талентот, дисциплината и упорната работа секогаш наоѓаат пат до успехот. Неговите достигнувања не се само личен триумф, туку и силна мотивација за младите спортисти ширум земјата. Прогласувањето за спортист на Македонија е уште еден чекор напред во неговата успешна кариера и силна најава дека од Рустемовски допрва се очекуваат уште поголеми успеси.
Во оваа категорија, покрај Рустемовски, за спортист на годината беа номинирани и Енис Барди (фудбал), Стефан Михајловски (кикбокс и маитаи), Андреас Трајковски (атлетика) и Владимир Егоров (борење).

За најуспешен млад спортист беше прогласен Адријан Рустемовски (бокс) од Битола.
]]>„СпортСпорт“ во продолжение ви го дава на дланка распоредот на целото ЕП, на сите натпревари по ден, се разбира со сатница.
Следете фудбал, читајте “СпортСпорт“ и уживајте.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ГРУПНАТА ФАЗА
14 јуни (петок)
Група – А (21:00 ч) – Минхен
ГЕРМАНИЈА – ШКОТСКА
15 јуни (сабота)
Група – А (15:00 ч) – Келн
УНГАРИЈА – ШАЈЦАРИЈА
Група – Б (18:00 ч) – Берлин
ШПАНИЈА – ХРВАТСКА
Група – Б (21:00 ч) – Дортмунд
ИТАЛИЈА – АЛБАНИЈА
16 јуни (недела)
Група – Д (15:00 ч) – Хамбург
ПОЛСКА – ХОЛАНДИЈА
Група – Ц (18:00 ч) – Штутгарт
СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА
Група – Ц (21:00 ч) – Гелзенкирхен
СРБИЈА – АНГЛИЈА
17 јуни (понеделник)
Група – Е (15:00 ч) – Минхен
РОМАНИЈА – УКРАИНА
Група – Е (18:00 ч) – Франкфурт
БЕЛГИЈА – СЛОВАЧКА
Група – Д (21:00 – ч) – Дизелдорф
АВСТРИЈА – ФРАНЦИЈА
18 јуни (вторник)
Група – Ф (18:00 ч) – Дортмунд
ТУРЦИЈА – ГРУЗИЈА
Група – Ф (21:00 ч) – Лајпциг
ПОРТУГАЛИЈА – ЧЕШКА
19 јуни (среда)
Група – Б (15:00 ч) – Хамбург
ХРВАТСКА – АЛБАНИЈА
Група – А (18:00 ч) – Штутгарт
ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА
Група – А (21:00 ч) – Келн
ШКОТСКА – ШВАЈЦАРИЈА
20 јуни (четврток)
Група – Ц (15:00 ч) – Минхен
СЛОВЕНИЈА – СРБИЈА
Група – Ц (18:00 ч) – Франкфурт
АНГЛИЈА – ДАНСКА
Група – Б (21:00 ч) – Гелзенкирхен
ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА
21 јуни (петок)
Група – Е (15:00 ч) – Дизелдорф
СЛОВАЧКА – УКРАИНА
Група – Д (18:00 ч) – Берлин
ПОЛСКА – АВСТРИЈА
Група – Д (21:00 ч) – Лајпциг
ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА
22 јуни (сабота)
Група – Ф (15:00 ч) – Хамбург
ГРУЗИЈА – ЧЕШКА
Група – Ф (18:00 ч) – Дортмунд
ТУРЦИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
Група – Е (21:00 ч) – Келн
БЕЛГИЈА – РОМАНИЈА
23 јуни (недела)
Група – А (21:00 ч) – Франкфурт
ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА
Група – А (21:00 ч) – Штутгарт
ШКОТСКА – УНГАРИЈА
24 јуни (понеделник)
Група – Б (21:00 ч) – Дизелдорф
АЛБАНИЈА – ШПАНИЈА
Група – Б (21:00 ч) – Лајпциг
ХРВАТСКА – ИТАЛИЈА
25 јуни (вторник)
Група – Д (18:00 ч) – Берлин
ХОЛАНДИЈА – АВСТРИЈА
Група – Д (18:00 ч) – Дортмунд
ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА
Група – Ц (21:00 ч) – Келн
АНГЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
Група – Ц (21:00 ч) – Минхен
ДАНСКА – СРБИЈА
26 јуни (среда)
Група – Е (18:00 ч) – Франкфурт
СЛОВАЧКА – РОМАНИЈА
Група – Е (18:00 ч) – Штутгарт
УКРАИНА – БЕЛГИЈА
Група – Ф (21:00 ч) – Гелзенкирхен
ГРУЗИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
Група – Ф (21:00 ч) – Хамбург
ЧЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА
НАТПРЕВАРИ ВО НОКАУТ ФАЗАТА

Во финалето Македонија ќе настапи Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски и Алим Насуфи, но и Ник Николов, кој на турнирот е пријавен како претставник на Словенија, но од неодамна настапува за македонската репрезентација.
Финалето почнува во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“
На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.
Финале Златен гонг:
Жени
57 кг Ребека Добош (Унгарија) – Карина Ибраимова (Казахстан)
Мажи
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Шудаи Харада (Јапонија)
57 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Луар Алиу (Косово)
60 кг Ружди Рустемовски (Македонија) – Аксел Хегарти (Велс)
63,5 кг Ник Николов (Македонија) – Димтрос Николау (Грција)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
75 кг ОрландоХолви-Сотоми (Велс) – Вилијам Чолов (Бугарија)
80 кг Стелијан Страхилов (Бугарија) – Редис Карај (Албанија)
92 кг Марко Крмљак (Хрватска) – Донат Сила (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Ардијан Аземи (Македонија) – Јордан Хернандез (Бугарија)
Ален и Ружди Рустемовски забележаа победи во чевртфиналните борби на 53-то издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.
Ардијан аземи не се појави на рингот.
Утре се полуфиналните борби со почеток во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“, од нашите боксери на рингот ќе се појават Ален Рустемовски и Алим Насуфи.
Денес имаше интересни борби, а секако најголемо внимание привлече мечот меѓу Ален Рустемовски и атрактивниот боксер од Косово Башким Бајоку. И Ружди Рустемовски не заостана во пресметката со Лорент Мурати.
Наум Стојаноски, Лиси Коџаџику и Лука Трифуновиќ настапија во воведниот дел на Златен гонг, односно борби кои не се во официјалната програма на тунирот, а се во договор на тренерите од Македонија и Бугарија за стекнување на иксуство.
На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.
Некои од најавените репрезентации не допатуваа во Скопје.
Резултати 1/4 финале Златен гонг:
Жени
57 кг Сандра Драбик (Полска) – Ребека Добос (Унгарија) 5-0
Мажи
57 кг Шудаи Харада (Јапонија) – Луар Алиу (Косово) 3-2
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Ален Рустемовски (Македонија) 0-5
60 кг Лорент Мурати (Косово) – Ружди Рустемовски (Македонија) 0-5
67 кг Кирил Глобенко (Полска) – Лорис Идризи (Косово) 5-0
71 кг Емануел Аниќ (Хравтска) – Севонретс Оказава (Јапонија) 0-5
75 кг Вилијам Чолов (Бугарија) – Бленд Зенели (Косово) 5-0 ТКО Р1
+92 кг Јордан Хернандез (Бугарија) – Петар Белберов (Бугарија) 1-4
+92 кг Шпетим Шабани (Косово) – Ардијан Аземи (Македонија) победа без борба
Борби 5 мај:
54 кг Наталија Кучевка (Полска) – Роксана Хамза (Романија)
57 кг Сандра Драбик (Полска) – Карина Ибраимова (Казахстан)
66 кг Анета Ригиелска (Полска) – Есмералда Новрузај (Албанија)
57 кг Шудаи Харада (Јапонија) – Ален Рустемовски (Македонија)
57 кг Луар Алиу (Косово) – Башким Бајоку (Косово)
60 кг Аксел Хегарти (Велс) – Лорент Мурати (Косово)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Маријан Онута (Романија)
67 кг Панагијотис Костурос (Грција) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекес (Унгарија) – Космин Неагу (Романија)
71 кг Јемин Алмуца (Албанија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
+92 Јордан Хернандез (Бугарија) – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија) – Ардијан Аземи (Македонија)
Двата натпревари ќе откријат дали Македонија е доволно квалитетна за да го продолжи својот континуитет со играње на големи натпреварувања како Светско првенство, па иако влегуваме како фаворити на хартија, јасно е дека Фарски Острови е селекција која е во подем во ракометна смисла.
Поради тоа, Лазаров смета дека треба да бидеме многу претпазливи и концентрирани, бидејќи според негови проценки ќе гледаме два неизвесни дуели.
– Уште по извлечената жрепка во јануари, самите кажавме дека можеби не добивме атрактивен рирвал, но Фарските Острови се многу незгодни и бележат постојан напредок неколку години наназад. Тие што го познаваат ракометот, знаат дека ова е една сериозна репрезентацијата.
– Станува збор за ривал кој од година во година покажува голем напредок, па мора да имаме голема почит кон нив. Мораме да останеме максимално фокусирани и да се пррикажеме во наше најдобро светло. Фокусот треба да биде на нашата игра и на првиот меч кој го играме на гостински терен. Верувам во нашите момци, клубовите ни излегоа во пресрет и ќе имаме два-три дена плус за подготовка. Тие два-три тренинзи можат да ни значат многу за овој двомеч, – изјави селекторот на денешниот краток брифинг со новинарите.
Првиот натпревар го играме на гостински терен на 8-ми мај, а реваншот е четири дена подоцна во Скопје.
]]>Тимовите традиционално именуваат 23 играчи во нивните тимови за големите првенства, но УЕФА дозволи по три дополнителни играчи за ЕП 2020 и Светското првенство 2022 година поради пандемијата Ковид-19.
-Извршниот комитет на УЕФА денеска одлучи да ги зголеми проширените состави кои ќе учествуваат на претстојното УЕФА ЕУРО 2024 од првичните 23 на 26 играчи, се вели во соопштението на УЕФА.
Тимовите имаат рок до 7 јуни да и достават на УЕФА список на нивните тимови со минимум 23 играчи и максимум 26.
]]>„Црвените“ ќе платат 9 милиони евра обештетување за Слот и дополнителни два милиони во бонуси. Клубот сега ќе се обиде да ги договори личните услови со холандскиот стратег, кој од 1 јули треба да почне со работа на „Енфилд Роуд“. Челниците на Ливерпул се одлучија за Слот поради неговата офанзивна филозофија во пристапот кон фудбалот, но и поради фактот што е тренер кој знае како да развива играчи да го достигнат својот најголем потенцијал.
Тој лани ја освои шампионската титула во холандското првенство со Феенорд, а оваа сезона најверојатно ќе заврши на 2.место, но го освои Купот.
За потсетување, Јирген Клоп уште во јануари објави дека по завршувањето на оваа сезона го напушта Ливерпул по 8,5 години на клупата.
]]>