

Од утре, 27. октомври 2026. година бензините во Македонија ќе се продаваат по 5 денари поефтино, додека цената на дизел-горивото останува непроменета. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува…
The post Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар first appeared on Bitola News.
]]>

Од утре, 27. октомври 2026. година бензините во Македонија ќе се продаваат по 5 денари поефтино, додека цената на дизел-горивото останува непроменета.
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува од 96 на 91 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 од 98 на 93 денари за литар.
Максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС останува 99 денари за литар, што значи дека дизелот и натаму ќе биде поскап од двата вида бензин.
Со одлуката просечната малопродажна цена на нафтените деривати се намалува за 1,89% во однос на претходната пресметка. Освен бензините, се менуваат и цените на дел од останатите деривати.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и ќе чини најмногу 110 денари за литар. Кај мазутот М-1 НС има спротивно движење – цената се зголемува за 0,694 денари и новата максимална цена изнесува 54,273 денари за килограм.
The post Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар first appeared on Bitola News.
]]>

На 25.10.2026 во 01:05 часот на ул. „Св.Кирил и Методиј” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 41 годишник од Битола затоа…
The post СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир first appeared on Bitola News.
]]>

На 25.10.2026 во 01:05 часот на ул. „Св.Кирил и Методиј” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 41 годишник од Битола затоа што го нарушувал јавниот ред и мир.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
The post СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир first appeared on Bitola News.
]]>

Соња Михајлова актерка и доајенка на Народен театар Битола е добитничка на највисокото општинско признание „4 Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го…
The post Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања first appeared on Bitola News.
]]>

Соња Михајлова актерка и доајенка на Народен театар Битола е добитничка на највисокото општинско признание „4 Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот, а тоа го одличи Управниот одбор за доделување на наградата составен од советници на Советот на Општина Битола, чиј претседател е Бојан Бојковски претседател на Советот.
Во образложение на одлуката за наградата за животно дело на Соња Михајлова стои заради големото достигнување од областа на културата и драмската уметност, работи со прецизна техника суптилен, емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. Во нејзината 42 годишна кариера во континуитет одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современ драмски репертоар на битолската сцена повеќе од 30 години. Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Љубиша Ѓоргиевски. Од 1984 е дел од ансамблот на Народниот театар во Битола, каде што работеше до пензионирањето во 2022.
Наградите за едногодишни остварувања ги добија:
-Проф. д-р ГОРАН ИЛИЌ – редовен професор на Правен факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, проректор за наука на Универзитетот и главен и одговорен уредник на начното списание Journal od Liberty and International Affairs, предлагач Ротари Клуб ,,Битола” – Битола.
-Д-р МАРГАРИТА КАМБОВСКА – доктор по медицина, специјалист по педијатрија и субспецијалист по неонатологија во болница “Плодност“ Битола, предлагач болница болница “Плодност“.
-КИРЕ МАРКОВ, аматерски учител по пливање и скијање, група на граѓани.
The post Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања first appeared on Bitola News.
]]>

Интернационалното жири на 58. по ред Светската галерија за карикатура на “Остен“ за 2026 година одлучи третата награда да му припадна на карикатуристот Блаже Докуле…
The post Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“ first appeared on Bitola News.
]]>

Интернационалното жири на 58. по ред Светската галерија за карикатура на “Остен“ за 2026 година одлучи третата награда да му припадна на карикатуристот Блаже Докуле од Битола кој е карикатурист и во нашиот портал и има своја неделна рубрика.
На овој традиционален натпревар на светската карикатура учествуваа најголемите имиња на светската карикатура, а меѓу финалисите од педесетина земји имаше и четворица од Македонија.
Блаже Докуле има учествувано на сите 58 светски изложби на светска карикатура, а има добиени е неколку најголеми награди. За овогодишното изднани Докуле вели:
-Мислам дека сум единствен учесник кој учествувал на сите 58 организирани светски изложби на “Остен“, за кој сум работел од самиот почеток, и сум во врвот на оние кои се закитиле со највисока награда. Ме израдува одлуката на светското стручно жири бидејќи да си заедно со најголемите мајстори на карикатурата од светот од Кина, Србија, Индонезија, Русија, Украина, Белгија… не е мала работа. Учествував со карикатура која ја отсликува светската економска карикатура, а квалитетот беше препознат од фестивалот.
Инаку Докуле има голем број на светски и домашни награди.
С.Ристевски
The post Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“ first appeared on Bitola News.
]]>

Атлетичарите на АК Олимп од Битола освоија шест шампионски титули и едно вицешампионско место на Националното првенство во крос-кантри, одржано во Скопје. Со медали во…
The post Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори first appeared on Bitola News.
]]>

Атлетичарите на АК Олимп од Битола освоија шест шампионски титули и едно вицешампионско место на Националното првенство во крос-кантри, одржано во Скопје. Со медали во седум различни категории, од пионерска до сениорска конкуренција, клубот оствари значаен успех со повеќе генерации атлетичари.
Во сениорската конкуренција, Олимп ги освои двете национални титули. Григоријан Никовски победи на патеката долга 10.000 метри со време од 32 минути и 53 секунди, додека Адријана Поп Арсова Рашиќ беше најбрза меѓу сениорките на 8.000 метри, со резултат од 32 минути и 10 секунди.
Две шампионски титули за клубот донесоа и настапите во категоријата до 23 години. Бојан Чаприќ победи на 8.000 метри со време од 30 минути и 38 секунди, а Ирма Хајдари го освои првото место во женската конкуренција на 6.000 метри. Дарија Крстевска стана национална шампионка во категоријата до 20 години, завршувајќи ја трката на 4.000 метри за 15 минути и 43 секунди.
Кај пионерките, Сара Ноческа ја освои титулата на 1.500 метри со резултат од 6 минути и 16 секунди. Вицешампионското место го освои Владимир Трајанов во категоријата до 18 години. На патеката долга 4.000 метри тој заврши втор со време од 15 минути и 30 секунди. Резултатите во Скопје ја покажуваат широчината на натпреварувачкиот состав на битолскиот клуб.
Покрај победите на искусните сениори, титулите во помладите категории се значајна потврда за развојот на следната генерација атлетичари на Олимп.
The post Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори first appeared on Bitola News.
]]>

Деновиве во Скопје, во конгресниот центар во хотел “Квинс“ се одржа првиот стручен симпозиум на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и на турското…
The post Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото) first appeared on Bitola News.
]]>

Деновиве во Скопје, во конгресниот центар во хотел “Квинс“ се одржа првиот стручен симпозиум на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и на турското здружение. Главна тема беше препишувањето на вежбањето кај пациенти со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром.
Првиот ден одржаа предавање професори од универзитетската клиника за ендокринологија од Скопје, медицинскиот факултет во Бурса, институтот за имунологија од Скопје и институто за социо-политички истражувања од Скопје. Исто така предавања одржаа и проф. Зоран Ханџиски – претседател на македонското здружение како и од психијатриската клиника од Скопје и од медицинскиот факултет од Измир.
Вториот ден се одржаа предавања од универзитетската клиника за кардиологија од Скопје, претседателот на турското здружение проф д-р Метин Ергун и од факултетот за физичка култура од Тетово. Исто така се одржаа и неколку работилници за значењето на вежбањето кај пациентите со овие болести и како можи да помогни во унапредување на нивното здравје.
Учество во симпозиумот зеде и спортска медицина од Битола со д-р Христо Бојаџиев -потпретседател на македонското здружение на специјалисти по спортска медицина и раководител на службата за спортска медицина Битола и д-р Викторија Вуковиќ – Велјановска.
Д-р Бојаџиев беше водител но и активен учесник во симпозиумот презентирајќи ја состојбата со физичката и спортската активност во Битола. Која е еден од најспортските градови во Македонија, ако не и најспортски. Беше дискутирано и консултирано како можи да се унапреди спортската медицина и во другите градови, а не само во универзитетските центри.
-Препишувањето на рецепт за вежбање секојдневно и рутински кај пациентите со диабетес, хипертензија и анксио-депресивен синдром, но и кај сите други пациенти посебно кардиолошките, ќе биде огромна придобивка во подобрување на квалитетот на живот. Пристапот треба да биде мултидисциплинарен, односно кардиолози, психијатри, имунолози и специјалисти по спортска, треба да учествуваат и решаваат за здравјето на овие пациенти. Спортска медицина треба да го одреди видот, степенот,интензитетот и траењето на физичката активност. Таа има водечка улога во светот и треба да ја добие и кај нас. Зошто не можи да го развиваме спортот без подршка од современата наука и нови сознанија претставени преку спортска медицина, вели д-р Христо Бојаџиев.
The post Лекарите Бојаџиев и Вуковиќ – Велјановска од Битола на првиот стручен симпозиум за спортска медицина (фото) first appeared on Bitola News.
]]>

Денес, речиси секојдневно сме изложени на погледите, мислењата и проценките на другите. Објавуваме фотографии од себе, моменти од приватниот живот, успеси на работа, постигнувања во…
The post Совети од психолог: дали денес постојано живееме под туѓа проценка? first appeared on Bitola News.
]]>


Денес, речиси секојдневно сме изложени на погледите, мислењата и проценките на другите. Објавуваме фотографии од себе, моменти од приватниот живот, успеси на работа, постигнувања во образование, професија… или нешто на што сме горди. А потоа, свесно или несвесно, почнуваме да броиме: колку лајкови добивме, кој ни коментирал, кој не (па и Зошто?), колку луѓе ја забележале нашата објава… Често без да забележиме, нашите чувства или дури и расположение понекогаш почнува да зависи од туѓите реакции.
Всушност прашање е на кого се докажуваме?
Социјалните мрежи можат да бидат корисни, да нè поврзуваат и да ни помогнат професионално. Но, не треба да дозволиме да станат место на кое секојдневно ја мериме сопствената вредност.
Кога изгледот станува поважен од личноста
Особено силен е притисокот врз жените. Од нив често се очекува да бидат убави, негувани, младолики и секогаш добро да изгледаат на фотографиите. Како да не е доволно да бидат успешни, образовани, паметни, силни и способни, туку мора и да изгледаат совршено. Фотографиите на социјалните мрежи често прикажуваат внимателно избрани моменти, идеално осветлување, филтри и обработени лица. Кога секојдневно сме изложени на такви слики, лесно почнуваме да се споредуваме и да ги забележуваме сопствените недостатоци. Брчките, килограмите, годините или некоја несовршеност што претходно не ни пречела одеднаш може да стане причина за незадоволство. Но, кога почнавме да веруваме дека мора да изгледаме беспрекорно за да бидеме прифатени и вреднувани?
Зошто изгледот толку често ја засенува суштината?
Жената може да биде одлична професионалка, успешна претприемачка, грижлива мајка, интелигентна соговорничка и силна личност. Но, наместо да зборуваме за нејзините способности и постигнувања, понекогаш или најчесто прво го коментираме нејзиниот изглед.
Како убавината да е поважна од знаењето, а младоста од искуството.
Секако, нема ништо лошо во тоа да сакаме да изгледаме убаво, да се негуваме и да објавуваме фотографии на кои се чувствуваме добро. Проблемот настанува кога тоа престанува да биде наш избор и станува обврска — кога чувствуваме дека мора да изгледаме совршено за да заслужиме внимание, почит или признание.
А што кога социјалните мрежи ни се и професионална работа?
За луѓето кои имаат сопствен бизнис или професионална страница, притисокот е уште поголем. Тие мора да бидат присутни, да објавуваат содржини и да останат видливи за клиентите. Така, работата може да се претвори во постојана изложеност на јавноста и споредување со конкуренцијата. Се прашуваме дали објавата е доволно добра, дали има доволно реакции и дали треба да направиме нешто повеќе за да привлечеме внимание. Кога на тоа ќе се додаде и притисокот секогаш да изгледаме убаво и професионално, лесно се појавува замор и чувство дека никогаш не правиме доволно.
Мора ли постојано да се докажуваме?
Не мора секој наш успех да биде објавен. Не мора секоја фотографија да биде совршена. И не мора постојано да добиваме потврда од другите за да знаеме кои сме и колку вредиме. Можеме да бидеме успешни и свои кога никој не го знае тоа. Можеме да бидеме убави на свој начин, без да се споредуваме со нереални стандарди. Можеме да бидеме силни, паметни и способни, без тоа постојано да го докажуваме пред јавноста. Можеби најголемиот предизвик денес е да научиме да правиме разлика меѓу тоа да бидеме видливи на социјалните мрежи и тоа да вредиме.
Нашата вредност е многу поголема од она што може да се прикаже на една објава или фотографија.
А вие, дали некогаш сте почувствувале притисок да изгледате подобро, да објавувате повеќе или да докажувате дека сте успешни, само за да бидете забележани и прифатени?
The post Совети од психолог: дали денес постојано живееме под туѓа проценка? first appeared on Bitola News.
]]>

Денес, понеделник, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од…
The post Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени first appeared on Bitola News.
]]>

Денес, понеделник, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, вторник, 27 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.
The post Во Битола променливо облачно со повреден дожд, температурата до 17 степени first appeared on Bitola News.
]]>

Секое утро е поубаво доколку доручекот е приготвен со љубов. Денес ќе ставиме акцент на Англискиот појадок и Омлет Манаки, заедно со нашето меко и топло…
The post Бар “Манаки“: секое утро започнува со доручек first appeared on Bitola News.
]]>

Секое утро е поубаво доколку доручекот е приготвен со љубов.
Денес ќе ставиме акцент на Англискиот појадок и Омлет Манаки, заедно со нашето меко и топло лепче, месено и печено секое утро од нашите прекрасни кувари.
Нека денот ви започне со топлина.
The post Бар “Манаки“: секое утро започнува со доручек first appeared on Bitola News.
]]>

.
The post Фото на денот: во центарот, 9,30 часот, 13 степени first appeared on Bitola News.
]]>

.
The post Фото на денот: во центарот, 9,30 часот, 13 степени first appeared on Bitola News.
]]>